АвтомобилизамФото: „Stellantis“ удира на „Bentley“, а овој бренд е нивен главен адутАвтомобилскиот гигант сака да го подигне „DS Automobiles“ на следното ниво, позиционирајќи го како „Louis Vuitton на автомобилската индустрија“.Иако не би очекувале францускиот автомобилски бренд „DS“ да стане ривал на брендови како „Bentley“ или „Rolls-Royce“, „Stellantis“ има амбиции да се натпреварува со овие ултра луксузни компании за автомобили. Автомобилскиот гигант сака да го подигне „DS Automobiles“ на следното ниво, позиционирајќи го како „Louis Vuitton на автомобилската индустрија“. Шефот за дизајн на „DS“, Тиери Метро, ја даде оваа смела изјава во интервју за „Autocar“ на салонот за автомобили во Брисел. За потсетување, брендот „DS“ беше основан од „Citroen“ во 2009 година, пред да стане независен бренд во рамките на „PSA Group“ во 2014 година. Од 2021 година, „DS“ е дел од групата „Stellantis“, која беше формирана со спојување на „FCA“ и „PSA“. Тиери Метро го опиша „DS“ како „премиум“ бренд, но тој има намера да го подигне на ниво на врвен луксуз. Наместо да се натпреварува со брендови како „Audi“ или „BMW“, „DS“ ги има „Bentley“ и „Rolls-Royce“, како целни ривали. Планот е да се подобри квалитетот на идните модели, почнувајќи од моделот „N°8“ и неговиот луксузен ентериер. Иако звучи скапо, „Stellantis“ објаснува дека „DS“ нема да се стреми кон големи продажни количини, туку е задоволна да продава помалку автомобили по повисоки цени, со повисоки профитни маржи - слично на двете британски марки што „DS“ сака да ги имитира. Колку всушност е голема „DS Automobiles“ во Европа? Според податоците за продажбата од 2024 година објавени од Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), француската марка имаше пазарен удел од само 0,3% во регионот ЕУ+ЕФТА+Велика Британија. Испораките паднаа за 22,4% на 37.480 единици во последните 12 месеци. Тиери Метро го критикуваше приливот на кинески копии на „Tesla“ или „Porsche“, додавајќи дека „DS“ сака да биде оригинален и да понуди „нешто што ќе се истакне“. Идните модели сè уште ќе бидат поврзани со други производи на „Stellantis“ за да се постигне економичен обем на производство, но целта е да се направат автомобилите што е можно поинакви од стандардните „Citroen“ возила. Шефот за дизајн на компанијата призна дека достигнувањето на нивото на кое денес се „Bentley“ и „Rolls-Royce“, нема да се случи брзо. Метро изјави дека може да поминат 10-20 години додека „DS“ не стане целосно ултра луксузен бренд. Од ова можеме да заклучиме дека тој е оптимист за долгорочната иднина на компанијата. Поранешниот извршен директор на „Stellantis“, Карлос Таварес, јасно стави до знаење пред да ја напушти компанијата дека непрофитабилните брендови ќе бидат укинати. „Ако не остварат профит, ќе ги затвориме. Не можеме да си дозволиме брендови кои не заработуваат“, рече тогаш Таварес. Набргу потоа, „Stellantis“ издаде соопштение во кое вети дека ќе ги зачува сите свои „силни и иконски брендови“. Тоа значи дека и „Lancia“ е безбедна, барем засега. Поранешниот финансиски директор на „Stellantis“, Натали Најт, навести можност да се најде нов сопственик за „Maserati“, но компанијата брзо појасни дека „Maserati“ не е на продажба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаУапсени се 17 возачи, 12 од нив возеле без дозвола Лишени од слобода 17 возачи за „безобѕирно управување возило“, 12 возеле без положен возачки испит.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 17 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од КЗ. Од нив, 12 управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.И.(31) од тетовско, 17- годишник и 16- годишник од Скопје, С.Ј. (35) од Виница, Д.Г.(29) од Скопје, Б.Ј.(33) од скопско, Б.И.(19) од скопско, К.Ј.(24) од Скопје, 17-годишник од кочанско, M.Ш. (44) од Скопје, М.М.(21) од Тетово и 16-годишна малолетничка од Виница. Исто така лишени се од слобода и Б.Б. (50) од струшко, Р.Д.(51) од Прилеп, Р.Ј. (56) од тетовско и А.Н. (39) од Прилеп, бидејќи возеле под дејство на алкохол. Од слобода е лишен и П.Р. (27) од Гостивар, затоа што управувал возило во спротивен правец на еднонасочна улица. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВиткоф и Кушнер, по Путин се сретнаа и со Зеленски Со воз преку Полска од Москава во Киев пристигнаа претставниците на Трамп испратени да посредуваат за крај на војната меѓу Русија и Украина. Откако на Централната железничка станица во Киев беа пречекани од високите претставници на Зеленски потоа и тој лично ги пречека специјалните претставници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кои пристигнаа во Киев, што е нивна прва посета на Украина од почетокот на руската инвазија. Оваа посета беше овозможена со договорот меѓу Русија и Украина за 72 часа целосен прекин на нападите и воените дејствија за да може безбендо да пристигни делегацијата испратена од американскиот претседател Трамп. Нивната посета на Киев доаѓа во време кога Украина ја нагласува важноста на конструктивните и суштинските разговори со САД, според претседателот Володимир Зеленски. Пристигнувањето на специјалните претсавници на Трамп доаѓа по исклучително значајната средба со рускиот лидер Владимир Путин во Москва. Детали од средбата и планот за прекин на 4 годишната војна не се објавуваат никаде а на самиот почеток на средбата Путин изрази благодарност до Трамп за неговите заложби за прекин на војаната. Специјалниот претставник Стив Виткоф се заблагодари за приемот и за овозможувањето на прекин на воените дејства. Специјалните претставници беа во Москва вчера, каде што се сретнаа со Путин. Разговорите траеја повеќе од три часа, што укажува на сложеноста и важноста на дискусиите што се водат во контекст на сегашните геополитички тензии.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСПЦ ја исправи грешката околу именувањето на МПЦ-ОАОткако на својот сајт во информација за мегународна конференција СПЦ го употреби името ПОА-МПЦ за нашата црква, грешката во меѓувреме е исправена, потврдија од синодот на МПЦ-ОА.Српската Православна Црква го коригираше спорното именување на Македонската православна црква на нивната официјална интернет-страница. Од МПЦ-ОА за Канал 5 велат дека стапиле во контакт со СПЦ и побарале, како што велат, очигледната грешка да биде исправена. Во првичната објава за меѓународна конференција во манастирот Манасија, епископот Климент беше претставен како секретар на Синодот на „Православната Охридска Архиепископија – Македонска Православна Црква“.Спорно беше што со првичната формулација се добиваше кратенката ПОА-МПЦ. ПОА беше паралелната црковна структура под јурисдикција на СПЦ, која во 2023 година беше интегрирана во МПЦ-ОА. Дополнително, самата СПЦ во Томосот од 2022 година го употреби официјалното име на македонската црква. Дилеми предизвика и неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Српската православна црква е „иста и во Скопје“. Од МПЦ-ОА тогаш реагираа дека својата духовна и пастирска мисија ја остваруваат на сопствената канонска територија. Црковните аналитичари потсетуваат и на низа претходни случаи на поинакво именување – од формулацијата „Охридска архиепископија – Македонска православна црква“, до ословувањето на архиепископот Стефан како „архиепископ на Македонија“ или само како „Охридски архиепископ“. Аналитичарот Бранко Ѓорѓевски смета дека низата различни именувања тешко може да се сведе само на случајни грешки, додека според Цане Мојаноски повторувањето на ваквите примери може да укажува дека во СПЦ се уште има поединци незадоволни од одлуката од 2022 година. „Секоја случајност во комуникациите е значи и одредена порака која треба да ја восприеми оној кому му е упатена. Зачестените грешки повеќе или помалку упатуваат дека во структурата на Српската православна црква постојат незадоволни, така да кажам, елементи, кои на еден или друг начин го изразуваат ставот спротивен на одлуката на Соборот на Српската православна црква од 2022 година.“ „Вакви пораки, слични на онаа која неодамна ја испрати и српскиот претседател Вучиќ, сигурно дека ќе има и во иднина, но нашата црква мора да има јасен страв околу тоа и не смее да дозволи вакви игри со именувањето. Мислам дека се работи за една смислена стратегија со која нашата црква од време на време се потсетува на тоа дека СПЦ нè признала под уставното име и дека тоа не треба да се заборава во нашите релации, посебно со Вселенската патријаршија, врзана за добивањето на конечниот Томос за автокефалност.“ Ѓорѓевски потсетува дека со Томосот од 2022 година СПЦ ја призна автокефалноста на македонската црква, но за официјалното име препорача дијалог со останатите православни цркви. Затоа смета дека македонските владици треба да побараат детално појаснување зошто и натаму се појавуваат различни формулации за МПЦ-ОА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook