3Левица. И ЕВН мора да одговара кога од нејзината мрежа тргнуваат пожари - монопол не значи недопирливост
СветНеверојатно многу ќе чини вооружувањето на Европа- ќе се формира фонд за ЕДММинистерствата за финансии на Европската унија денеска почнаа разговори за заедничкиот одбранбен фонд кој ќе купува и поседува воена опрема и на членовите ќе им наплатува надомест за нејзината употреба.Министерствата за финансии на Европската унија денеска почнаа разговори за заедничкиот одбранбен фонд кој ќе купува и поседува воена опрема и на членовите ќе им наплатува надомест за нејзината употреба, со цел да се зголемат трошоците за одбраната без да се оптоваруваат националните сметки со дополнителен долг. Фондот наречен „Европски одбранбен механизам (European Defence Mechanism - EDM), беше предложен од тинк-тенкот „Бројгел“, објави Ројтерс. Неколку други земји од ЕУ изразија поддршка за предлогот за вооружување, истакнувајќи дека формирањето таков фонд би можело да биде „технички релативно едноставно“, бидејќи ќе се заснова на моделот на спасувачкиот фонд на еврозоната. ЕУ веќе размислува за зголемување на воените трошоци за 800 милијарди евра во следните четири години, со релаксирање на фискалните правила за одбранбените инвестиции и со заедничко задолжување за големи одбранбени проекти во рамките на буџетот на ЕУ. Сепак, таквите опции го зголемуваат националниот долг - причина за загриженост за многу високо задолжени земји - додека предлогот на Бригел ќе дозволи некои одбранбени трошоци да се отстранат од националните книги. ЕДМ може да прими членови од Европа кои се надвор од ЕУ, како што се Обединетото Кралство, Украина или Норвешка. Бидејќи фондот би ја поседувал опремата што ја купува, долгот настанат за негово финансирање ќе остане на контото на ЕДМ, а не на националните сметки.Тагови: вооружување Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
БалканВидео: Хаос во Грција: Водената буица носела сè пред себе, гром удри во женаСилното невреме што во саботата попладне го зафати регионот Мани на Пелопонез предизвика поплави, а водената буица однесела автомобили и предизвикала големи штети на куќите и патиштата.Чудно лето во Грција, хсотичните пожари и пеколните денови сега во делови од државата се заменети со силни и обилни врнежи од дожд проследени со удари на гром. Според порталот „Та неа“, куќи и сместувачки капацитети биле поплавени за само неколку минути, а во градот Итило, жена била погодена од гром додека се наоѓала во својот автомобил и со брза помош била пренесена во болницата во Спарта. Исто така, се известува дека противпожарната служба примила десетици повици, а најмалку десет лица биле безбедно извлечени од нивните возила. Порталот „Алфа вита“ исто така пишува дека водата однела неколку автомобили во морето и дека биле уништени делови од патната мрежа. A powerful summer storm brought flash floods to multiple communities in eastern Mani, Peloponnese on Saturday. The Greek Fire Service responded to dozens of emergency calls, rescuing trapped drivers. Local authorities remain on high alert. Stay safe out there!#GreeceFloods… pic.twitter.com/la2LQM1tQx — Byte Brief (@Byte_brief) August 16, 2026 Големи штети настанале и во населбите Алипа, Кокала, Итилу, Лимени, Каравостаси и во други области на источен Мани. Во Алипа, на неколку места, нивото на водата се искачило до прозорците на објектите, при што биле поплавени куќи и туристички сместувачки капацитети, а водата и калта предизвикале значителна материјална штета.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во ГрцијаРедно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност.Предавничката СДС изгуби компас, не знае кај тера, целосно е дезориентирана, закажува настани, потоа ги презакажува, за на крај целосно да ги откаже. Тоа веројатно е последица на долгата изложеност на јакото сонце од елитните плажи и скапи јахти по Егејското море во Грција. Друго објаснување нема нивната дезориентираност која, како на дугме, ја раководи ова партиско раководство на чело со Венко Филипче, поставено од Зоран Заев. И така, додека Венко во друштво на Заев со луксузна јахта крстари по Егејот, неговите послушници во Македонија продолжуваат со ширење лаги, манипулации, правење насилни инциденти за да предизвикаат вознемиреност, страв и паника кај граѓаните. Посебно загрижува нивното однесување околу безбедноста на водата за пиење. Сите надлежните институции навремено ги спроведоа сите мерки и активности за целосно решавање на проблемот и според резултатите од последните испитувања, водата во Гостивар е безбедна за пиење. За нецели четири недели проблемот во Гостивар целосно се реши, а СДС, наместо да ги почитуваат официјалните резултати продолжува со создавање сомнежи и паника и да бара документи. Слично беше и со нивните тврдења во однос на водата во Скопје, кои ги надминаа размерите на политичка пропаганда, каде што пласираните информации беа демантирани со релевантни податоци и докази. Народот не заслужува вакви политички игри од преостанатиот талог во СДС со прашања поврзани со водата за пиење, нивното здравје и безбедност. Граѓаните можат да бидат спокојни, водата за пиење во Гостивар, а и во Скопје, е исправна и безбедна за пиење, а институциите продолжуваат одговорно да се грижат за нивното здравје и безбедност. А, на СДС и на Венко Филипче добронамерно им порачуваме, веќе е време да се соземат и што побрзо да се приберат од плажите по кои се распослани, затоа што предолгото изложување на сонцето предизвикува сончаница и носи последици по здравјето. Хаосот во кој се наоѓа и е заглавен талогот на СДС, не смее да биде причина за создавање дополнителен хаос и несигурност меѓу граѓаните. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
МакедонијаЛевица. И ЕВН мора да одговара кога од нејзината мрежа тргнуваат пожари - монопол не значи недопирливостКога некој ќе фрли догорче, ќе запали стрниште или намерно ќе подметне пожар, треба да се бара истрага, санкција и одговорност. Но, што кога пожарот не го предизвикал подметнувач, туку електричен вод? Истиот принцип мора да важи и кога огнот тргнува од електроенергетската инфраструктура. Пожарот кај Рамни Габер во Студеничани го отвора ова прашање. Според првичните информации изнесени од надлежните, пожарот бил предизвикан од искра од кабел на дистрибутивната мрежа. Доколку се потврди, тогаш истрагата не смее да заврши со утврдување на причината. Мора да се понесе и одговорност, бидејќи пожарот можел да биде спречен и воопшто да не се случи. Мрежните правила наложуваат операторот да има организирано одржување на системот, а за надземните водови изречно предвидуваат прегледи, контроли, испитувања и ревизии, како и поправки, отстранување недостатоци и отклонување дефекти. Меѓудругото, на граѓаните и тоа им се фактурира. Значи, каблите не се оставаат да висат над Македонија, туку нивната состојба треба да се следи и ризиците да се отстрануваат пред искрата да стане пожар. Особено во лето, кога високите температури влијаат врз провисот на надземните проводници, контролата на критичните распони, растојанијата, вегетацијата и механичката состојба на мрежата е основна превенција. ЕВН е дел од австриска енергетска групација со седиште во Австрија. Во Македонија со години работи во ултрапривилегирана положба на дистрибутивниот пазар, а граѓаните многу добро ја знаат нејзината ефикасност од аспект на коректноста, кога треба да се наплати долг, да се пресмета камата, да се исклучи корисник и слично. Редно е да ја видиме истата ефикасност и кога треба да се отвори нивното досие за одржување. Не може државата и органите на прогон да се помрднат само при можност за подметнат пожар, а за моќен енергетски субјект иста таква искра да биде заведена како временска неприлика и сите да си одат дома. Левица бара за секој пожар за кој постојат индиции дека потекнува од електродистрибутивната мрежа да биде предмет на темелна техничка и правна истрага, да се утврдат точниот вод, сопственоста, техничката состојба, датумите и записниците од последните контроли, пријавените дефекти и преземените интервенции. Ако се утврди дека пожар настанал поради пропуштено одржување, ненавремено отстранет дефект или друг пропуст – мора да се испита и кривичната и материјалната одговорност. ЕВН не смее да биде над законите! Доста е со третманот на недопирливост. Кој наплаќа за мрежата - мора да одговара и за мрежата. Кој го зема профитот - мора да го сноси и ризикот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter