3Филипче со граѓаните на Босилово: Рудник Иловица - Штука нема да има, нема да дозволиме Мицкоски да ја распродава земјата
Научниците докажаа дека полифенолите од боровинките и брусниците го забавуваат стареењето на клетките
1Научниците докажаа дека полифенолите од боровинките и брусниците го забавуваат стареењето на клетките
Веб ТВИмаат ли нешто заедничко Давор Мацура , Мирчо со бишкарникот и милионерката?Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
СветАмериканската војска нападна пловен објект во Пацификот- убиени се петмина (ВИДЕО)Американската војска потврди дека убила пет лица на брод за кој се сомнева дека бил користен за шверц на дрога во воздушен напад во источниот Пацифик. Ова е најновиот во низата слични напади во регионот, објавува „Гардијан“. Ескалација на воените операции Нападот извршен во вторникот е еден од повеќе од 70 вакви напади од почетокот на вториот претседателски мандат на Доналд Трамп. Според медиумските извештаи, досега во овие операции загинале повеќе од 240 лица. On October 27, under the direction of #SOUTHCOM, Joint Task Force Western Hemisphere executed a lethal, kinetic strike on a go-fast vessel operating along established narco-trafficking routes in the Eastern Pacific. Confirmed intelligence revealed the vessel's active involvement in narco-trafficking. The operation killed five narco-terrorists. @DeptofWar @SecWar — U.S. Southern Command (@Southcom) October 27, 2026 Сомнителна легалност Администрацијата на Трамп тврди дека убиените лица и нивните бродови биле вклучени во шверц. Самиот Трамп изјави дека САД се во вооружен конфликт со латиноамериканските картели и ги оправдува нападите како неопходна мерка за запирање на протокот на дрога во САД. Сепак, владата не понуди цврсти докази за да ги поткрепи овие тврдења, што покренува прашања за легалноста на ваквите операции. Правните експерти и групите за човекови права веруваат дека нападите би можеле да се окарактеризираат како вонсудски убиства. Тие истакнуваат дека целите биле цивили кои не претставувале директна закана за САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканНа вработените во „Танјуг“ и „К1“ им било кажано да не доаѓаат денеска на работа Две телевизиски станици блиски до владата во заминување во Србија им кажаа на сите свои вработени да останат дома денес – наводно од страв од закани, потврди „Време“.Телевизиските станици К1 и Танјуг нема да имаат програма во живо овој вторник (27 октомври) и наместо тоа ќе прикажуваат репризи, објави Време. Како што неофицијално е потврдено за „Време“, тие го прават тоа поради „силните закани“ што ги добиваат преку е-пошта или социјалните медиуми. Наводно, властите се плашеле од гневни граѓани што ќе упаднат во редакциите. „Ова се само превентивни мерки“, вели едно лице од Танјуг. „Ќе го видите тоа утре, бидејќи планираме да продолжиме со програмата како и обично“. Директорката без коментар К1 и Танјуг се дел од медиумската империја на пејачот Жељко Јоксимовиќ и неговата сопруга, водителката Јована Јоксимовиќ. Официјално под компанијата Минакорд Медиа, овие и некои други телевизиски станици всушност се финансираат со пари од државната Телеком. Јасмина Бојовиќ, директорката на Минакорд Медиа, одби да коментира за прекинот на програмата во живо за „Време“. „Ние не коментираме ништо“, рече таа кратко и ја спушти слушалката. Актуелната директорка на јавниот сервис, Мања Грчиќ, која претходно беше директорка на Минакорд Медиа, исто така доаѓа од овој универзум. Од каде доаѓаат парите Грчиќ влезе во овој бизнис со Жељко Јоксимовиќ на креативен начин во 2019 година. Танјуг им беше даден на „закуп“ за десет години за 628.000 евра, а малата телевизиска империја беше создадена со банкарски кредит од 2,4 милиони евра. Како залог, тие заложија три договори што им беа однапред обезбедени од државниот Телеком, кој им плаќа за „дистрибуција на програма“. Така, парите за „бизнисот“ доаѓаат од длабоките каси на Телеком - како и за други телевизиски станици кои ги фаворизираат властите, од Информер до Евроњуз - без оглед на гледаноста, која понекогаш се мери во промили. Во понеделник, гневни граѓани упаднаа во Информер ТВ во Вождовац и привремено ја прекинаа програмата. Претставниците на Студентската листа повикаа на смиреност и никој да не посегнува по насилство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче со граѓаните на Босилово: Рудник Иловица - Штука нема да има, нема да дозволиме Мицкоски да ја распродава земјата Денеска граѓаните од општина Босилово не поканија нас како пратеници и вечерва сме тука заедно со пратениците Јована Тренчевска, Борче Цветков и Миле Цеков, како и други луѓе, активисти граѓански, претставници на невладини организации.Денеска граѓаните од општина Босилово не поканија нас како пратеници и вечерва сме тука заедно со пратениците Јована Тренчевска, Борче Цветков и Миле Цеков, како и други луѓе, активисти граѓански, претставници на невладини организации, на средба со граѓани. Ова не е партиски собир, значи ова не е собир на членови на СДСМ, овде се присутни граѓани коишто се членови на други политички партии дури и на ВМРО, меѓутоа и граѓани коишто не членуваат во политички партии и се едноставно исплашени за најавата дека овде ќе се отвори рудникот во општина Босилово поточно во местото Штука односно Иловица - рудник за којшто концесиите се даваа, се одземаа итн. Меѓутоа еве сега оваа власт покажува сериозни намери да овој рудник тука се отвори. Сакам да го образложам прво целокупниот овој процес.Имено сега во овој период има предлог да се донесе нов просторен план за територија на цела држава и за тој просторен план којшто се носи од Министерството на животна средина има јавни дебати. За прв пат тука, во Крива Паланка меѓутоа и на Кожув во близина на Гевгелија се маркирани рудници.Тоа значи дека оваа власт има намера овие рудници коишто се маркирани во новиот просторен план, којшто е прв чекор во процесот формален и официјален на отворањето и ставањето функција на рудниците тоа да се случи. И затоа сакам да упатам јасна и недвосмислена порака - нема да дозволиме оваа власт на Христијан Мицковски во состојба и ситуација кога се притиснати од сите страни и немаат пари за ништо, затоа што целокупните неколку минати буџети од овие повеќе од две и пол години колку се на власт ги потрошија на партиски тендери, сега да ја распродаваат македонската земја за нивни бизнис интереси. Сакам да имам упатам јасна и недвосмислена порака дека рудник овде нема да има и дека тоа ние ќе го гарантираме, прво како пратеници, а второ и како граѓани на оваа држава, затоа што никој нема право да ја распродава македонската земја за сопствени бизнис интереси. Нема да дозволиме да поминат формалните процеси затоа што ќе бидеме експлицитно против, со аргументи, на крајот на краиштата ќе формираме и жив ѕид - овде рудник нема да нема да има, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook