3Уапсен во Германија, а потоа депортиран во Србија летово: Што се знае за терористот кој ја нападна израелската амбасада
ТенисФедерер на прошталниот меч ќе игра само во двојкиВо својот проштален настап Роџер Федерер, ќе игра претставувајќи ја Европа на Лејвер купот во Лондон, само во конкуренција на двојки, а не и во поединечна конкуренција.Во интервју за швајцарските медиуми, легендарниот 41-годишен швајцарски тенисер откри дека побарал од селекторот на европската репрезентација Бјорн Борг да го пријави само за двомечот во пресметката меѓу европската и светската селекција, која ќе се одржи од петок до недела во лондонската О2 Арена. „Јасно беше дека не можам да играм сингл натпревари“, рече Федерер, додавајќи дека тоа е причината поради која не може да ја заврши кариерата играјќи на својот матичен АТП турнир во Базел следниот месец. Така, неговиот последен меч во сингл конкуренција ќе остане четвртфиналниот пораз од Полјакот Хуберт Хуркач на минатогодишното издание на Вимблдон, турнир на кој освои осум од своите 20 Грен слем титули. Федерер во својата кариера одиграл 1526 поединечни натпревари на ниво на АТП турнири, на Грен слем турнири и во Дејвис купот и на Олимписките игри и остварил 1251 победа со 275 порази. „Со оглед на форматот на Лејвер купот, верувам дека можам да играм двојки во петок. Го прашав Бјорн Борг дали се согласува со тоа. Тој ми одговори дека би било како сон да ме види уште еднаш на тенискиот терен.“, изјави Федерер и додаде дека „веројатно никогаш нема да ја открие природата на повредата на коленото“ што го принуди да се повлече од играњето, бидејќи тоа е „негова приватна работа“. Швајцарецот откри дека тренирал со Стефанос Циципас во понеделникот и вторникот и дека бил „пријатно изненаден од нивото на неговата игра“. Заедно со гореспоменатите двајца, Европа на Лејвер купот ќе ја претставуваат Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Енди Мареј и Каспер Руд, а Матео Беретини има статус на замена. Тренерот на светскиот тим Џон Мекинро ги ангажира Феликс Огер-Алиасиме, Тејлор Фриц, Диего Шварцман, Алекс Де Минаур, Френсис Тиафо и Џек Сок, а Томи Пол е замената. На Лејвер купот секој ден се закажани по три натпревари во сингл и еден меч во двојки, при што победата во секој меч во првиот ден носи по еден бод, вториот ден два, а третиот три бода. Победнички тим е оној кој прв ќе успее да собере 13 поени. Во претходните четири изданија Европа славеше сите четири пати, а најубедливата победа европските тенисери ја остварија лани во Бостон, кога резултатот беше 14:1. Најтензично беше во 2019 година во Женева, каде Европа славеше 13:11, иако Светскиот тим водеше со 11:7 пред последните два поединечни натпревари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаМицкоски: Мораме да се движиме со современите текови на човештвото Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по презентацијата на апликацијата „m.Uslugi“.Апликацијата „m.Uslugi“, овозможува граѓаните да ги имаат своите најважни документи меѓу кои и лична карта, директно на својот мобилен телефон. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаЃорѓиевски: Околу 30.000 луѓе денеска оставија пример што заслужува да го следи цело СкопјеГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со колегите градоначалници, младите, волонтерите и илјадници сограѓани, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.- Денес повторно, околу 30.000 причини да веруваме во силата на овој град. Во најмасовната еко-акција за нашето Скопје, видовме што може да направи љубовта кон својот град кога ќе стане дело. Луѓе кои одвоија од своето време, ги засукаа ракавите и вложија труд за сите нас. За својата улица. За соседите. За децата. За нашиот заеднички дом. Тоа е Скопје во кое верувам. Скопје што се обединува, презема одговорност и со сопствени раце го менува своето секојдневие – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дена во денешната еко-акција се приклучија и угостителите, давајќи придонес во оваа голема заедничка борба за почисто и поубаво Скопје. - На секој од вас ви благодарам од срце. Горд сум на вашата посветеност, на вашата совест и на примерот што денес го оставивте. Нашите деца заслужуваат да растат покрај зеленило и во чиста околина, а од нас да научат како се чува тоа што им припаѓа на сите. До оние што и понатаму несовесно фрлаат отпад им порачувам: почитувајте ги овие луѓе. Почитувајте го нивното време, нивниот труд и нивниот град, кој е и ваш. Секое катче што денес го исчистивме носи нечиј вложен напор. Никој нема право утре повторно да го претвори во депонија. Оваа енергија има сила да создаде трајна промена. Да почнеме од својот праг, од улицата по која минуваме, од паркот во кој играат нашите деца. Одговорноста за почист град ја покажуваме со секоја наша постапка, а за секој што намерно го загадува Скопје - нема да има толеранција. Ви се поклонувам за трудот и за големото срце. Да оставиме пример, не ѓубре – рече Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека овие акции продолжуваат да се реализираат двапати месечно, со цел грижата за Скопје да стане наша секојдневна навика и апелираше до сите што несовесно фрлаат отпад да се почитува и чува сработеното.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУапсен во Германија, а потоа депортиран во Србија летово: Што се знае за терористот кој ја нападна израелската амбасадаМалолетник, кој утрово загина по напад врз припадник на Жандармеријата пред израелската амбасада во Белград, бил уапсен во Минхен во мај под сомнение дека подготвувал терористички чин, а во јули бил депортиран во Србија.Дел од медиимите од извор во полицијата отркиваат дека малолетникот кој беше убиен пред израелската амбасада по напад врз припадник на Жандармеријата, е роден во околината на Шабац, а во мај оваа година бил уапсен во Минхен, Германија, под сомнение дека таму подготвувал терористички чин. Потоа, во јули годинава, тој бил депортиран во Србија. Германските власти детално го испрашале малолетникот, кој им опишал како почнал да се интересира за содржини на интернет поврзани со исламскиот фундаментализам и терористички организации, како што се Ал Каеда и Исламската држава. Откако стапил во контакт со непознато лице во Германија, тој почнал да планира напад врз еврејската заедница во Минхен. За потсетување, министерот за внатрешни работи во техничкиот мандат, Ивица Дачиќ, изјави дека вечерва, 15 минути по полноќ, во Белград бил извршен терористички напад врз припадник на Жандармеријата кој ја обезбедувал Амбасадата на Израел. Поради тоа, наредено е подигнување на нивото на безбедносна закана од тероризам на највисоко ниво, како и зголемување на присуството на полицијата на клучните локации. Како што додаде тој, припадник на Жандармеријата го усмртил напаѓачот, кој бил малолетен. Нејасно е како српските безбедносни служби, првенствено БИА, дозволиле малолетникот во оваа ситуација да остане без надзор, па така да може да стигне до Амбасадата и да се обиде да убие припадник на Жандармеријата . „Иако неговиот идентитет сè уште не е утврден, нашата служба го следеше и познато е дека тој бил поддржувач на Исламската држава. На својот профил на Инстаграм, тој имал објавено црно знаме и симболот на Исламската држава“, изјави Дачиќ. Тој додаде дека, заедно со директорот на полицијата, генералот Драган Васиљевиќ, го посетил повредениот припадник на Жандармеријата, кој се чувствува добро и денеска ќе биде пуштен на домашно лекување.Тагови: Србија терорист Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter