Фановите веруваат дека Селена Гомез се верила- „виновна“ е снимка на Инстаграм (ФОТО) - Канал 5

Фановите веруваат дека Селена Гомез се верила- „виновна“ е снимка на Инстаграм (ФОТО)

Селена Гомез ги подгреа гласините дека таа и нејзиното момче Бени Бланко се вериле.

Фановите веруваат дека Селена Гомез се верила- „виновна“ е снимка на Инстаграм (ФОТО)

Пејачката неодамна објави фотографија на која таа и Бени позираат пред огледало во бањата. „Ноќно излегување“, напишала во описот на објавата, а на прстенот ставила емотикон со срце.

Обожавателите се убедени дека под емотиконот се крие прстен. „Дали го крие свршеничкиот прстен?“, „Сигурно се свршила“, „Го сокри прстот. Дали се вериле?“, се коментарите на социјалните мрежи.

Инаку, Бланко неодамна откри дека сака да основа семејство со Гомез. Тој гостуваше во шоуто Хауард Стерн, каде откри дека е подготвен да ја подигне романсата со Селена на повисоко ниво, признавајќи дека „секој ден размислува да има деца со познатата поп пејачка“.

"Дали сакаш да имаш деца со Селена? Дали ѝ кажа дека сакаш деца?" прашал 70-годишниот Стерн. „Тоа е секогаш тема на разговор за нас, секој ден“, рече 36-годишниот Бланко. „Тоа е мојата следна цел. Имам многу внуци, сакам да бидам покрај деца“, додаде тој.

Пејачката во декември 2023 година потврди дека била во врска со Бланко шест месеци. Во тоа време, таа го нарече „најдоброто нешто што ѝ се случило“ и рече дека се однесувал кон неа „подобро од кое било човечко суштество на оваа планета“. Двојката се познава со години додека соработуваа со Џеј Балвин и Тејни на „I Can't Get Enough“ во 2019 година.

Телефонски разговор Муцунски – Калас

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, попладнево оствари телефонски разговор со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика, Каја Калас.

Телефонски разговор Муцунски – Калас

Во разговорот, високата претставничка Калас ја потврди континуираната поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија.

Министерот Мучунски ја реафирмираше посветеноста на нашата земја на европските вредности – владеење на правото, дијалог и добрососедска соработка – како темели на процесот на пристапување кон Европската унија.

Во рамки на разговорот стана збор и за регионалното поврзување, при што министерот ја подвлече поддршката за Коридор 8 како стратешки приоритет за инфраструктурна интеграција на регионот.

Соговорниците разменија мислења и за состојбите на Блискиот Исток, заеднички нагласувајќи ја потребата од почитување на меѓународното право и избегнување на понатамошна ескалација.

Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел

На скопскиот аеродром вечерва пристигнува првата група од осум македонски државјани кои се евакуирани од Израел.

Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел

Тие попладнево полетаа од аеродромот во Шарм Ел Шеик во Египет.

Пред министерството за надворешни работи е Елизабета Дамјановска Спасеноска.

Кога се очекува тие да пристигнат во земјава?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Нова експлозија во близина на Иранската државна телевизија

 Во денешниот израелски напад уште една експлозија одекна во близина на седиштето на Иранската државна телевизија (ИРИБ).

Нова експлозија во близина на Иранската државна телевизија

Израел вчера првпат ја нападна зградата на ИРИБ, сместена во северниот дел на Иран.

По вчерашниот израелски напад, ИРИБ кратко време не емитуваше програма. По неколку минутен прекин, ИРИБ повторно почна да емитува програма, а на екраните има и порака дека „сите програми продолжуваат во живо, без прекини“, како и дека Израел „во брутален напад гаѓал една од зградите на иранската државна телевизија“.

Иран по првиот напад врз ИРИБ издаде предупредувања за евакуација за израелските телевизии.

притисни ентер