Снимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)
1Снимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)
Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ЖивотЕвропска младинска картичка – можност за поврзаност, информираност и мобилност Младите на возраст од 15 до 29 години од 1 јули годинава ќе можат да ја користат Европската младинска картичка, со која добиваат поволности и попусти во повеќе од 300 субјекти поделени во неколку сектори.И тоа угостителски објекти, малопродажба, култура, спорт, едукативни центри за обуки за стручни вештини итн. во земјава и во странство. Картичка е бесплатна и за неа може да аплицира секој млад човек во државата преку регистрација на www.mladinskakarticka.mk. На почеток младите ќе добиваат попусти и поволности, но проектот предвидува во иднина таа да се прошири и да се користи за плаќање, за внесување стекнати вештини и искуства и да претставува еден вид лична карта на младите во земјата и во странство. Картичката треба да претставува европска легитимација на младите Можностите и начинот на добивање на Европската младинска картичка минатата недела пред младите ги претставија премиерот Зоран Заев, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова. Премиерот на промоцијата рече дека Европската младинска картичка ќе ги поттикне младите повеќе да бидат мобилни, да се информираат и да го осознаваат своето место во средината и со тоа да бидат активни чинители во својата средина. – Ова е одлична можност за долгорочно почнување процеси преку кои со една единствена картичка ќе може да плаќаат преку интернет, да вадат пари од терминалите, нивните вештини да бидат меморирани на картичката, со еден збор, тоа да биде нивното CV и европска легитимација, изјави Заев. За картичката ќе се аплицира онлајн и ќе може да се подигне на повеќе локации или да биде испратена по пошта. Во проектот досега се вклучени околу 300 субјекти, како што се кафулиња, ресторани, театри, киносали, транспорт, железница и други што ќе дадат одредени попусти во нивните услуги. АМС има склучено меморандум со сите овие субјекти и ќе им биде дадена една налепница што ќе ја залепат на своите објекти. Можност за поврзаност, информираност и мобилност… За одличната можност со една единствена картичка младите да можат да користат повеќе бенефиции, како и за начинот на кој функционира, говореше директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски. – Агенцијата за млади и спорт се залага за подобар живот за младите, а оваа картичка несомнено го олеснува секојдневието на секој млад човек, најпрвин финансиски, но покрај тоа нуди и многу отворени можности за младите, за нивна поврзаност, информираност и мобилност, истакна Каевски. Повеќе од 300 субјекти досега се вклучени во проектот, а Каевски нагласи дека очекува тоа да продолжи да се применува и во иднина и бројката на компании да расте. – Досега се потпишани околу 320 меморандуми за соработка. Со околу други 100 е договорена соработка, а со уште стотина преговараме и им објаснуваме дека треба да бидат општествено одговорни и да пристапат и бидат дел од оваа картичка, изјави Каевски. Картичката е поделена во неколку категории, и тоа: во угостителски објекти – има голем број кафулиња и ресторани што нудат од пет до 25 проценти попусти за младите. Во категоријата малопродажба има продавници за храна, облека, книжарници и продавници што нудат соодветни услуги за младите. Во категоријата култура се вклучени институции како МНТ, МОБ, Театар „Комедија", Театар за деца и младинци и други што нудат 50 проценти на услугите. Во катергоријата спорт влегуваат спортските центри „Борис Трајковски" и „Јане Сандански", продавници како што се „Мондано", „Полеспорт", „Триспорт" и многу други спортски објекти што што се пред сè во насока на услуги на младите да спортуваат и да се рекреираат. Во категоријата едукативни центри и обуки за стручни вештини има широка понуда на обуки за стручни вештини преку Стопанската комора, а од приватниот сектор се „Семос едукација", „Сивус", „Брејнстер", центри за странски јазици и останати субјекти што овозможуваат попусти и квалитетна содржина на обуки потребни за младите за нивна доедукација, развој и напредок. Халк банка е единствена банка партнер и поддржувач на овој проект и нуди повеќе поволности. Услугите не се централизирани само во главниот град, туку низ повеќе градови низ државата. Тука се и туристичките центри како Попова Шапка, Маврово, Охрид и други што нудат дополнителни можности за младите. Подигањето на картичката е од 1 јули 2019 година. Вклучување кон системот на Европска младинска картичка Проектот „Младинска картичка" беше најавен кон крајот на 2018 година, а Владата ја разгледа и ја усвои информацијата за реализација на овој проект во март годинава на 127. владина седница. Проектот е наменет за младите од 15 до 29 години и има за цел да го олесни и да го подобри нивното секојдневие со поволности што ќе опфатат повеќе категории. Владата донесе и заклучок одредени министерства да се вклучат во проектот, како и препорака за единиците на локалната самоуправа да станат дел од овој проект. Втората фаза од „Младинска картичка" е вклучување на националната картичка кон системот „Европска младинска картичка", кога младите од нашата земја ќе можат овие бенефиции да ги уживаат и во земјите членки на ЕУ. Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, рече дека „Европската младинска картичка" е резултат на заедничките заложби на двете различни владини институции за да обезбедат дополнителни придобивки за младите. – Агенцијата за млади и спорт ќе се грижи за обезбедување на што е можно поширок спектар услуги со привилегирани цени за младите, додека Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе ги искористи своите ресурси од програмата „Еразмус+" за да отвори нови перспективи за младите од областа на неформалното и и формалното образование, како и во делот на поттикнување зголемена мобилност на младите. На овој начин, успеваме да отвориме нови можности за младите, притоа водејќи сметка за исклучително строгите одредби на новата регулатива за заштита на личните податоци на ЕУ, рече директорката Димова. Посочи дека Националната агенција во текот на следната година планира процес на дигитализација, со што ќе стане возможно сите обуки, сертификати и стекнати вештини и во земјата и во странство, заедно со дефинирани резултати од учењето да може да се регистрираат на оваа младинска картичка. – Тоа нам многу ќе ни ја олесни работата. Кога вашите вештини се наоѓаат на една картичка, обраќањето до работодавачите станува многу поедноставно. Сите вештини практично ќе бидат тука и многу полесно ќе ги спроведеме сите обврски што произлегуваат од Еуропас и Јутпас. Меѓутоа и вие како млади ќе знаете точно каде се наоѓате и како може понатаму да напредувате во вашата кариера и да допрете до тие што практично навистина ќе ви требаат, изјави Димова. Европската младинска картичка е бесплатна. Аплицирањето за картичката е онлајн, преку апликација во која корисникот ги внесува личните податоци. Повикот за аплицирање за картичката е отворен на веб-страницата mladinskakarticka.mk, а издавањето на картичките ќе почне од 1 јули 2019 година. Младите ќе може да ги подигнат картичките и да се информираат на повеќе локации одредени од Агенцијата за млади и спорт, а постои можност картичката да им биде доставена и по пошта./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
СудбинаПолицаец од Флорида пронашол мртов човек, па му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа (ВИДЕО)Полицаец од Флорида е обвинет за кражба на идентитет на маж што го пронашол мртов, а потоа се преселил во неговиот дом и го презел неговиот идентитет.Брајан Луис Сгурос, 35, полицаец од Лодерхил, Флорида, беше уапсен претходно оваа недела. Истражителите велат дека Сгурос се претставувал како починатиот Денис Вест, се преселил во двокатната куќа каде што го пронашол неговото тело, а потоа ја реновирал. Според полицијата, тој живеел во куќата на југот на Флорида со години без никој да ја открие измамата. Сгурос сè уште не се изјаснил за обвиненијата. Не е познато дали има адвокат. Полициската управа на Лодерхил го отстранила од должностите и го суспендирала, објавува Би-Би-Си. 🔥🚨DEVELOPING: A Florida man who was found dead in his home during a welfare check in July 2022 and a officer who discovered the body named Brian Louis Sguros with the Lauderhill Police Department moved into the home and spent years impersonating him. https://t.co/k5AO01IkfJ — Dom Lucre | Breaker of Narratives (@dom_lucre) October 22, 2026 Организирал кремација на телото на сопственикот на куќата Во 2022 година, полицијата добила повик да провери за 71-годишниот жител на Лодерхил, Денис Вест. Полицаецот Брајан Луис Сгурос бил испратен да помогне во истрагата. Кога го пронашол Вест, кој починал од природна смрт, наводно „смислил сложена измама за да ја преземе контролата врз домот на лицето“, се вели во соопштението на шерифската канцеларија на округот Бровард. Според соопштението, истражителите тврдат дека Сгурос му кажал на канцеларијата на мртовечникот дека е пријател на Вест, иако властите не пронашле докази дека двајцата се познавале. Судските документи наведуваат дека полицаецот е виден на камерата на телото за време на запирањето и дека нема индикации дека имал претходен контакт со Вест. Сгурос наводно му кажал и на канцеларијата на мртовечникот дека Вест нема живи членови на семејството, што исто така било неточно. Потоа Сгурос организирал кремирање на телото на Вест. Florida officer accused of stealing dead man's identity and moving into his home, police say https://t.co/SoitCwbpYg — BBC News (World) (@BBCWorld) October 22, 2026 Вели дека сакал да спречи други нелегално да се вселат во домот Заедничката истрага на канцеларијата на шерифот и Канцеларијата за проценувачи на недвижности во округот Бровард откри дека Сгурос ја презел куќата и се вселил во неа во август 2022 година. Властите велат дека тој поднел документација до канцеларијата за проценка на имотот во 2025 година во која наведува дека ја презел куќата во август 2022 година. Судските документи наведуваат дека Сгурос тврди дека ја презел куќата бидејќи била опасна и сакал да спречи други нелегално да се вселат. Тој ги плаќал сметките за комунални услуги на име на починатиот. Тој, исто така, аплицирал за дозвола за замена на надворешните врати и прозорци, што би чинело 8.000 долари. Сгурос тврдел дека ја зголемил вредноста на имотот и инвестирал повеќе од 214.000 долари во куќата. Тој плати кауција од 25.000 долари Мажот е обвинет за злоупотреба на службена должност, незаконска употреба на идентитет на починато лице, незаконска употреба на лични идентификациски информации, кривично дело против корисник на компјутер и незаконска употреба на двонасочен комуникациски уред. Тој беше ослободен од притвор со кауција од 25.000 долари. Локалните агенции за спроведување на законот дознаа за случајот кога наследниците на Вест се обидоа да го продадат имотот.Тагови: полицаец флорида Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСнимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)Два авиона на Филипинските воздухопловни сили се судрија за време на тренинг лет и се урнаа во воздухопловна база јужно од Манила. Сите четири пилоти загинаа во несреќата, соопштија филипинските власти. Два авиони SF-260 се судрија вчера попладне за време на лет на ниска надморска височина пред да се срушат во воздухопловната база Фернандо во Липа Сити, во крајбрежната покраина Батангас јужно од главниот град. Нема повредени на земја во несреќата, соопштија официјални лица. Филипинските воздухопловни сили не дадоа детали за несреќата, која ја опишаа како случајна. Двајца филипински службеници запознаени со инцидентот рекоа дека авионите се судриле во воздух. Тие зборуваа под услов на анонимност бидејќи не биле овластени јавно да коментираат за случајот. Еден од двата двоседни авиони се урна во близина на воената касарна во воздухопловната база, изјави сведок за Асошиејтед Прес. Воздухопловните сили објавија дека привремено ги приземјиле сите преостанати авиони SF-260, набавени од Италија, во исчекување на истрага. Не е објавено колку од овие авиони сè уште се во употреба. 🇵🇭 Four Philippine Air Force pilots were killed in a collision of two SF-260 training aircraft The planes collided in mid-air and crashed within the perimeter of Fernando Air Base in Lipa, south of Manila. All four pilots on board both aircraft died. https://t.co/1WX1rNtcY1 — Visegrád 24 (@visegrad24) October 24, 2026 Филипинската војска се соочува со недостаток на средства Во мај, филипински SF-260 се урна и за време на навигациски тренинг лет во планинската покраина Бенгет на север од земјата, додека леташе со неколку други авиони од ист тип. Двајцата пилоти беа убиени. Според податоците на воздухопловните сили, во 2023 година, друг SF-260 се урна за време на тренинг лет во оризово поле во покраината Батаан, северозападно од Манила. Двајцата членови на екипажот беа убиени. Вчерашната несреќа е уште еден удар за филипинската војска, која долго време се соочуваше со недостаток на средства. Поради буџетски ограничувања, Филипините со години се борат да ги модернизираат своите воздухопловни сили, морнарица и армија. Во исто време, земјата се соочува со децениски комунистички и муслимански бунтови и сè понепријателски територијални спорови со Пекинг во Јужното Кинеско Море.Тагови: пилоти Филипините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНајмалку 150 лица се убиени во напад со дрон на пазар во Судан- реагира ОНСоветот за безбедност на Обединетите нации повика на истрага за нападите со беспилотни летала во Абјеи, спорна територија меѓу Судан и Јужен Судан, во кои загинаа десетици луѓе.Советот остро ги осуди нападите во близина на пазар во градот Тодах, соопшти најмоќното тело на ОН. Локалните власти велат дека најмалку 150 лица се убиени Локалните власти соопштија дека најмалку 150 лица се убиени во нападите . Обединетите нации потврдија најмалку 80 смртни случаи, а по други сè уште се трага. Нападите, исто така, предизвикаа големи пожари, од кои повеќето беа изгаснати од мировната мисија на ОН во Абјеи (UNISFA), соопшти ОН. Советот за безбедност нагласи дека Абјеи мора да остане демилитаризиран и предупреди дека намерните напади врз цивили би можеле да претставуваат воени злосторства. 🚨 Death toll from drone attack on market in disputed Abyei region between Sudan and South Sudan rises to 153, official says 📌 South Sudanese official accuses Sudanese army of carrying out attack, while 30 injured remain hospitalized https://t.co/33khVc392z https://t.co/WpKQ6QE6XU — Anadolu English (@anadoluagency) October 21, 2026 Локалните медиуми објавија дека портпаролот на владата во регионот богат со ресурси рекол дека целите биле цистерни во дел од пазарот каде што суданските трговци работеле. Владата на Јужен Судан ја обвини суданската армија за нападите, но армијата негираше одговорност. Во нападите со беспилотни летала загинаа стотици цивили оваа година Јужен Судан доби независност од Судан во 2011 година по една деценија граѓанска војна. Статусот на Абјеи останува нерешен, а мировна мисија на ОН е стационирана таму од 2011 година. Суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (RSF) се борат за контрола врз земјата од април 2023 година. Граѓанската војна дополнително ја дестабилизираше ситуацијата во спорниот граничен регион, според ОН. Инцидентот е дел од серија напади со дронови што драматично го променија текот на војната во Судан оваа година. Според Канцеларијата за човекови права на ОН (OHCHR), најмалку 1.120 цивили беа убиени во напади со беспилотни летала во Судан само во првата половина од годината. Тагови: дрон Судан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter