Фото: Карлеуша во тенки неонски ленти кои едвај ги покриваат интимните делови - Канал 5

Фото: Карлеуша во тенки неонски ленти кои едвај ги покриваат интимните делови

Таа доби голем број позитивни коментари од обожувателите.

Фото: Карлеуша во тенки неонски ленти кои едвај ги покриваат интимните делови

Јелена Карлеуша е позната по провокативните фотографии, а најмногу внимание привлекува кога се фотографирира во бикини.

Овој пат таа своите фанови на Инстаграм ги израдува со нова фотографија во костим за капење со необичен крој.

Костимот е направен од испреплетени неон-земени траки кои едвај ги прекриваат интимните делови, додека сите атрибути на Јелена и се истакнати.

„Презгодна“, „Оваа жена е бомба“, „Којлку е згодна, на нејзе се и стои“, се само дел од коментарите на фановите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Христијан Мицкоски во „Само Интервју“

Почитувани, утре Само Интервју со премиерот Христијан Мицкоски.

Христијан Мицкоски во „Само Интервју“

Што значи за Македонија политичкиот пресврт во Србија?

Дали ЕУ останува реална цел и како ќе се задржи европскиот курс, без уставни измени?

Ќе има ли етничко гласање во Брвеница, и што тоа ќе значи за владината коалиција?

Се бориме, но, дали и кога ќе се избориме со корупцијата?

Утре, Гоце Михајлоски во Само Интервју со премиерот Христијан Мицкоски..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новото спортско Ауди ќе се произведува врз платформа на Порше (ФОТО)

Porsche потврди дека претстојниот електричен спортски автомобил на Audi ќе ја користи платформата развиена за следната генерација 718 Boxster и Cayman. 

Новото спортско Ауди ќе се произведува врз платформа на Порше (ФОТО)

Информацијата дојде од невообичаено директен говор за време на состанокот за деловните резултати, каде што финансискиот директор на Porsche, Јохен Брекнер, ги откри деталите за соработката со Aуди.

Брекнер објасни дека Порше ја нуди својата платформа за проект што Audi интерно го нарекува C-Sport. „Ние ја нудиме нашата електрична платформа за 718 Boxster и Cayman, кои излегуваат следната година, за проект на Audi. Тие интерно го нарекуваат C-Sport, а ние ќе бидеме платени за тоа. Очекуваме тие пари во 2027 година“, рече Брекнер.

Основата на Porsche за спортскиот модел на Audi

Оваа изјава официјално го потврди она што се шпекулираше повеќе од една година. Даниел Шустер, портпарол на Audi за технички развој, претходно навести дека автомобилот ќе користи платформа што ќе се споделува во рамките на Volkswagen Group, а Porsche сега разјасни за која архитектура станува збор. Соработката е дел од поширок план за споделување на трошоците за развој и технологија во рамките на групата. Резултатот ќе биде електричниот спортски автомобил на Audi позициониран помеѓу поранешните модели TT и R8.

Споделувањето на платформата е логичен потег за трите модели што ќе се произведуваат во ограничени серии. Развивањето посебна архитектура за спортски автомобили е многу скапо, особено за електричните возила каде што поставувањето на батериите, ладењето и масовна дистрибуција претставуваат дополнителни предизвици.

Со споделување на хардверот, Porsche и Audi можат да ги распределат трошоците, додека секој автомобил ќе го задржи својот идентитет преку дизајн, подесување на суспензијата и моќност на моторот. Партнерството не е еднонасочно, бидејќи идниот Macan со мотор со внатрешно согорување повторно ќе биде базиран на моделот Q5 на Audi.

Три автомобили, три верзии

Додека новата генерација на Boxster и Cayman ќе го задржи платнениот или фиксен покрив, верзијата на Audi ќе има електричен тарга покрив. Производствениот модел базиран на концептот C ќе биде првиот Audi во историјата со такво решение, каде што двата панели на покривот се складираат под задниот капак.

Техничките спецификации сè уште не се објавени, но се знае дека Porsche ќе ги постави батериите на местото каде што се наоѓал бензинскиот мотор кај постарите модели 718. Таквиот пристап овозможува пониска положба за седење и подобра распределба на тежината. Плановите вклучуваат и систем за симулација на менување брзини и вештачки звук на моторот.

Спецификации и димензии

Audi Concept C беше претставен со погон на задните тркала и еден мотор, а компанијата потврди дека платформата може да поддржи и мотор напред за quattro погон. Концептот тежеше 1.690 килограми. Што се однесува до димензиите, Concept C е долг 4.520 милиметри, широк 1.970 mm и висок 1.285 mm. Овие пропорции го прават малку поголем од моделот R8, па се очекува дека сериската верзија ќе биде значително поголема од моделот TT.

Нов дизајнерски почеток за Audi

Concept C за Audi претставува повеќе од враќање на спортски двосед во гамата. Тој го означува почетокот на нов дизајнерски јазик што ќе ги обликува идните модели на брендот, и надворешно и внатрешно. Компанијата најавува целосен пресврт во дизајнот на ентериерот по години доминација на големите екрани и контролите чувствителни на допир.

Новата насока става помал акцент на екраните, а повеќе на физичките копчиња и прекинувачи и материјалите со повисок квалитет, вклучувајќи го и вистинскиот метал. Во суштина, проектот не е само за создавање привлечен електричен спортски автомобил, туку и за редефинирање на идентитетот на брендот, дури и ако е базиран на технологијата на Porsche.

Porsche веќе потврди дека ќе ги претстави новите електрични Boxster и Cayman следната година, но не е познато дали обете верзии ќе пристигнат истовремено. Производната верзија на Concept C на Audi треба да дебитира во 2027 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева избрана за шефица на ОЈО ГОКК – за неа гласале 64 обвинители

Искра Хаџи Василева е новата јавна обвинителка за гонење организиран криминал и корупција, откако денеска победи на непоредните избори со тајно гласање од страна на обвинители во Македонија.

Искра Хаџи Василева избрана за шефица на ОЈО ГОКК – за неа гласале 64 обвинители

Таа освои најмногу гласови, вкупно 64 во конкуренција на обвинителите Трајче Пеливанов, Фатон Азизи, Јован Цветановски и Лидија Раичевиќ. Второпласиран Трајче Пеливанов со 57 освоени гласови. Јован Цветановски освоил 30 гласови, Фатон Азизи 14, а Раичевиќ шест гласови. Од вкупно 187 јавни обвинители кои имаа право на глас, гласале 175. 12 не го искористиле своето право на глас, а 4 гласачки ливичиња беа прогласени за неважечки. Изборот на нов јавен обвинител спроведе во републичкото Обвинителство и во четирите Виши јавни обвинителства во Скопје, Гостивар, Штип и во Битола. Резултатите од гласањето беа сумирани на јавна седница во Советот на јавни обвинители.

Хаџи Василева има 11-годишно искуство, а во октомври 2024-та беше избрана за обвинителка во ОЈО ГОКК. Таа ќе го замени Ислам Абази кој на функцијата е од октомври 2022-ра година, а чиј мандат истекува на 8-ми ноември годинава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер