Франција, најверојатно, ќе врати и други сирачиња на француски џихадисти од Сирија - Канал 5

Франција, најверојатно, ќе врати и други сирачиња на француски џихадисти од Сирија

Франција, најверојатно, ќе врати и други сирачиња на француски џихадисти од североисточна Сирија, област под контрола на арапско-курдска коалиција, објави денеска француската министерка на армијата Флоранс Парли.

Франција, најверојатно, ќе врати и други сирачиња на француски џихадисти од Сирија

„Многу е веројатно”, рече таа во интервјуто за БФМТВ и радиото РМЦ, како одговор на прашањето за можноста за понатамошна репатријација откако пет „сирачиња или сами деца” беа вратени во Франција на 15-ти март.

Инаку, баби и дедовци на две деца кои се наоѓаат задржани со нивната мајка џихадист во логорот во сирсикиот Курдистан, се обратија до Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) за да добијат осуда на Франција, која одбива да ги врати.

-Со тоа што (Франција) одбива да ја врати оваа мајка и две болни деца, повредени и во состојба на екстремна слабост (…) Франција ги изложува свесно и намерно на нечовечко и понижувачко постапување спротивно на членот 3 од Европската конвенција за човекови права, велат адвокатите Мари Досе, Анри Леклерк, Катрин Бауер-Виолас и Денис Гаро.

Тимот на одбраната, првпат се повикува на друга одредба: одлуката на Франција претставува „повреда на став 2 од член 3 од Протокол 4 на [конвенцијата] дека” никој не смее да биде лишен од правото да влези на територијата на државата чие државјанство има”, пишуваат адвокатите, кои се повикуваат на работата на двајца академици, Орелиан Годфроа и и Себастијан Тузе. Според нив, оваа одредба го задржува „постоењето на апсолутно право на оваа мајка и на овие две деца да се вратат во својата земја”.

Овие деца, на возраст од три и четири години биле повредени со нивната мајка во битката во Бахуз, последното засолниште на терористичката група Исламска држава во Сирија, освоено на 23 март од страна на арапско-курдска коалиција. Сите тројца, од пред три месеци, се во логорот в на Ал Хол (североисток), каде што има повеќе од 73.000 лица, според ОН, од кои 12 000 странски џихадистички семејства кои внимателно се следат.

-Епидемиите на колера, туберкулоза и дизентерија се шират во овој камп, за кои неколку меѓународни невладини организации алармират, се потсетува во изјавата на адвокатите. Овие две деца „не примаат никаква грижа, се изложени на болести, се прегладнети и страдаат од дизентерија. Нивната мајка, многу слаба, страда од тешка тифусна треска која не се третира. Таа е предмет на налог за апсење издаден од француски антитеррористички судија, „ја потврди својата желба да ги врати своите деца во Франција, и сака да ја преземе нејзината кривична одговорност на француска територија”.

Неколку жалби на адвокатите на други французи задржани во Сирија од пред една година се поднесени пред француските управни судови, за да ја присилат државата да ги врати своите државјани, но тоа без успех. Владата одбива да ги врати џихадистите, мажите и жените, поврзани со Исламската држава. Досега таа прифатил да ги врати децата само „случај по случај”. Пет сирачиња се вратија на 15 март и 3-годишно девојче на 27 март, чија мајка беше осудена на доживотен затвор во Ирак.

Документите, откриени од страна на Либерасион и консултирани од страна на француските медиуми, сведочат дека властите имаат детален план за глобална репатријација на џихадистите и нивните семејства. Сепак, тоа не е спроведено, додека земјите како Русија и Косово имаат извршено репатрирација на деца и жени. /МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холандија се откажа од учество на Евросонг 2027. (ВИДЕО)

Холандија нема да учествува на Евровизискиот натпревар за песна во 2027 година. 

Холандија се откажа од учество на Евросонг 2027. (ВИДЕО)

Холандскиот јавен радиодифузен сервис NPO одлучи да ја повлече апликацијата откако некои радиодифузери и вработени се спротивставија на учеството. NPO изјави дека во моментов немаат доволна поддршка за враќање на натпреварот.

Не успеаја да постигнат договор

Претседателот на одборот на NPO, Јет де Раниц, објасни дека разговарале со издавачите, но не можеле да најдат решение што ќе ги задоволи сите. Иако на почетокот се чинеше дека има поддршка за учество, на крајот се покажа дека не е така.

„Затоа, заклучивме дека е сè уште рано да се вратиме на Евровизискиот натпревар за песна 2027. Со оглед на чувствителноста на темите што се дискутираат, веруваме дека е најдобро засега да се откажеме од учеството“, рече Де Раниц, пренесува холандскиот RTL.

YouTube video

Прво го најавија своето враќање, а сега се откажаа

Одлуката дојде како изненадување бидејќи NPO на крајот на септември објави дека Холандија ќе се врати на Евровизискиот натпревар по едногодишна пауза.

Промената се случи откако телевизиската компанија AVROTROS, која со години беше задолжена за настапот на Холандија на Евровизискиот натпревар, ја предаде организацијата на NPO кон крајот на август.

AVROTROS се спротивстави на враќањето на натпреварот, првенствено поради вмешаноста на Израел и војната во Газа. NPO потоа, и покрај овие приговори, одлучи да ја регистрира Холандија, сметајќи дека Евровизија може да биде можност за поврзување на луѓето преку музика.

Но, по новите разговори со издавачите, одлуката беше променета.

„Мораме заедно да ја преземеме одговорноста“

Директорот на програмата на NPO, Јуре Босман, рече дека разбира зошто учеството на Израел предизвикува дебата и поделби. „Сакаме да испраќаме изведувачи и нивните тимови на Евровизискиот натпревар само ако барем еден издавач цврсто стои зад нив. Ова е единствениот начин тие соодветно да ги претставуваат вредностите на музиката, културата, различноста и заедништвото“, рече тој.

Тој нагласи дека одговорноста за учеството не може да лежи само кај изведувачите. „Мораме заедно да ја преземеме таа одговорност. Затоа, по разговорите со Советот на издавачи, одлучивме дека Холандија нема да учествува на Евросонг во 2027 година“, додаде тој.

Иако нема да испратат свој претставник, Холандија сепак ќе го емитува Евровизискиот натпревар. Како и досега, NOS ќе биде задолжена за телевизиското емитување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дизелот од Русија плови кон Америка- три танкери веќе се во океанот, четвртиот се подготвува

Руските компании се подготвуваат да испратат четврти танкер со дизел гориво од Русија во САД, кој треба да исплови на 28 октомври, изјави денес рускиот вицепремиер Александар Новак.

Дизелот од Русија плови кон Америка- три танкери веќе се во океанот, четвртиот се подготвува

„Во моментов, три брода се на пат кон САД. Очекуваме четвртиот танкер да исплови на 28 октомври“, изјави Новак за новинарите на маргините на 28-от министерски состанок на Форумот на земјите извознички на гас (GECF), објави Интерфакс.

Тој истакна дека општите договори меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп се спроведуваат и покрај притисокот од демократите во врска со овие договори.

„Ставот на демократите, кои зборуваат или дури дејствуваат спротивно на интересите на народот на САД, е изненадувачки“, рече Новак.

Демократските сенатори и членовите на Претставничкиот дом на САД претходно испратија писма до поединечни банки и морски пристаништа, барајќи од нив да ја зачуваат документацијата за трансакциите со Русија поради евентуална истрага за договорот за снабдување со дизел од Русија.

Во писмата се наведува дека договорот за снабдување со дизел од Русија може да претставува ризик за националната безбедност на САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никол Кидман позира за „Вог“, луѓе дебатираат за користење вештачка интелигенција (ФОТО)

Нов едиторијал на Никол Кидман (59) за австралискиот Вог предизвика дебата на социјалните мрежи. 

Никол Кидман позира за „Вог“, луѓе дебатираат за користење вештачка интелигенција (ФОТО)

На фотографиите, актерката позира во многу младешки комбинации. На една од нив, таа носи минијатурно бикини од Шанел и фармерки со низок струк од истиот бренд, заедно со масивна златна огрлица и „влажна“ коса. Во преден план се нејзините истакнати стомачни мускули. На друга фотографија, 59-годишната актерка носи „скејтер“ шапка и црно-бел фустан без прерамки.

Луѓето мислат дека имало вештачка интелигенција во фотографиите

Додека многу обожаватели го пофалија гламурозното издание, имаше и многу критичари на интернет. Тие се сомневаат дека обемната дигитална обработка или дури и примената на вештачка интелигенција стои зад екстремно младешкиот изглед на актерката.

Многу корисници на социјалните мрежи се убедени дека станува збор за ретуширање и го споменуваат Фотошоп и генеративната вештачка интелигенција. „Ја сакам Никол, но овие фотографии се толку очигледно фотошопирани што е смешно“, гласеше еден коментар.

Друг корисник побара дигитално изменетите фотографии во иднина да мора да бидат обележани со предупредување. Некои тврдат дека актерката на фотографиите изгледа како да има 35 години, што е значително помладо од нејзиниот изглед на фотографиите од минатата година. Заедно со третманот, критикуван е и изборот на облека. „Нејзиното тело е одлично, но облеката што ја избраа за неа повеќе личи на тинејџерка“, гласеше еден коментар.

Пофалби и покрај критиките

И покрај критиките, Никол Кидман доби бројни комплименти за едиторијалот во престижното списание. Многумина во коментарите ја пофалија нејзината линија, харизма и елегантниот впечаток на целото снимање. „Изгледа апсолутно фантастично!“ напиша еден обожавател.

Друг беше изненаден од нејзините години: „Педесет и девет! Изгледа неверојатно!“. Еден коментар се однесуваше на нејзините поранешни и сегашни партнери: „Само бидете љубоморни на Кит и Том“. Коментарот се однесува на музичарот Кит Урбан (59) и холивудската ѕвезда Том Круз (64). Добитничката на Оскар беше во брак со Круз од 1990 до 2001 година, а се омажи за Урбан во 2006 година. Никол има четири деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер