Филипче: Не е исклучена тешка клиничка слика и кај помладите пациенти

Станува збор за вирус кој не ги напаѓа само белите дробови, туку и другите органи. 

Иако повозрасната група на граѓани е повеќе подложна, сепак не е исклучена тешка клиничка форма и кај помладите пациенти, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

На прес-конференцијата, на која информираше дека меѓу тројцата починати пациенти во измиантите 24 часа има и еден 40-годишен пациент кој немал никакви претходни заболувања, Филипче рече дека пациентите имале тешка клиничка слика.

– Манфестацијата на болеста беше во најтешката форма. Станува збор за вирус кој не ги напаѓа само белите дробови, туку и сите други органски системи. Таквата е карактеристиката, механизмот на дејство преку еден вид специфични рецептори. Иако повозрасната група на граѓани се повеќе подложни, сепак не е исклучена тешка клиничка форма и кај помладите пациенти и за жал смртен исход, рече Филипче.

Во однос на тестирањата повтори дека земјава има направено огромен број на тестови на милион жители и оти пристапот на тестирање што сега се применува дава добри резултати.

– Епидемиолозите се на тоа мислење дека само ваквиот пристап дава добри резултати, остава минимален, практично никаков простор за грешка односно за лажно негативни резултати што во оваа фаза на епидемијата е најбитниот момент, рече Филипче./МИА

Расистички навреди кон Нико Вилијамс

Напаѓачот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, беше цел на расистички навреди од трибините на натпреварот против Атлетико Мадрид во 33. коло од шпанската Ла Лига.

Дваесетиедногодишниот Шпанец го постигна единствениот гол за баскискиот клуб кој ги загуби натпреварот со 3-1.

„Не е нормално да те навредуваат поради бојата на кожата. Знам дека насекаде има глупави луѓе, но ова треба да се промени. Играчите на Атлетико ме поддржаа и разбираат дека е неприфатливо да се пуштаат мајмунски звуци за време на натпревари“, изјави Вилијамс, цитиран од шпанските медиуми.

Вилијамс оваа сезона забележа 32 настапи во сите натпреварувања за Атлетик, постигнувајќи шест голови, а запиша и 14 асистенции.

На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип

 Повеќе од 800 луѓе се заразиле со норовирус (стомачен грип) на пролетниот фестивал во Штутгарт, град во југозападна Германија, јави Би-Би-Си.

Не е познато како се шири вирусот, но бројот на заразени значително се зголеми во текот на неделата.

Претставниците на властите во Штутгарт веруваат дека изворот на инфекцијата не е храната и пијалоците кои се служат во фестивалскиот шатор, бидејќи анализираните примероци биле негативни.

Тестирани се и персоналот, како и садовите и водата што се користат за миење.

Градскиот здравствен институт смета дека вирусот се пренесувал од човек на човек, преку капки, иако не се знае кој го донел вирусот - посетител или вработен.

Посетителите набрзо се пожалиле на повраќање, дијареа и гадење.

Градските здравствени власти објавија дека до петок, 26 април, биле заразени 815 лица. Пролетниот фестивал на падините на реката Некар започна на 20 април и ќе трае 23 дена.

Барнли го осуди навивачкото скандирање за трагедијата во Минхен

Раководството на премиерлигашот Барнли го осуди однесувањето на дел од своите навивачи кои за време на саботниот натпревар против Манчестер Јунајтед скандираа навредливи пораки за трагедијата во Минхен во 1958 година.

Раководството на премиерлигашот Барнли го осуди однесувањето на дел од своите навивачи кои за време на саботниот натпревар против Манчестер Јунајтед скандираа навредливи пораки за трагедијата во Минхен во 1958 година, во која, меѓу другите, загинаа осум фудбалери на Јунајтед.

Во саботата Барнли успеа да освои бод против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ (1:1), а на социјалните мрежи се појави видео на кое може да се забележат скандирања и недолични гестови меѓу навивачите на Барнли во врска со трагедијата во Минхен.

„Гестовите и скандирањето во врска со трагедијата е целосно неприфатливо однесување и фудбалскиот клуб Барнли не го толерира. Ќе работиме со полицијата и Манчестер Јунајтед за да помогнеме во идентификувањето и кривичното гонење на одговорните лица“, се вели во соопштението на Барнли, пренесе Би-Би-Си. (ББЦ).

Во авионска несреќа во Минхен во 1958 година, загинаа 23 лица, меѓу кои и осум фудбалери на Манчестер Јунајтед.

притисни ентер