ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази
1ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
БалканВо грчкиот град Лариса почнува судењето за железничката несреќа кај Темпи пред три години Долгоочекуваниот судски процес за железничката несреќа пред три година кај месноста Темпи, почнува денеска во специјално адаптираната просторија на конгресниот центар на Универзитетот Тесалија во грчкиот град Лариса, а обвинети се 36 лица. Долгоочекуваниот судски процес за железничката несреќа пред три година кај месноста Темпи, почнува денеска во специјално адаптираната просторија на конгресниот центар на Универзитетот Тесалија во грчкиот град Лариса, а обвинети се 36 лица, од кои 33 се гонат кривично, јави дописничката на МИА од Атина. Поради почетокот на судењето, грчката железница утрово започна 24-часовен штрајк, додека пак пред конгресниот центар закажани се и протести, а од Здружението „Темпи“ на роднините на загинатите и повредените бараат правда, но и да не се повтори трагедијата. Железничката несреќа, една од најголемите во последните над 50 години во Грција, се случи кусо по 23 часот на 28 февруари 2023 година кога два воза, патнички и товарен движејќи се по иста шина, но во спротивна насока директно се судрија и животот го загубија 57 лица, поголемиот дел од нив студенти, а над 100 беа повредени, од кои 32 сериозно. Со оглед на тоа што станува збор за обемен процес, со 36 обвинети и 353 сведоци, се проценува дека судењето може да трае и до две години. Меѓу обвинетите се: одговорниот на железничката станица во Лариса, од каде што возот, по направената планирана станица продолжи кон крајната дестинација – Солун, а токму одговорниот дал наредба двата воза да се движат по иста шина; неговите колеги кои биле на смена истата вечер, но си заминале порано; нивниот претпоставен; 28 поранешни раководители и вработени во железницата, во компанијата за железнички инфраструктурни проекти и во Регулаторната комисија за железницата; двајца сега веќе поранешни директори од Министерството за транспорт и инфраструктура, како и двајца поранешни високи функционери на „Hellenic Train“. Од оние кои ќе седнат на обвинителна клупа, 33 лица кривично се гонат за „опасна интервенција во железничкиот сообраќај со евентуална умисла“ за што може да се изрече казна и доживотен затвор, а дополнително се товарат и за прекршочни дела, односно убиство од небрежност во повеќе случаи, тешка телесна повреда од небрежност и лесна телесна повреда од небрежност од одговорно лице во повеќе случаи. Од 352 сведоци, мнозинството, односно 230 ќе го поддржат обвинението и станува збор за роднини на жртвите, преживеани, адвокати итн., додека пак останатите 122 сведоци се оние кои дале исказ за околностите на несреќата во текот на истрагата. Во судскиот процес вклучени се над 200 адвокати, додека пак судскиот предмет содржи над 500 документи. [Спасувачките екипи и пожарникарите и денеска продолжуваат со операцијата на потрага и проверка на вагоните за преживеани и исчезнати лица по железничката несреќа што во вторникот вечерта се с] Судскиот предмет го опфаќа сложениот синџир на одговорности: од работењето на станицата во Лариса и начинот на вработување на кадарот, преку проектите за сигнализација и недостигот на дигитален систем за контрола и следење на возовите, одговорностите на компаниите поврзани со железницата, па сè до највисоките нивоа на надзор над железничкиот систем – Регулаторната комисија и Министерството за транспорт. Коментарите во Грција се дека судењето што започнува денеска е историски судски процес, со оглед на тоа што станува збор за една од најтрагичните несреќи во земјата. Роднините бараат правда „за да нема ново Темпи“ Во изминатите три години семејствата и роднините на жртвите, но и граѓаните во Грција преку низа протести, од кои ланските беа едни од најмасовните во земјата, континуирано бараат правда и со нетрпение го очекуваа процесот за да добијат одговори на сите, досега неодговорени прашања по несреќата, околу причините, одговорностите и сл. Во пресрет на почетокот на судењето, од Здружението „Темпи“ на роднините на загинатите и повредените во железничката несреќа, преку соопштение уште еднаш повторија дека „овој криминал нема да се прикрие“, потсетија на масовните протестите низ цела Грција на тригодишнината од несреќата на 28 февруари, кога беше испратена пораката: „или нивниот профит или нашите животи“. Паралелно ги повикаа синдикатите, студентските здруженија и сите оние кои „на 28 февруари ја покажаа огромната сила на организираната борба и кои не дозволуваат овој криминал да се прикрие, кои бараат осуда на виновниците без разлика колку високо се наоѓаат“ да им дадат поддршка. - Да се собереме повторно заедно во понеделник, на 23 март, на почетокот на судењето во Лариса. Оваа битка е и нашата голема поткрепа за вистинска правда за нашите сакани. Борбата за откривање на вистината не смее и не може да остане само во судницата. За да не се повтори уште едно Темпи!, порачаа од здружението. Конгресниот центар претворен во суд Со оглед на тоа што станува збор за обемен процес, со голем број обвинети и сведоци, а судовите во Лариса не располагаат со толкави капацитети, беше одлучено конгресниот центар на Универзитетот Тесалија, што се наоѓа на околу три километри од центарот на градот, да се преадаптира во суд. Една од просториите, со површина од 283 квадратни метри и капацитет од 500 лица е претворена во судница, додека пак другите се помошни, за новинари, адвокати, каде што ќе бидат поставени монитори за следење на рочиштата. Целиот објект е под силни безбедносни мерки, а уште во текот на летото беше поставена ограда. Тагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!Потресното сведоштво на мајка за насилството што го преживеало нејзиното дете во училиште повторно го отвора прашањето: Кој ги штити децата додека насилството станува нивно секојдневие?Пред години, Либерално-демократската младина ја започна кампањата „Свирни против булинг“, предупредувајќи дека врсничкото насилство не е детска игра, не е фаза на растење и не смее да се премолчува! Предупредувавме, баравме превенција, едукација и институционална реакција. Но нашите апели не добија соодветен одговор. Денес повторно слушаме сведоштва за деца што трпат понижување, физичко и психичко насилство. А каде се институциите? Каде се механизмите за заштита? Кој презема одговорност? Нема оправдување за насилството! Нема оправдување за премолчувањето! И нема простор за уште една празна институционална изјава дека „се работи на случајот“! ЛИДЕМ бара итно: * Надлежните институции да го испитаат пријавениот случај и да обезбедат заштита на детето. * Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат да спроведат контрола на постапувањето по пријавите за врсничко насилство. * Во секое училиште да функционира јасен, достапен и доверлив механизам за пријавување и заштита. * Да се обезбеди психолошка поддршка за жртвите и системска превенција, со вклучување на родителите, наставниците и учениците. * Јавно да се соопштат преземените системски мерки и роковите за нивно спроведување, со целосна заштита на приватноста на децата. Не бараме одмазда меѓу деца. Бараме одговорност од возрасните и институциите што се должни да ги заштитат! Доста е со кампањи само на хартија, протоколи во фиоки и реакции дури откако нечие дете ќе преживее траума! ЛИДЕМ повторно го крева гласот и повикува на конкретна институционална акција. Ниту едно дете не смее да се плаши да оди на училиште! Пред години свиревме за да го спречиме насилството. Денес прашуваме: ДАЛИ НЕКОЈ ВООПШТО НЀ СЛУШАШЕ? СВИРНИ ПРОТИВ БУЛИНГ! НЕ МОЛЧИ ПРЕД НАСИЛСТВОТО! Либерално-демократска младинаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази Филипче и СДС се обидуваат да најдат утеха во пласманот на четвртото место. СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и се радува на поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.СДС под водство на Филипче доживеа политички дебакл. СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје. Бројките и фактите се најдобриот показател за состојбата во која се наоѓа СДС која на чело со Филипче се претвори во партија без политичка визија, без убедлива понуда и без капацитет да се наметне како сериозна алтернатива помеѓу граѓаните. Филипче под менторство на Заев ја претвори СДС во партија која се радува на порази. На Филипче и СДС им посакуваме уште многу вакви „успеси“ четврти и петти места, славење на поразите и се помала поддршка од граѓаните, се наведува во пшартиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција мобилизира 70.000 полицајци пред новиот бран протести Франција стравува од понатамошни немири бидејќи протестите низ целата земја повторно се планирани за денеска.Франција стравува од понатамошни немири бидејќи протестите низ целата земја повторно се планирани за денеска, а властите се загрижени за можно повторување на нивото на насилство видено минатиот викенд. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез објави дека масовното присуство на полицијата треба да спречи насилство и грабежи. Тој рече дека 70.000 полицајци и жандармериски персонал ќе бидат распоредени низ цела Франција. Нуњез додаде дека имало бројни повици за насилство и грабежи, кои, според него, биле пораки од демонстрантите. Голем број протести беа забранети, а рутата на маршот беше променета во Париз Министерот за внатрешни работи рече дека голем број демонстрации веќе се забранети. Собирите ќе бидат дозволени ако организаторите обезбедат обезбедување, „и под услов, се разбира, тие да не се одржуваат на места каде што може да има грабежи, нарушување на јавниот ред и слично“. Во Париз, маршот што го објавија синдикатите беше дозволен, но рутата беше променета. И покрај ограничувањата на демонстрациите во саботата, полицискиот час во чувствителните области на градовите остана на сила, рече Нуњез. Младите луѓе протестираат со недели барајќи подобри услови во училиштата. Во текот на изминатиот викенд, други групи им се придружија на нивните протести во бројни градови, вклучувајќи ги и оние против високите трошоци за живот. На маргините на протестот избувнаа сериозни конфликти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21