Фудбалот веќе нема да биде ист- утре се носат седум важни правила - Канал 5

Фудбалот веќе нема да биде ист- утре се носат седум важни правила

Се подготвува голема фудбалска револуција и промена на правилата што драстично ќе се одрази на овој спорт во иднина.

Фудбалот веќе нема да биде ист- утре се носат седум важни правила

Имено, највисокото судиско тело во светот на фудбалот (ИФАБ) ќе се состане утре за да ги разгледа промените на правилата за следната сезона.

Има дури седум точки за кои ќе се разговара, од кои некои веќе се дискутирани, како синиот картон и озвучувањето на судиите..

Нема сомнеж дека, доколку се воведат правилата, фудбалот ќе изгледа значително поинаку, особено што ќе имаме нов формат на Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига.

Ова се сите точки на дневниот ред и промени во правилата кои се очекуваат во фудбалот од следната сезона.

1 - Разговор со судијата

Во иднина само капитенот ќе може да им се обраќа на судиите за време на натпреварите. Секој протест на друг играч ќе биде казнет со жолт картон, па во иднина нема да имаме ситуации кога поради одредени одлуки играчите бурно реагираат и го опкружуваат судијата.

2 - Син картон

Во последните месеци беа направени тестови во пониските лиги, кои се поврзани со привремени исклучувања поради несоодветно однесување или лути протести. Сепак, ИФАБ смета дека идејата треба уште малку да се тестира за да се види какви се можните последици. Сепак, конечната одлука ќе биде донесена утре, бидејќи и ова е една од точките на дневниот ред.

3 - Камера на телата на судиите

И ова се тестира и не е исклучено од 30 јуни судиите да носат камера и да снимаат сѐ што се случува околу нив. И за ова се размислува за да се намалат протестите и да се заштитат. Нешто слично веќе можеме да видиме и во други спортови и натпревари, како што се НФЛ и Евролигата.

4 - Одлуките за ВАР ќе ги слуша целиот стадион

Одлуките на ВАР често предизвикуваат различни реакции кај навивачите, а сега ќе ги слушне цел стадион за да биде максимално транспарентно. Ова правило е веќе тестирано на големите натпреварувања, како Светското првенство за жени и Светското клупско првенство. Судијата преку јавно обраќање ќе треба да објасни на целиот стадион зошто донел одредена одлука по ВАР.

5 - Намалување на потрошеното време

Веќе некое време водечките тела во фудбалот се обидуваат да ја зголемат ефективната минутажа на еден натпревар. Посебен акцент на средбата ќе биде таканареченото „крадење време“, на кое вниманието ќе биде насочено кон голманите како главни актери во „крадењето време“.

6 - Шест секунди правило за голманите

Ова правило постоеше и порано, но со текот на времето замина во историјата и сега има големи шанси повторно да се врати, голманот да не смее да ја има топката во свој посед повеќе од шест секунди.

7 - Промени во протоколот VAR

Во последните месеци, ФИФА спроведе различни студии со цел да се утврдат промените кои се потребни. IFAB сака да го поедностави пишувањето на Законите на играта и да им го олесни разбирањето на сите.

Кој одлучува за промените?

ИФАБ се состои од четири британски фудбалски асоцијации (Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска). Сите тие имаат по еден глас, а претставниците на ФИФА, кои ги претставуваат сите 207 преостанати национални асоцијации, имаат четири гласа.

Британија, како колевка на фудбалот, каде што се роди овој спорт, доби привилегија нејзините претставници да одлучуваат за оваа игра и да ја зачуваат традицијата на играта. За усвојување на предлогот е потребно мнозинство од три четвртини од претставниците, што значи дека не може да се донесе одлуката еднострано.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

Популарната босанка пејачка  Тијана Милентијевиќ, попозната како Тијана Ем, меѓу бројните настапи најде време да се одмори и да ужива во летото.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

На социјалните мрежи таа објави фотографии во костим за капење и ја покажа својата фигура, а нејзиниот изглед веднаш го привлече вниманието на следбениците.

Брзо пристигнаа коментари и комплименти, при што многумина забележаа дека пејачката изгледа задоволно и самоуверено.

Во последните месеци, Тијана сè почесто покажува промени во својот изглед и се чини дека е особено задоволна од резултатите на својот труд.

Покрај нејзиниот изглед, внимание привлече и нејзината насмевка. И покрај набиениот распоред во текот на летната сезона, пејачката го користи секој слободен момент за одмор и за полнење на батериите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Најдобрата светска тенисерка,Арина Сабаленка, е исклучително активна на социјалните мрежи, па така предизвика вистински хаос со својата најнова објава. 

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Атрактивната Белорусинка сподели фотографии и видео од снимање за списанието „Тајм“, на кои позира во црн едноделен костим на кошаркарски терен.

Фотките ги воодушевија нејизните милионски фанови на социјалните мрежи.

На фотките Сабаленка блескаше од насмевки додека гордо ја покажуваше својата совршена фигура, а покрај костимот за капење, носеше и апостолки со ниска потпетица кои се моден хит ова лето.

На главата имаше темни очила за сонце, а косата ѝ беше собрана во пунџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

На 16 август, со почеток во 20:00 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ќе ја ќе ја претстави својата концертна програма „Македонски сновиденија“ - енергична фузија од македонскиот фолклор и современиот џез, водејќи ја публиката низ музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Програмата е составена од нови аранжмани на македонски народни песни и оригинални композиции инспирирани од домашниот фолклор.

Овој уникатен проект веќе постигна огромен успех на меѓународната сцена. Во ноември 2025 година, оркестарот реализираше исклучително успешна европска мини - турнеја, претставувајќи ја македонската музичка приказна во големата сала „ELTE“ во Будимпешта, модерниот културен центар „La Fabrika“ во Прага, како и во легендарниот џез клуб „Porgy & Bess“ во Виена. Низата меѓународни успеси продолжи и во мај 2026 година, кога истата програма беше изведена во Брисел, во престижниот културен центар „BOZAR“, каде оркестарот уште еднаш беше пречекан со стоечки овации и високи оценки од европската публика.

Националниот џез оркестар е еден од водечките биг-бенд состави во регионот, препознатлив по својата уметничка извонредност, современ пристап и силна посветеност кон развојот на современата џез музика. Оркестарот обединува врвни домашни џез музичари и меѓународно признати гости - уметници. Основан како национална институција во 2024 година, тој брзо стана централна сила во културниот живот на земјата. Со иновативна програма и распродадени настапи, тој изгради репутација како национален џез бренд. Меѓу гостите солисти досега се истакнуваат Курт Елинг, Јелоуџекетс, Курт Розенвинкел, Марија Мендеш, Дони МекКаслин, Алаин Перез, Ренато Кико, Дон Менца, Шеун Кути, Зиги Фајгл, Луис Бониља, Франческо Беарцати, Мајк Холобер, и други меѓународно признати уметници. Сите тие придонесоа за растечкиот меѓународен профил на оркестарот.

Диригентот Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на музички јазици и жанрови, црпејќи инспирација од класичната музика и џезот. Како аранжер соработувал со ансамбли како што се Metropole Orchestra, Konzerthausorchester Berlin, BBC Radio Orchestra. Меѓу соработниците, се истакнуваат: Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Шака Кан, Џејкоб Колиер, и многу други. Тој оркестрирал музика за неколку филмски проекти, меѓу кои добитникот на Оскар „The Artist“ (2012). Исто така го оркестрирал аранжманот за преработката на „All Night Long“ од Џејкоб Колиер, награден со Греми 2020 година.

Концертот се реализира во соработка со Општина Битола, КИЦ – Битола и Центарот за култура – Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер