Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
1Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
2НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
1Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
ЖивотЕвропскиот елен, нова атракција на ГаличицаНа локалитетот „Косто бачило“, во Националниот парк Галичица, на површина од околу 90 хектари се наоѓа репродуктивниот центар за европски елен. Во моментот таму живеат 100-тина единки, а дел од стадото деновиве ќе биде пуштено надвор од оградениот простор, сами да продолжат во природата. Ќе претставуваат атракција за љубителите на планината и ќе привлечат поголем број посетители во НП „Галичица“. Две ипол метарската жичена ограда ги штити од дивиот и за нив суров свет. Тоа го покажуваат и честите посети на волци околу оградата, а имало и случај кога мечка ја срушила заштитната ограда во обид да влезе во стадото. Склад за храна, хранилки, голема локва, односно поилиште за вода се дел од сликата меѓу разиграното стадо. Поголемиот дел се подготвени сами да егзистираат во дивината, но во стадото има и мали, кои ќе продолжат да растат во хумани услови и човечка грижа. – Во рамки на репродуктивниот центар изградена е потребната инфраструктура. Има објект за складирање на храна (зрнеста и кабаста) со која континуирано преку цела година вршиме прихрана на елените. Во објектот има и просторија за вработените, кои го опслужуваат репродуктивниот ценатар. Изградени се десетина хранилки, голема локва/поилиште за вода и шест двотонски цистерни за складирање на вода. Репродуктивниот центар има и мал внатрешно ограден простор кој е потребен за одвојување на единки кои од него ќе се пуштаат во дивина, како и целосна покриеност со видео надзор, вели раководителот на Одделението за заштита на природата од НП „Галичица“, Андон Бојаџи. Репродуктивниот центар елените ќе го заменат со предизвикот на дивината Иако во моментот живеат во природна средина, сепак вработени во јавната установа НП „Галичица“ се грижат за нив, за потребите од храна, вода, но и за нивното здравје. Токму поради тоа, како што информира Бојаџи за МИА, на два елени ќе им бидат поставени џи-пи-ес уреди со кои ќе бидат следени каде се движат и како се однесуваат во природната средина. Шест единки пак, ќе бидат подарени на заштитениот предел Осоговски Планини за подобрување на генетскиот фонд на популацијата на европски елен во осоговието. Репродиуктивниот центар е изграден во 2018/2019 година со цел реинтродукција на европскиот елен и правилно управување со високопланинските пасишта во Националниот парк со помош на дива фауна. Во 2019 година во центарот донесени се 30 единки, од кои 24 женки и шест мажјаци. Изминатите три години имало принова од елените и сега стадото во репродуктивниот центар брои околу 100 единки. Деновиве се очекува да бидат пуштени 60-тина, а другите ќе останат во центарот уште неколку години со континуирано ослободување од заградениот простор. Заштитничкиот простор од центарот ќе го напуштат соочувајќи се со предизвиците од дивината, пред се поради податокот за зголемувањето на бројот на волци на Галичица. – Елените се надеваме дека ќе се снајдат во природната средина бидејќи ова е реинтродукција, не е нов воспоставен вид. Тие веќе се навикнати на оваа животна средина. Сите организми имаат развиено одбранбен механизам и се надеваме елените ќе можат да преживеат во условите во кои ќе бидат пуштени. Има зголемен број волци на планината, но претпоставуваме дека ни тоа нема да биде проблем за популацијата која ќе ја ослободиме, смета Константин Здравески од НП „Галичица“. Поради сознанието дека Галичица е сува планина постои опасност од спуштање на елените по вода дури и до езерото со што може да се доведе во прашање нивното егзистенцијално преживување, но и да предизвикаат проблем во сообраќајот при преминување на патот. – Заради недостигот на вода во тек е проект преку кој се обезбедени две пумпни станици со кои ќе се обезбеди доволно количество вода за полнење на 18-те локви, кои се наоѓаат на повисоките делови на Галичица со што ќе се намали веројатноста елените да се спуштат на пониска надморска височина, додава Здравески. Очекувањата се дека за десетина години, природната популација на европски елен во Националниот парк ќе стане самоодржлива и способна да обезбеди активно управување барем на дел од високопланинските пасишта и спречување на процесот на сукцесија. Елените не се за лов, туку за управување со високопланинските пасишта Елените не се пуштаат за ловни активности, туку само за управување со високопланинските пасишта, кои поради намален обем на сточарството во изминатите години се пораснати, а нивната биомаса е значително зголемена што претставува опасност од пожари на отворено. – Редовното напасување од големите стада овци, но и косењето на тревата, како и повременото палење на пасиштата, создале вреден екосистем со исклучителна биолошка разновидност и особени пределски вредности. Одржувањето на овој екосистем е возможно само со негово активно управување, односно користење без разлика дали тоа ќе се обезбеди со домашна стока или со здрава популација на диви тревопасни животни, вели Бојаџи. Драстичното опаѓање на интересот за сточарство и изостанокот на користење на високопланинските пасишта, додава Бојаџи, предизвика процес на сукцесија. – Во овој процес, можеме да очекуваме значаен дел од живеалиштата, во долг временски период да се променат и да изгубат дел од својата биолошка разновидност и пределските вредности кои ги поседуваат. Бидејќи не е реално да очекуваме сточарството да стане повторно атрактивно, особено не стариот традиционален начин, Јавната установа Национален парк Галичица преку повторно внесување на европскиот елен, се обидува да обезбеди активно управување со овие екосистеми. Со тоа, ќе се зачувува барем еден дел од овој вреден екосистем, истакнува Бојаџи. Дополнително, зголеменото присуство на елени во природата на паркот и можноста да се набљудуваат во дивина значително ќе ја зголеми атрактивноста и ќе го зголеми бројот на посетители. Со тоа од Националниот парк Галичица сметаат дека ќе придонесат кон зголемувањето на свеста за потребата од заштита на природното наследство кое го поседуваме./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотТркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)Едноставна прошетка се претвори во драматичен инцидент за 19-годишник од Сантијаго, главниот град на Чиле.Младиот човек безгрижно одел по тротоарот кога, од никаде, пред него се појавило тркало од автомобил и со голема брзина излетало од правец на улицата. Тој поминал со полесни повреди Снимка од надзорна камера го забележала драматичниот момент во кој момчето било соборено на земја од силата на ударот, по што загрижените сограѓани му се приближиле. И покрај сè, 19-годишникот преживеал и бил пренесен во клиниката Санта Марија, каде што добил прва помош за повреди на челото, лицето и градите. Надлежните органи го идентификувале возилото од кое се откинало тркалото, како и возачот, а започната е истрага за да се утврдат околностите на бизарниот инцидент. ⚠️ CCTV footage captures the moment a rogue wheel came flying, seemingly out of nowhere, before striking a 19-year-old pedestrian in Santiago, Chile. https://t.co/SRBU6fODCV — TMZ (@TMZ) November 5, 2026 Тркалото удрило и во два автомобила Според изјавата на возачот, автомобилот бил паркиран во гаражата непосредно пред несреќата. Додека возел, едно од тркалата одеднаш се откинало, објавува Иефимерида. Прво удри во два автомобила, потоа се одби и со голема брзина летна на широкиот тротоар на авенијата Лос Леонес. Во следниот момент, силно го удри 19-годишникот одзади, соборувајќи го на земја.Тагови: момче тркало Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаАпокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)Десетици китови-пилоти се пронајдени насукани на плажа на Северниот остров на Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да ги вратат малкуте преживеани во морето, соопшти Одделот за заштита на природата.Најмалку 20 китови-пилоти се насукани по должината на брегот на Нгави, во близина на ’ртот Палисер, најјужната точка на Северниот остров, според „The Straits Times“. Одделот соопшти дека соработува со локалното племе Маори и Проектот Џона, организација специјализирана за спасување на насукани китови. Досега, две животни се успешно вратени во морето. Според локалните жители, дури 50 китови се насукале на брегот преку ноќ, објави Радио Нов Зеланд. Повеќето од животните им подлегнале на повредите, додека волонтерите се обидуваат да ги одржат преживеаните китови во живот и да спречат нивно дехидрирање користејќи кофи со вода и крпи. „Ужасно е. Оние што се уште се живи едвај дишат“, изјави жителот на Нгави, Роб Барг, за Радио Нов Зеланд. در پی بهگلنشستن گروهی از نهنگهای پایلوت (Pilot Whales) در سواحل منطقه ویراراپا، در نزدیکی دماغه پالیزر در جزیره شمالی نیوزیلند، گروهی از داوطلبان و نیروهای امداد حیاتوحش برای نجات این پستانداران دریایی وارد عمل شدند. بر اساس تصاویر منتشرشده از سوی خبرگزاری فرانسه (AFP)، داوطلبان برای بازگرداندن دستکم ۱۴ نهنگ به آبهای عمیقتر تلاش کردهاند. با این حال، گزارشهای منتشرشده از ابعاد گستردهتر این حادثه و تلفات سنگین آن حکایت دارند. وزارت حفاظت محیطزیست نیوزیلند اعلام کرده است که دو گروه از نهنگها در محدوده ساحلی نگاوی گرفتار شدهاند. بر اساس گزارش اولیه این وزارتخانه، در گروه نخست تنها چهار نهنگ زنده باقی مانده بودند و امدادگران در حال آمادهسازی برای تلاش مجدد جهت بازگرداندن آنها به دریا، همزمان با بالا آمدن آب بودند. گروه دوم نیز در نقطهای دیگر از ساحل تحت ارزیابی قرار داشت. شبکه «وان نیوز» نیوزیلند در گزارشی بهروزشده اعلام کرد که گمان میرود دستکم ۳۰ نهنگ در جریان این حادثه جان باخته باشند. در همین حال، برخی ساکنان محلی تعداد نهنگهای گرفتار را حدود ۵۰ رأس برآورد کردهاند. نهنگهای پایلوت حیواناتی اجتماعی هستند و اعضای یک گروه پیوندهای محکمی با یکدیگر دارند، به همین دلیل، هنگامی که یک نهنگ به سمت آبهای کمعمق حرکت میکند، سایر اعضای گروه نیز ممکن است از آن پیروی کنند و در نتیجه تعداد زیادی از آنها همزمان گرفتار شوند. — independentpersian (@indypersian) November 5, 2026 Проектот Џона објави на Фејсбук на 5 ноември дека четири од китовите се уште се живи и дека спасувачите ќе се обидат да ги вратат во морето при плима. Насукувањето на китови е релативно честа појава во Нов Зеланд и соседна Австралија, поради големиот број китови-пилоти кои ги населуваат длабоките води околу двете островски земји. Причината за феноменот е сè уште непозната.Тагови: китови Нов Зеланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЛидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе Кенискиот суд денеска го осуди водачот на сектата Пол Мекензи на 200 години затвор за убиство на 190 деца кои биле изгладнети до смрт и закопани во шумата по негова наредба. Тие се меѓу околу 500 лица осомничени дека се поврзани со едно од најлошите масовни ритуални злосторства во модерната историја. Казната се состои од 100 години затвор за убиствата од глад и уште 100 години за директните убиства, изјави судијката Дијана Кавеџа читајќи ја пресудата, објави Ројтерс. Обвинителството изјави дека Мекензи, кој водел апокалиптична христијанска црква во шума во близина на брегот на Индискиот Океан во источна Кенија, им рекол на своите следбеници да се изгладнат себеси и своите деца до смрт за да стигнат до рајот пред крајот на светот. Неговите соучесници им се заканувале и ги тепале жртвите за да ги принудат да ги следат неговите наредби. Изгладнетите тела биле пронајдени расфрлани во плитки гробови и фрлени во тоалети. Некои жртви биле закопани живи. Макензи, облечен во сива поло маица и црни панталони, се насмевна додека влегуваше во шатор поставен пред судот каде што се одржуваше рочиштето. Тој ги негираше обвиненијата за убиство, велејќи дека не ги принудил жртвите да гладуваат. Судот ја отфрли неговата одбрана. Татко загубил шест деца Случајот ја шокираше Кенија во април 2023 година, кога полицијата почна да открива тела во шумата Шакахола, во близина на крајбрежниот град Малинди. Иако судењето ги опфаќа само случаите на 190 деца и една возрасна жртва, Националната комисија за човекови права на Кенија вели дека вкупно 448 тела се пронајдени во шумата. Макензи е обвинет и за наредба за убиства на 52 лица пронајдени на друга локација, во село оддалечено 30 километри, со што бројот на потенцијални жртви се зголеми на 500. Во тој случај, тој се изјасни за невин. Размерот на убиствата е споредлив со апокалиптичниот култен злостор во кој загинаа повеќе од 700 луѓе во Уганда во 2000 година, како и масакрот во Џонстаун во Гвајана во 1978 година, кога американски водач на секта им наредил на повеќе од 900 луѓе да пијат отров. Стивен Мвити, 48, татко на шесте деца на Мекензи кои биле жртви и сопруг на еден од неговите осудени соучесници, рече дека неговата сопруга ги однела децата во Шакахоле, каде што умреле од глад. Дури и ако возрасните се согласат да постат, „што е со децата?“, праша Мвити за Ројтерс пред пресудата. „Ги изгубив моите деца и нема да можам да ги вратам, без разлика што ќе се случи со Мекензи и неговите соучесници“, рече Мвити. „Очекувам да биде осуден на смрт или доживотен затвор, за да не излезе никогаш и да предизвика повеќе смртни случаи.“ Ден Мекензи, еден од синовите на Пол, рече дека неговиот татко не го поштедил своето семејство. „Не завршив во Шакахола затоа што повеќе не верував дека ќе одиме во рајот. Затоа ја напуштив црквата и почнав да си го правам своето“, изјави тој за Ројтерс. „Исто така, изгубив пријатели, како и помлад брат. Ова е правда за луѓето што ги изгубивме таму во Шакахола.“ Важен чекор, но потребна е поголема одговорност Макензи е на радарот на властите од 2017 година, кога полицијата изврши рација во неговите простории. Властите ја затворија неговата црква во Малинди во 2019 година, по што тој се пресели во блиската шума Шакахола. Откритијата доведоа до повици за построги контроли врз религиозните групи Кенискиот претседател Вилијам Руто назначи работна група во мај 2023 година за да ја разгледа законската и регулаторната рамка. Одделни предлози поддржани од владата и Сенатот беа објавени во 2024 година, но сè уште не се усвоени. Оџиро Одиамбо, раководител на единицата за брза реакција во Комисијата за човекови права на Кенија, рече дека пресудата е важен чекор, но дека одговорноста мора да се прошири, бидејќи локалните администратори, полицијата, разузнавачките службеници и верските водачи се сметаат за одговорни за тоа што не постапиле по повторените предупредувања. „Сите овие луѓе ги изневериле граѓаните“, рече тој. Руто во 2023 година изјави дека како претседател ја преземал одговорноста за неуспехот на владата да спречи умирање на луѓе.Тагови: затвор секта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00