Скандал го тресе Даунинг стрит: Британскиот премиер се допишувал со лажна шефица на кабинетот на Трамп
1Скандал го тресе Даунинг стрит: Британскиот премиер се допишувал со лажна шефица на кабинетот на Трамп
3Трамп му нареди на Пентагон да ги намали заедничките воени вежби со Јужна Кореја оти тој има добар однос со Ким
1Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска
ЕвропаФранцуски воен брод отвори оган во Ламанш; Пукано кон чамецот во кој се наоѓал британскиот пратеникФранцуски воен брод пукаше кон чамец во Ламанш во кој се наоѓал британскиот пратеник Крис Филп.Филп го објави видеото на својот профил на X и наведе дека истрелите биле испукани без никакво предупредување. „Денес на каналот ги следиме нелегалните преминувања на мигранти. Додека пред малку давав интервју за Би-би-си, еден француски воен брод ни се приближи и испука 17 истрели зад нас. Немаше никакво известување или вежба. Изгледаше како истрели за предупредување или обид за заплашување“, напиша Филп на X. Мајкл Кеохејн, локален новинар на Би-Би-Си кој во тој момент бил со Филп, го опишал моментот како „надреален“. On the channel today monitoring illegal migrant crossings … as I was being interviewed by the BBC just now a French warship approached close and fired 17 live rounds behind us. There was no notice or training exercise in place. Felt like warning shots or attempted intimidation pic.twitter.com/tuDv4DOnFO — Chris Philp MP (@CPhilpOfficial) July 28, 2026 Тој изјавил дека „францускиот патролен брод се приближил до бродот на 300 метри и паднал кон нивниот крм (задниот дел од нивниот брод)“. „Фотографиите од францускиот брод покажуваат мал топ насочен кон морето. Беа испукани околу 17 истрели.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСкандал го тресе Даунинг стрит: Британскиот премиер се допишувал со лажна шефица на кабинетот на Трамп Новиот британски премиер, Енди Барнам, разменувал пораки со лице за кое верувал дека е Сузи Вајлс, шефицата на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп.Неколку пораки биле разменети и откако Барнам ја презел премиерската функција на 20 јули. Британски официјални лица подоцна се посомневале дека од другата страна не е секретарката на Трамп. Контактот бил прекинат, а британската амбасада во Вашингтон го известила тимот во Белата Куќа. Од Даунинг стрит не сакале да навлегуваат во детали, повикувајќи се на националната безбедност. извори запознаени со случајот, сепак, тврдат дека разменетите пораки немале значајна или чувствителна содржина.Тагови: Даунинг стрит Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаУапсени 11 возачи за безобѕирно управување со возило, малолетник возел без дозвола Лишени од слобода 11 возачи за безобѕирно управување со возило, осум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник.Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив, осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник. Додека, тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана за управување со возило. Со одговорно однесување сите заеднички придонесуваме за поголема безбедност во сообраќајот, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
СветТрамп му нареди на Пентагон да ги намали заедничките воени вежби со Јужна Кореја оти тој има добар однос со КимАмериканскиот претседател Доналд Трамп вчера нареди значително намалување на претстојните заеднички воени вежби со Јужна Кореја, повикувајќи се на својот „многу добар однос“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.Трамп исто така навести дека годишните вежби со јужнокорејските сили би можеле на крајот целосно да се укинат. „Не сум задоволен од фактот што САД одамна се согласија да учествуваат во заеднички воени вежби со Јужна Кореја“, напиша Трамп на својата платформа трут соушал. „Овие вежби не само што се скапи, при што голем дел од трошоците ги покриваат САД, туку испраќаат и сигнал што е целосно несоодветен и непријателски кон земја која, во текот на целиот мандат на Доналд Трамп како претседател, не претставуваше закана и се однесуваше со почит“, додаде тој.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter