Еве како семејството Ѓоковиќ ги поминува овие есенски денови во Срем - Канал 5

Еве како семејството Ѓоковиќ ги поминува овие есенски денови во Срем

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, направи кратка пауза од професионалните ангажмани и со семејството пристигна во Србија, а деновите ги поминува во природа физички активен. 

Еве како семејството Ѓоковиќ ги поминува овие есенски денови во Срем

Прво уживаа во Белград, а потоа и во Војводина, во домот што го направија во Срем.

Откако се видоа со семејствата во Белград, тие се упатија кон Срем, каде што поседуваат прекрасен имот на брегот на Павловачко језеро.

Како што дознаваме, цело маало со многу љубов го дочекало семејството Ѓоковиќ.

-Соседите се воодушевени од нив, бидејќи се скромни и приземни, се однесуваат како нормално семејство. Локалните жители им носат непрскан зеленчук и овошје за децата, а бабите им нудат зимица. Ноле и Јелена секогаш ги поздравуваат со насмевка и се воодушевени од топлината на луѓето на кои наишле. Секогаш се добро расположени и подготвени за разговор - открива нашиот извор и додава дека, како и нивните родители, Тара и Стефан се вистински авантуристи:

Тие секој ден одат во шумата и ја истражуваат преубавата природа во околината на Срем... Домот што го имаат во Срем е вистински мал рај за нив.

Како што дознаваме, Јелена и Новак имаат заеднички став дека нивните деца треба да се дружат со децата во Белград и Срем за да го подобрат српскиот јазик. Јелена неодамна посочи дека, по повеќе од една деценија живеење во странство, таа често несвесно користи странски зборови и изрази, и укажа на важноста од зачувувањето на српскиот јазик, традиција и култура.

Извор: blic.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов обид за нелегален премин во Сеута: Уапсени 150 мигранти

Мароканската полиција пресретна и уапси околу 150 мигранти кои се обиделе да влезат во шпанската северно-африканска енклава Сеута.

Нов обид за нелегален премин во Сеута: Уапсени 150 мигранти

За време на операцијата, како што пренесуваат светските бил употребен солзавец, а на безбедносните сили им помагаа хеликоптери, беспилотни летала и полициски кучиња.

Според извештаите, најголем дел биле граѓани на земјите од подсахарска Африка, но и десетици марокански државјани.

Најновиот обид за нелегален премин на границата доаѓа две недели откако повеќе од 72.000 мигранти влегоа во Сеута, при што околу 100 луѓе загинаа во обидот да стигнат до европско тло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Отпуштање наставници, затворање училишта и хајка против директори – образованието е под окупација од ВМРО

Додека Мицкоски беше на „научнообразовна екскурзија“ во Белгија, Јаневска дома ја спроведува своја „образовна програма“ - ги злоупотребува образовните институции за политичка пресeметка од најдолен вид.

СДСМ: Отпуштање наставници, затворање училишта и хајка против директори – образованието е под окупација од ВМРО

Наместо фокус на подобро образование – ВМРО и Јаневска создадоа хаос во образованието, се отпуштаат наставници и се затвораат како што најави над 20 подрачни училишта ширум државата.

ВМРО ОКГ ја партизираше секоја институција, па сега на ред дојдоа и директорите од училиштата.

Според информациите кои стигнаа до нас, двајца инспектори од Државниот просветен инспекторат, периодов спроведуваат хајка кон директори кои не се партиски послушници.

Прашуваме, дали едни исти двајца инспектори, Мирјана Насковска и Тони Илиев во повеќе училишта спроведуваат вонредни инспекциски надзори по претставки со слична или идентична содржина.

Дали врз директори од средни училишта се врши притисок да поднесат оставка или да се откажат од функцијата пред истекот на нивниот мандат.

Дали власта на Мицкоски врши политичка операција за чистење на кадри, неподобни директори и поставување на партиски послушници.

Дали инспекцискиот надзор е претворен во механизам за смена на неподобни директори.

Затоа ли овие двајца инспектори се појавуваат во речиси сите инспекциски надзори, а истовремено се и кадровски унапредувани и или наградувани.

Очигледно Наскова и Илиев се „инспектори од доверба“ на ВМРО, за специјална намена. Инспектори кои се користат за однапред зададена политичка задача.

Ваква постапка за притсок и смена на неподобни директори се одвива и во средното училиште во Скопје „Панче Арсовски“, каде што постапуваат токму овие двајца инспектори.

Истовремено, веќе има директори кои ги оспориле решенијата за разрешување.

Дел од постапките се пред второстепени органи, а има и случаи во кои Управниот суд интервенирал и ја вратил постапката на повторно одлучување, како и случаи со мериторни одлуки во корист на разрешени директори.

СДСМ не е против инспекцискиот надзор, но се противи да биде злоупотребен овој механизам како средство за реваншизам и поставување на партиски подобни директори.

Го повикуваме Државниот просветен инспекторат веднаш да ја запре оваа политичка операција за елиминација на неподобни директори.

Јавно да одговори: зошто едни исти инспектори се појавуваат во повеќе вакви постапки?

Бараме проверка на постапувањето на инспекторите, на критериумите за нивните кадровски унапредувања или дополнителните надоместоци, на начинот на распределба на предметите и наводите за притисоци врз директори.

Партиските интереси и канџи мора да се тргнат од образованието. Тоа требало да го види Мицкоски на научната екскурзија во Бриж.

Училиштата не се партиски штабови. Директорите не се партиски послушници.

Затоа македонското образование со ВМРО-ОКГ тоне.

Државниот просветен инспекторат треба да биде чувар на законите, а не чувар на партиските интереси и политички инструмент на власта на ВМРО.

Прес-конференција на СДСМ, Јованче Манасков – Комисија за образование

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на Филипче и СДС, водата во Гостивар е повторно питка

Додека институциите работат и ги решаваат проблемите, СДС се обидува политички да профитира преку ширење страв и паника меѓу граѓаните.

Петрушевски: Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на Филипче и СДС, водата во Гостивар е повторно питка

Последен пример е ширењето на лаги и манипулации за наводна загадена вода во Скопје. Прво пласираат обвинувања, а кога ќе бидат демантирани со факти, нема ниту извинување ниту одговорност.

Исто беше и со водата во Гостивар. Надлежните институции ги направија потребните испитувања и потврдија дека водата е безбедна за пиење. Наместо да ги прифати фактите, СДС продолжува да создава сомнеж кај граѓаните.

Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на СДС. Водата во Гостивар е безбедна, а институциите ја следат состојбата и постапуваат одговорно.

Додека Филипче е на Паљури со Заев, хаосот во СДС е поголем од кога било. Наместо да измислуваат кризи, во СДС треба да се справат со сопствениот хаос.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер