Европската авто- индустрија стравува од дополнителни царини, ако Трамп дојде на власт - Канал 5

Европската авто- индустрија стравува од дополнителни царини, ако Трамп дојде на власт

Оваа есен ќе се одржат избори во Соединетите Американски Држави и се верува дека Доналд Трамп е добро позициониран за нов мандат (2025-2029).

Европската авто- индустрија стравува од дополнителни царини, ако Трамп дојде на власт

Доколку Трамп повторно стане претседател, постои голем ризик старите трговски договори со ЕУ да бидат раскинати, што може да доведе до проблеми за европските производители на автомобили, пишува Automotive News Europe.

За време на претходниот мандат на Доналд Трамп, 2017-2021 година, се појавија дискусии за трговијата меѓу САД и ЕУ. Трамп ја бранеше домашната индустрија и сакаше да воведе високи увозни царини, таканаречени казнени тарифи, на производи произведени надвор од Соединетите држави, а БМВ беше на удар на критики за изградбата на фабрика за автомобили во Сан Луис Потоси (Мексико). Сè, сепак, заврши со трговска војна меѓу САД и Кина, каде двете земји ги зголемија царините една на друга.

Сега кога Доналд Трамп сака да стане претседател за втор мандат, повторно се стравува дека сегашните трговски договори би можеле да се редизајнираат и дека казнените царини би можеле да бидат релевантни. Се вели дека Трамп е подготвен да започне трговска војна, главно против Кина, што може да има големо влијание на глобално ниво.

Меѓу другото, Доналд Трамп го покрена прашањето за исклучување од американскиот пазар на електрични автомобили кои се произведуваат во Кина или кои се произведуваат во други земји, но со делови од Кина. Според експертите од индустријата, тоа тешко би ги погодило и производителите на автомобили од Европа. На крајот на краиштата, Трамп не сака електрични автомобили и често ја доведува во прашање актуелната дебата за климата. Ако тој и неговата администрација победат во САД следната година, многумина веруваат дека поттикот на владата да го развие пазарот на електрични автомобили ќе се намали. Ваквата мерка би влијаела на сите производители на електрични автомобили, вклучително и на Tesla, но и на многу европски производители на автомобили кои инвестираа многу во транзицијата кон електрични автомобили, не само во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Идниот месец раст на пензиите според законската формула, висината на зголемувањето сè уште непозната

По двете линерани покачувања од 1000 денари во септември лани и март годинава – пензиите идниот месец ќе се усогласт процентуално согласно важечкиот закон, вели во изјава за Канал 5 министерот за социјална политика, демографија и млади.

Идниот месец раст на пензиите според законската формула, висината на зголемувањето сè уште непозната

По двете линерани покачувања од 1000 денари во септември лани и март годинава – пензиите идниот месец ќе се усогласт процентуално согласно важечкиот закон, вели во изјава за Канал 5 министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

Колку ќе изнесува покачувањето засега остнаува непознато. Ресорниот министер вели пресемтката ќе се прави по позната формула утврдена со закон и тоа 50 проценти од трошоците за живот и 50 проценти од порастот на просечната исплатена плата во земјава.

„Ќе се исплати оној процентуалниот износ на пензиите односно 50 % трошоци за живот и 50 % од порастот на просечната исплатена плата во земјава на сите вработени тој ќе се применува бидејќи е важчки закон и немаме промена во тој член 37... “ - Ѓоко Велковски – министер за социјална политика, демографија и млади.

Откако во јавноста се отвори прашањето за евентуално укинување на вториот пензиски столб, ресорниот министер вели во моментов во државава има важечки закон, но се прават анализи кои генерално се насочени кан тоа како функционира целиот пензиски систем во земјава и откако ќе завршат ќе се знае дали и во која насока би имало промени во системот.

„Ние во овој момент како што спомнав ги праиме анализите кои ги прават ММФ и Светска банка. Кога ќе се комплетира целата анализа ќе даде и она дали вториот пензиски систем како што е поставен пред 20 години треба да претрпи измени или не. Така да ќе ги почекмае аналзиите за да може и ова прашање да го разрешиме....“ - Ѓоко Велковски – министер за социјална политика, демографија и млади.

Инаку во Македонија во моментов има околу 348.000 корисници на пензија... пред неколку дена на брифинг со новинарите од асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови посочија дека во моемнтов е рано да се почувствуваат придобивките од вториот столб, но според нив национализација на средствата не е решение кое на долг рок ќе има ефект.

Доколку евентуално велат се случи такво нешто штетата ќе биде огромна,а решениерот според нив ќе биде краткорочно...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Родилка не може да оди по царски рез во Штип, надлежните најавија инспекциски надзор

Деветнаесетгодишна родилка не може да оди откако се породила со царски рез во Болница Штип, семејството се сомнева на лекарска грешка и бара да и се помогне, но и одговорност за постапувањата....

Родилка не може да оди по царски рез во Штип, надлежните најавија инспекциски надзор

Свекорот на родилката Вилибран Стојанов преку социјалните мрежи вчера попладнето јавно побара помош лично од министерот за здравство бидејќи неговата 19-годишна снаа Станка Михајлова од село Bаница, по вториот царски рез кој ѝ бил изведен во штипската општа болница пред еден месец не ги чувствува нозете, а била испишана во општа состојба.

Семејството тврди дека еден месец одела од болница во болница, а била и хоспитализирана на неврологија, но дури сега лекар и кажал дека е парализирана, и никогаш нема да прооди...

Од Министерството за здравство велат дека случајот се следи, а наложено е здравствениот инспекторат да изврши вонреден надзор во сите три болници каде што родилката се лекувала.. Семејството бара помош, бидејќи како што велат денес ни се случи на нас, утре може да е било кој друг....

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца нови пациенти со сомнеж за западно нилска треска

Додека тројца се борат за живот, нови тројца скопјани со воспаление на мозокот се примени на Инфективна клиника и се суспектни дека се заразени со „западен нил“ откако биле каснати од домашен комарец. 

Тројца нови пациенти со сомнеж за западно нилска треска

Ниту еден од новохоспитализираните не патувал надвор од Македонија, па се смета дека се заразени дома. За нив иако постои голем сомнеж дека се заразени, се уште се чека лабораториска потврда. Тие се во стабилна здравствена состојба и сите имаат коморбидитети, или хронични состојби, потврдува за Канал 5 Директорот на Инфективната клиника д-р Фадил Цана.

Досега поголем дел од случаите се од Драчево, но има и од Аеродром, Гази Баба, Илинден и Сопиште поради што надлежните спроведуваат и поединечни мерки со прскање од терен и на живеалиштата на потврдените случаи во радиус од 200 метри.

Сите дијагностицирани годинава се над 60 годишна возраст и имаат по неколку хронични заболувања што е ризик фактор за да ја имаат тешката форма на западно нилска треска и затоа лекарите за овие групи апелираат на зголемена претпазливост и заштита од убоди.

Според податоците на надлежните, годинава досега има околу 20 пациенти со болести што ги пренесуваат заразени комарци – најмногу 13 - се со западно нилска треска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер