Форд со „teaser“ од новото електрично возило

Автомобилската компанија „Ford“ го откри својот прв „teaser“ за најново возило инспирирано од „Mustang“ – прв модел од групата „Ford Edison“, специјално направен за развој на електрични возила во светот.

Тимот Едисон, со седиште во Детроит и под раководство на Дарен Палмер, глобален директор за развој на нови производи, доби дозвола за работа на сосема поинаков и иновативен начин за развој на електрични возила за забрзување на пазарот со ескпоненцијален раст.

„Клиентите на електрични возила купуваат во иднината. Нашиот тим е стопроцентно фокусиран на испорачување возила кои ги сакаат и на обезбедување целосен екосистем за електричните возила, кој ќе работи беспрекорно, вели Палмер.

Тимот Едисон го прифати „менталитетот без линии“ за да поттикне различни идеи за работната ефикасност и подготвеноста за брзо пронаоѓање решенија за заедничките проблеми и уникатните предизвици за секој поединечен пазар.

Целосно новиот „Mustang“ – инспириран електричен компресор, ќе пристигне во 2020 година со насочен опсег од 300 милји.

„Ford“ вложува 11 милијарди долари и ќе испорача 16 целосно електрични возила во рамки на глобалното портфолио од 40 електрифицирани возила до 2022 година.

Стојаноска: Оваа власт заминува во неславната македонска историја

Оваа власт заминува во неславната македонска историја, а Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата ќе ја направат Македонија повторно горда и повторно твоја.

Денес од Пештер, општина Јегуновце го упатувам последниот повик до сите граѓани на Република Македонија на коишто оваа влада им преседна со криминал и корупција, предавства, лошо образование, неквалитетно здравство, ниски плати и пензии, задутре да ја испратат во минатото и да остане запишана во неславната македонска историја.

Задутре гласајте за бројот 2, за професорката Гордана Силјановска Давкова, за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија.

Тоа се луѓето кои Македонија ќе ја направат повторно горда и повторно твоја.

Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски ги пофали квалитетите на Килијан Мбапе.

- Ако го споредите Килијан со други играчи, разбирате дека тој зборува различен јазик. Јасно им дава до знаење на младите играчи дека фудбалот не е единственото нешто што е важно. Тој е и пример за личност, покажувајќи дека не е важно само фудбалскиот терен, туку и она што е во вашата глава. Многу паметен човек кој има многу јасна идеја за тоа што сака да прави и како сака да го прави тоа. Патот по кој оди е јасен. Тој е паметен не само како играч, туку и како личност. Го почувствував тоа кога првпат го видов пред неколку години. Ми остави впечаток. Можете да зборувате за многу нешта со Килијан, изјави полскиот фудбалски ветеран.

Мбапе е член за Пари Сен-Жермен, капитен на француската фудбалска репрезентација и важи за еден од најдобрите фудбалери на светот.

По крајот на сезоната извесно е дека Мбапе ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

Последна претседателска дебата – вечерва по централните вести на Канал 5

Попладнево во Канал 5 се снимаше последната дебата на кандидатите за претседател.

Соочувањето ќе се емитува веднаш по централните вести во 18.30, а самата дебата е поделена на два дела.

Практично на само некоколку часови пред молкот, Канал 5 е местото каде што Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе ги соочат аргументите и ќе ги испратат последните пораки до граѓаните.

притисни ентер