Филип Талевски дополнително повикан во репрезентацијата - Канал 5

Филип Талевски дополнително повикан во репрезентацијата

Откако селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван, се судри со големи проблеми при составувањето на тимот, пред се на бековската позиција, за евро-квалификациските натпревари со Швајцарија и Чешка, веднаш мораше да реагира.

Филип Талевски дополнително повикан во репрезентацијата
На првата прозивка одржана претпладнево Обрван, најави дека ќе почека до првиот тренинг, но, веќе за истиот во тимот повикан е младиот ракометар на Металург, Филип Талески.

Претходно, Лазе Мајнов и Горан Кузмановски не го прифатија дополнителниот повик, за да го надоместат отсуството на Реанато Вугринец, Наумче Мојсоски (неизвесен) и Кирил Лазаров (повреден), селекторот се реши да го повика Талески, слично како и пред мечот со Франција.

Талески ќе го одработи единствениот тренинг во Скопје, закажан за попладнево од 18 часот, а потоа се очекува конечната одлука на селекторот, дали тој утре заедно со останатите ракометари, ќе патува за Сент Гален, каде веќе во среда од 20 часот се игра мечот против Швајцарија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски: Конечен договор ќе има во вторник, ЗНАМ и натаму ќе раководи со две министерства

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, и денеска инсистираше дека се уште нема договор за владината реконструкција...

Димитриевски: Конечен договор ќе има во вторник, ЗНАМ и натаму ќе раководи со две министерства

На партискиот настан во Куманово денеска не присуствуваше министерот Филков, но Димитриевски вели дека тоа не е поврзано со реконструкцијата, туку со други обврски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали: ВЛЕН ќе раководи со 6 министерства - ги добива правда, култура и односи меѓу заедниците, отстапува од здравство

ВРЕДИ со реконструкцијата на Владата ќе ги добие едно министерество повеќе и ќе раководи со вкупно шест, објави пред малку првиот вицепремиер Беким Сали.. 

Сали: ВЛЕН ќе раководи со 6 министерства - ги добива правда, култура и односи меѓу заедниците, отстапува од здравство

На настанот во Скопје посветен на отчетот за 2 годишнината од работата на ВЛЕН во Владата, Сали кажа дека ВЛЕН ќе го добие ресорите за правда, за култура и за односи меѓу заедниците, а ќе го отстапи здравството.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов случај на фемицид: Убиена 48 годишна жена, уапсен е 51 годишниот поранешен маж од скопско Таор

Нов случај на фемицид во Македонија... 51 годишен маж од скопско Таор ноќеска е уапсен под сомниние дека ја убил својата поранешна 48 годишна жена... 

Нов случај на фемицид: Убиена 48 годишна жена, уапсен е 51 годишниот поранешен маж од скопско Таор

Во близина на скопското село Летевци е пронајдено тело на 48 годишна. Два дена претходно, во петокот таа била пријавена за исчезната од страна на 51 годишен маж со кој живееле во селото Таор. Неофицијално Канал 5 дознава дека до неодамна тие биле сопружници во фаза на развод поради несогласувања но се уште живееле заедно. Полицијата го пронашла нејзиното тело во фаза на распаѓање на околу 13 километри од домот, во атарот на селото Летевци на тешко пристапна шумска локација, а полициската истрага брзо нашла докази дека изврштеил на убиството е токму нејзниот пораншен маж.

„На 28.06.2026 во 01:20 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Г.(51) со престојувалиште во с.Таор, скопско, поради постоење основи на сомнение дека ја убил Ж.Г.(48). На 26.06.2026 С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а на 27.06.2026 пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на с.Летевци, скопско. На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото кое било во фаза на распаѓање, по наредба на јавен обвинител е предадено на судска медицина за обдукција. “

Од Јавното обвинителство потврдуваат дека со обдукцијата било утврдено дека се работи за насилна смрт.

„Дежурен јавен обвинител од ОЈО Скопје и екипи на МВР ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде беше пронајдено безживотно тело на жена од Таор. Жената била пријавена за исчезната во петокот, по што беа преземени дејствија за нејзино пронаоѓање. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, при што потврдено е дека смртта е насилна.“

Освен осомничениот за убиството, уапсени се и тројца негови пријатели на возраст од 62 до 69 години, но нивната улога во случајот ниту МВР ниту обвинителството засега на ја откриваат.

Од обвинителството додаваат дека се преземаат дејствија за целосно расчистување на настанот.еск

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер