Гаши поддржува електронско гласање, доколку се овозможи идентификација на гласачите и тајност на гласањето - Канал 5

Гаши поддржува електронско гласање, доколку се овозможи идентификација на гласачите и тајност на гласањето

Следниот понеделник и вторник пратениците ќе расправаат за новите министри од реконструираната Влада, и за нив ќе се гласа поединечно до крајот на вториот ден, информираше на брифинг со новинарите собранискиот спикер Африм Гаши.

Гаши поддржува електронско гласање, доколку се овозможи идентификација на гласачите и тајност на гласањето

Пред да се изберат новите осум министри, најпрво треба да се разрешат од актуелните функции, а потоа премиерот Мицкоски да ги претстави пред Собранието. Во меѓувреме траат меѓупартиските обиди да се испорача обврската од реформската агенда, измена на изборниот законик, за што Гаши повикува на консензус. Тој смета дека треба да се најде начин за дијаспората да гласа на полесен начин и лично оценува дека електронското гласање е добро решение за тоа, иако овој предлог е заглавен со повеќе од 13 илјади амандмани кои се уште се преведуваат.

-Јас сум промотор на идејата да се донесе Изборниот законик, работам на тоа и ги повикувам политичките партии да ги надминат разликите и да постигнат консензус. Лично сум за гласање на дијаспората и да се воведе електронското гласање, па дури и кај нас за сите гласачи доколку се обезбедат услови за сигурна идентификација и заштита на тајноста на гласањето. Ако веќе можеме сметки да плаќаме електронски, зошто да не може и да гласаме на избори на тој начин?- Африм Гаши – претседател на Собрание

Собранискиот спикер најави дека на агендата на Собранието до крајот на овој месец остануваат само ребалансот и пратеничките прашања. За ребалансот на буџетот се поднесени 224 амандмани за кои започнува расправа во среда. Најголем дел од нив, 90, се поднесени од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и 5 од Вреди. Според најавата од Гаши финалното решение за буџетот ќе се гласа на седница најдоцна до 23ти, на 30ти јули ќе има редовни пратенички прашања и од почеток на август се очекува пратениците да заминат на годишен одмор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3.342

Бројот на загинати во двата земјотреси во Венецуела се искачи на 3.342, објави венецуелското министерство за информирање.

Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3.342

Бројот на повредени достигна 16.470, додека бројот на луѓе кои останаа без своите домови скокна на над 17.300.

Првиот земјотрес во Венецуела со магнитуда од 7,2 степени според Рихтеровата скала се случи на 24 јуни, на околу двесте километри западно од Каракас. По него следуваше втор земјотрес со магнитуда од 7,5 степени, на оддалеченост од 45 километри, а потоа и низа последователни потреси. Земјотресот со магнитуда од 7,5 степени беше најсилниот во последните повеќе од сто години, велат податоците на американскиот геолошки институт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милиони луѓе на погребната поворка на ајатолахот Али Хамнеи во Техеран (ВИДЕО)

Милиони луѓе се придружија на погребната поворка во Техеран за да го испратат телото на починатиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи на пат кон светиот град Ком.

Милиони луѓе на погребната поворка на ајатолахот Али Хамнеи во Техеран (ВИДЕО)

Според иранските медиуми, денешниот настан е најголемиот јавен собир во модерната историја на земјата. Поворката почна утрината од верскиот комплекс „Голема мосала“ во Техеран, каде што што изминатите два дена беше изложено телото на Хамнеи.

Организаторите очекуваат поворката, која се движи по траса долга околу 10 километри, да трае помеѓу 10 и 12 часа. Хамнеи кој беше убиен на 28-ми февруари од американските сили, ќе биде погребан во четврток. По атентатот, за негов наследник беше назначен неговиот син Моџтаба Хамнеи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

18 загинати во руски воздушни напади врз Киев – Зеленски алармира на недостиг на пресретнувачки ракети

Најмалку 18 луѓе загинаа, а повеќе десетици се ранети во најновите жестоки руски водзушни напади врз Киев, само неколку дена откако во слични напади беа убиени над 30 цивили.

18 загинати во руски воздушни напади  врз Киев – Зеленски алармира на недостиг на пресретнувачки ракети

Како што соопштија украинските власти, мета на нападите биле повеќе згради во главниот град, каде што избувнале пожари, а меѓу повредените има и деца. Според информациите, Русија употребила 350 беспилотни летала, 40 крстосувачки ракети, но и речиси 30 балистички и суперсонични проектили, од кои безмалку ниту еден не бил соборен. Киев призна дека украинската одбрана претрпела огромен удар поради сериозниот недостиг на пресретнувачки ракети за системот патриот, кој единствено може да соборува балистички проектили. Украинскиот претседател Зеленски апелираше до сојузниците да донесат силни одлуки на самитот на нато утре и задутре за да и обезбедат на украина воздушна одбрана. Додека ракетите „Патриот“ се во магацините на нашите сојузници, Русија е само охрабрена да продолжи да уништува станбени згради“, напиша Зеленски на социјалните мрежи..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер