Фото: Јунаците од Дизни нацртани на Велигденски јајца - Канал 5

Фото: Јунаците од Дизни нацртани на Велигденски јајца

Најмалите најмногу се радуваат, а возрасните се восхитуваат на уметноста на овие прекрасни велигденски јајца.Елица Блажевска со својата четка, бои и многу креативност досега нацртала над 70 велигденски јајца, најмногу со мотивите од Дизни.

Фото:  Јунаците од  Дизни нацртани на Велигденски јајца

Елица Блажевска уметник на Веелигденски јајца.

Најмногу се гордее на нејзината прва изработка дебелкото глувче Гас од Пепелашка .

За да се добие едно вакво нацртано јајце вели дека е потребно околу 2 часа бидејќи самата изработката бара трпение, посветеност и многу љубов.

„Сакам се што е поврзано со креативност и уживам во уметност,па така пред 8 години се роди оваа идеја да цртам на велигденски јајца.Мотив ми се цртаните ликови од Дизни со кои израснав, стрип јунаците, a понекогаш и некоја нова идеја од секојдневието која јаприфаќам како предизвик, но секогаш се трудам да не сеповторувам. Секој Велигден го чекам со нетрпение за да нацртам нови ликови. До сега секоја година цртав на природни јајца, но оваа година за прв пат цртав и на дрвени јајца, за да може малите дечиња да се радуваат подолго. Најголемо задоволство ми преставува не само реакцијата на дечињата, туку и на сите возрасни. Нивната насмевка ми е мотив и следната година да продолжам со цртање и да ги изненадам со нови и различни јаце за Велигден“, вели Елица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)

Најмалку пет лица се убиени, а десет се ранети во пукотница во близина на главниот плоштад во полскиот град Краков, јавува ТВН 24, а пренесува Ројтерс.

Тероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)

Полскиот премиер Доналд Туск напиша на X дека полицијата го истражува инцидентот и дека добива информации од Министерството за внатрешни работи.

Според Би-Би-Си, меѓу ранетите има и полицајци.

Според полицијата, луѓето биле застрелани на случаен избор од маж кој отворил оган со автоматско оружје од автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Поддржувачите на Албанската демократска партија денес започнаа марш од седиштето на партијата до кабинетот на премиерот, како дел од протестот против владата, објави албанскиот „Евроњуз“.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Демонстрантите, предводени од пратениците Фламир Нок, Агрон Џекмарк и други, се придружија на студентските протести составени од млади луѓе од различни градови во земјата.

Тие ги повикаа граѓаните, професорите и другите да им се придружат, нагласувајќи дека продолжуваат да ги отфрлаат повеќекратните понуди за дијалог од албанскиот премиер Еди Рама.

YouTube video

Рама, исто така, создаде онлајн платформа чија цел, како што изјави, е да служи како простор за комуникација првенствено со студентите, но и со другите граѓани.

Според него, платформата е „функционален мост“ отворен 24 часа на ден, преку кој можат да се испраќаат прашања, критики и предлози.

Тој рече дека нема забранети прашања и дека сака да разговара со студентите.

Академиците постојано го отфрлаат повикот на Рама за дијалог, кој беше придружен со предлог за одржување состаноци пред зградата на владата.

Платформата предвидува одржување на доверливоста на корисниците, додека пристапот се остварува преку идентификација на порталот е-Албанија.

„Се очекува пораките од пошироко значење да добијат јавни одговори, додека индивидуалните проблеми ќе бидат проследени до надлежните институции“, пишува „ Albanian post “.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција размислува за создавање стратешки резерви на жито

Француската влада разгледува можност за формирање стратешки резерви на жито поради растечката меѓународна нестабилност и потребата од поголема сигурност во снабдувањето со храна. 

Франција размислува за создавање стратешки резерви на жито

Министерката за земјоделство Ани Женвард побарала до крајот на месецот да ѝ бидат доставени конкретни предлози.

Франција имала стратешки резерви на храна по Втората светска војна, но системот бил укинат во 1950-тите години. Сега властите повторно ја разгледуваат оваа можност.

Според РТЛ, во земјата има околу 4.500 силоси за жито, чии капацитети би биле доволни за покривање на основната потрошувачка во период од еден месец во случај на воен судир. Сепак, нивните сопственици немаат ограничувања за извоз на житото, објектите не се оградени ниту обезбедени, а нивните адреси се јавно достапни.

„Денес стратешки резерви се создаваат низ цела Европа, во секоја европска држава освен Франција. Тоа е чисто лудило“, изјави за РТЛ Ерик Тироен, претседател на Здружението на производители на жито АГПБ. Тој оцени дека безбедноста на снабдувањето со храна е исклучително важна и дека резервите се неопходни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер