Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаФилипче: Ребалансот е признание за целосниот дебакл на економските политики на МицкоскиРебалансот на Буџетот е директно признание дека економските политики на Владата на Христијан Мицкоски доживеаја целосен неуспех и дека граѓаните ги очекува уште потежок период, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.Ребалансот на Буџетот е директно признание дека економските политики на Владата на Христијан Мицкоски доживеаја целосен неуспех и дека граѓаните ги очекува уште потежок период, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција. „Ребалансот на буџетот од една страна е практично признание за целокупниот дебакл на економските политики на премиерот Мицкоски, а од друга страна, повторно, не носи ништо добро за граѓаните. Туку најавува зголемување на дефицитот и долговите кои што ги враќаат следните генерации“, истакна Филипче. Тој нагласи дека со ребалансот Владата само ги потврдува предупредувањата што СДСМ ги упатуваше изминатиот период. „Практично се потврдува тоа што го говориме цело време, дека со Мицкоски и оваа група на власт нема ниту економски раст, нема поголеми плати, има само уназадување. До крајот на годината практично ниту еден граѓанин не може да очекува подобрување на животниот стандард, туку напротив – влошување. Едноставно, економијата тоне“, рече Филипче. Само шест месеци по усвојувањето на Буџетот, Владата признава дека ги промашила речиси сите клучни економски проекции. Буџетот беше претставуван како документ за фискална консолидација, стабилни јавни финансии и силен економски раст. Ништо од тоа не е остварено“, истакна Филипче. Тој посочи дека Владата веќе ги намалува проекциите за економскиот раст, додека инфлацијата е речиси двојно повисока од ветената. „Наместо ветениот економски раст од 3,8%, сега проекцијата се намалува на 3,5%. Реалноста е дека ниту ова нема да се оствари. Наместо ветена инфлација од 2,5%, граѓаните добија 4,5% инфлација. Значи, двојно зголемена инфлација. Повисоки цени, дополнителен удар врз семејните буџети“, нагласи Филипче. Претседателот на СДСМ предупреди дека Владата, наместо фискална консолидација, го зголемува буџетскиот дефицит и отвора нов циклус на задолжување. „Наместо ветената фискална консолидација, Владата го зголемува буџетскиот дефицит од 39,2 на 46,3 милијарди денари, односно на 4,1% од БДП, што е речиси 18% зголемување. Наместо помал долг, Владата отвора нов бран на задолжување, и домашно и странско“, рече Филипче. Тој потенцираше дека јавниот долг достигнал 11 милијарди евра и за само две години е зголемен за 2,5 милијарди евра, без тие средства да бидат вложени во развојни проекти. „Значи, да повторам, јавниот долг достигна 11 милијарди евра. Зголемен од оваа власт за само две години е за 2,5 милијарди евра. И тие пари не се вложени во капитални проекти. Со новиот дефицит од над 110 милиони евра значи дека се задолжени кој знае колку следни генерации. И ова е опасно и неодржливо задолжување, со кое Владата едноставно товарот го префрла врз идните генерации“, истакна Филипче. Филипче оцени дека најзагрижувачки е што дополнителното задолжување не се користи за развој, туку за покривање на тековни расходи. „Пари едноставно нема за ништо. Загрижува поголемиот дефицит, кој што не се користи за развој, туку за покривање на тековни расходи, а кои што се резултат на лошо планирање и управување со финансиите“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција. Линк до видео: https://youtu.be/kzSATfjTi8M?si=sGP0AgaefwYhAyNu Скопје, 03.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКрис Џенер ги откри резултатите од затегнувањето на лицето: Го платила 100.000 долариКрис Џенер (70) се појави на свеченото отворање на Музејот за наративна уметност „Лукас“ во Лос Анџелес во саботата, а нејзиниот изглед повторно привлече големо внимание.Мајката на семејството Кардашијан-Џенер на црвениот тепих ги покажа резултатите од затегнувањето на лицето – процедура која, според извештаите на американските медиуми, ја чинела 100.000 долари. Таа пристигна на настанот придружувана од нејзиниот долгогодишен партнер, Кори Гембл (45). Двојката заедно позираше пред фотографите; нивната врска со години го привлекува вниманието на јавноста. За оваа пригода, Џенер избра темно-син сатенски фустан и соодветно палто со светки. Изгледот го надополни со чевли што имаа голема машна на петата и носеше само сребрени обетки. Гембл носеше темно-син костум и светло-сина кошула на риги. Џенер и Гембл првпат беа поврзани во 2014 година, откако се запознаа на забава организирана од модниот дизајнер Рикардо Тиши. Иако не се во брак, тие се заедно повеќе од една деценија, а Гембл често се појавува покрај семејството Кардашијан-Џенер на јавни настани. Крис Џенер за Кори: „Мојот животен партнер“ Иако генерално ја држат својата врска подалеку од очите на јавноста, Крис Џенер неколку пати зборувала за тоа колку ѝ значи Кори Гембл. Во серијата „The Kardashians“, таа го опиша како нејзин „животен партнер“ и рече дека нивната врска ѝ носи голема радост. „Кори е мојот животен партнер и секогаш се забавувам со него“, рече Џенер, додавајќи дека не очекувала повторно да најде таква поврзаност. Таа зборуваше и за разликата во годините меѓу нив, со оглед на тоа што Гембл е 25 години помлад од неа. Џенер призна дека на почетокот тоа ѝ изгледало необично, но на крајот сфатила дека годините не се пречка кога постои вистинска поврзаност. „Не можам да ја објаснам хемијата или зошто луѓето се вљубуваат, но изминатите десетина години беа неверојатни и одлично си поминуваме заедно“, изјави таа. Отворено зборуваше за затегнувањето на лицето Во мај 2025 година, нејзиниот портпарол потврди дека Џенер се подложила на процедура извршена од пластичниот хирург д-р Стивен М. Левин, кого „Page Six“ во тоа време го опиша како „маестро за затегнување на лицето“. Кон крајот на минатата година, во една епизода од серијата „The Kardashians“, Џенер ѝ откри на својата ќерка Ким дека, по бројните козметички зафати, носот е единствениот дел од нејзиното лице што останал природен. „Носот веројатно е единствената вистинска работа на моето лице“, призна таа. Таа исто така зборуваше за зафатот за затегнување на лицето во интервју за „Vogue Arabia“ во август 2025 година. Објасни дека првиот зафат го направила пред околу 15 години и дека одлучила повторно да се подложи на операција бидејќи сакала да го освежи својот изглед. „Одлучив да го направам овој зафат бидејќи сакам да бидам најдобрата верзија од себе, а тоа ме прави среќна“, рече Џенер. Таа додаде дека смета оти стареењето не значи дека човек мора да се откаже од грижата за себе. „Тоа што стареете не значи дека треба да се запуштите. Ако се чувствувате пријатно во сопствената кожа и сакате да стареете природно – односно не сакате никакви естетски корекции – тогаш слободно направете го тоа. Но, за мене, ова е стареење со достоинство. Ова е мојата верзија за тоа“, изјави таа. За време на гостувањето во подкастот на нејзината ќерка Клои Кардашијан претходно оваа година, Џенер ги отфрли шпекулациите дека е незадоволна од резултатите на зафатот, како и гласините дека ефектот од нејзината операција за затегнување на лицето, која чинела 100.000 долари, „почнува да исчезнува“. Извор: Индекс.хрТагови: Крис Џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамДастер стана пикап и кампер (ФОТО)Нов Дастер пикап, цена од 37.900 евра со погон на сите тркала (4x4).Француската компанија „Borel“, во соработка со специјализираната работилница за каросерии „Romturingia“, разви пикап-верзија на актуелниот Дастер. Достапни се две варијанти: модел со четири седишта (два реда седишта во кабината) и модел со две седишта и продолжен товарен простор. Верзијата со четири седишта чини 38.900 евра, додека цената на верзијата со две седишта изнесува околу 37.900 евра. Двете верзии се приближно 30 проценти поскапи од стандардниот Дастер со ниво на опременост „Journey“, пренесува „Revija HAK“. За верзијата со две седишта достапен е и модул за кампување што може да се вади. Со подигнат покрив, возилото е високо 2,10 метри; опремата вклучува кревет со димензии 150 x 190 см, фрижидер од 25 литри, шпорет и мијалник со резервоар за вода од 32 литри и бојлер од шест литри. Исто така, вклучува и хемиски тоалет, греење на гас, маса, две столчиња, надворешно осветлување и дополнителен простор за складирање. Верзијата со две седишта е особено привлечна за занаетчии и други деловни корисници. Товарниот простор е долг 1,65 метри, а возилото има максимална носивост од 430 килограми. Под хаубата се наоѓа 1,2-литарски „благ“ хибриден мотор со 150 коњски сили, поврзан со погон на сите тркала. Засега, овој Дастер пикап е достапен само на францускиот пазар. Извор: Б92Тагови: Дастер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00
ТехнологијаДали имате „iPhone“? Можеби имате и бесплатен пристап до „Apple TV“ – еве како да проверите„Apple TV“ е сервис за стриминг сличен на „Netflix“ или „HBO“, а неодамна стана достапен. Одредени корисници го добиваат бесплатно – прочитајте понатаму за да видите дали спаѓате во оваа категорија.Корисниците кои плаќаат барем за основниот пакет на „iCloud“ добија посебни поволности: бесплатен пристап до сервисот за стриминг „Apple TV“ и до гејминг-сервисот „Apple Arcade“. За појаснување: „iCloud“ е сервис што „Apple “го нуди на сите корисници; во суштина, тоа е простор за складирање податоци во „облак“ (cloud), сличен на „Google Drive“. Повеќето корисници на „iPhone“ се соочуваат со проблем околу просторот за складирање – порано или подоцна, меморијата на телефонот се полни, главно со фотографии и видеа. Поради тоа, многумина одлучуваат да плаќаат за „iCloud“ услугите, со пакети што започнуваат од само 1 евро месечно за 50 GB дополнителен простор. Како да добиете пристап до „Apple TV“? Од минатата недела, доколку плаќате дури и за најмалиот „iCloud“ пакет – или за некој поскап – добивате и бесплатен пристап до сервисот „Apple TV“ за гледање серии и филмови (наслови како „Severance“, „Slow Horses“ и „Silo“ се меѓу најпопуларните продукции на „Apple TV“). Сè што треба да направите е да ја преземете апликацијата „Apple TV“ од „App Store“ (доколку веќе ја немате). Кога ќе се обидете да се најавите, телефонот автоматски ќе ви предложи да го користите сервисот бесплатно, поврзан со вашата „iCloud“ сметка. Ако не плаќате за „iCloud“, а сепак сакате да го користите „Apple TV“, можете да платите месечна претплата, иако таа чини 15 долари месечно. Извор: Б92Тагови: Apple TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook