СветЕУ одобри одбранбен фонд, вреден 150 милијарди евра Европските министри одобрија создавање фонд за одбрана од 150 милијарди евра, поради загриженоста за иден руски напад и сомнежите во врска со безбедносните обврски на САД кон ЕУ.Одобрувањето од страна на министрите е последниот правен чекор во воспоставувањето на фондот „Безбедносна акција за Европа“ (SAFE), која е поддржана од заедничко задолжување од ЕУ и ќе доделува кредити на европските земји за заеднички одбранбени проекти, објави Франс 24. Европската комисија го предложи фондот во март, бидејќи меѓу европските лидери растеа стравувањата и сомневањата дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нема да застане во одбрана на Европа во случај на потенцијален напад. Алармирани од руската инвазија на Украина и стравувајќи дека би можеле да бидат следната цел на Москва, земјите од ЕУ веќе ги зголемија трошоците за одбрана за повеќе од 30 проценти во последните три години, но лидерите на ЕУ тврдат дека тоа не е доволно. EU approves €150 billion for ‘SAFE’ arms fund to boost defence https://t.co/xc90bDAIOQ pic.twitter.com/GMPhiYZiBv — FRANCE 24 – Europe (@EuropeF24) May 27, 2025 Иницијативата SAFE има за цел да ги сруши националните бариери преку финансирање на заеднички проекти меѓу земјите од ЕУ и силно препорачува купување на европско оружје, со цел зајакнување на одбранбената индустрија во Европа.Тагови: ЕУ фондови фонд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
ЕвропаПолски автобус се преврте во Унгарија; 12 загинатиДванаесет лица загинаа, а најмалку десет се повредени откако полски автобус се преврте во текот на ноќта на автопат во источна Унгарија. Унгарскиот премиер Петер Маѓар ја соопшти веста за несреќата во објава на Фејсбук утрово пренесува Ројтерс. Рано утринава, автобус излета во канал и се преврте на автопатот М3, во близина на градот Мезехерестеш. Полицијата соопшти дека возилото се движело кон градот Њиреѓхаза. Државната новинска агенција МТИ известува дека во автобусот имало 57 патници и двајца возачи. Истрага за причините Во соопштението, полицијата наведе дека автобусот излетал во канал и се превртел на дел од патот што бил прав. „Првичните информации укажуваат на тоа дека возачот веројатно заспал“, се наведува на веб-страницата на полицијата. Потврдено е дека возачот на автобусот е приведен, а сите повредени се пренесени во болница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево со температури до 36 степениВремето денес според Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 35 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
МакедонијаЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минутиПоголема фреквенција на возила има и на граничните премини. Зголемен број возила е регистриран утрово на патиштата низ земјава, особено на делниците надвор од населените места, информира Автомото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државната патна мрежа генерално се одвива без поголеми проблеми, а коловозите се суви и проодни. Поголема фреквенција на возила има и на граничните премини. На ГП Табановце се бележи задржување од околу 30 минути при излез од Македонија, додека најголемо чекање има на ГП Богородица, каде возачите и патниците во моментов се задржуваат околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања при влез или излез од државата. Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината кон условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Се препорачува дополнително внимание при движење низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои ризик од појава на одрони. Посебна внимателност се советува на патните правци Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево. АМСМ ги повикува учесниците во сообраќајот да возат внимателно и да ги почитуваат ограничувањата, особено во услови на зголемен сообраќаен интензитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook