3Змија излегува од хаубата среде возење- снимката ги преплаши возачите и собра 11 милиони прегледи(ВИДЕО)
МакедонијаЕУ ги пофали реформите, спасени милионите од планот за растЕвроамбасадорот Рокас позитивно го оцени исполнувањето на реформската агенда во јунскиот рок составена од 51 реформски чекор од кои се очекува да бидат завршени 19 во кои влегуваат и 10 со грејс период од лани. Очекувањата на Рокас се дека од 10те реформи со грејс период, за чие неисполнување трајно се губат наменетите европските средства, како што вели, „9 или 9 и половина чекори„ ќе бидат успешно завршени. За квалитетот на спроведените реформи пак, се чека Европската комисија да се произнесе со финалната оценка во септември оваа година. -Морам да кажам дека работевме многу напорно, многу тесно со владата за да ги исполниме, многу сум уверен дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме одличен резултат. Исто така, важно е дека во сите 51 чекори има напредок. Уверен сум бидејќи видов забрзување на реформите,- - Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ . Доколку успешно се завршат 19те реформи, би се ослободил бруто износ од околу 100 милиони евра од Планот за раст, од кои како што прецизираше премиерот, една третина се за ликвидност на буџетот додека останатите се грантови за капитални инвестиции преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. Како резултат на исполнети реформи, државава досега добила 142, 1 милион евра, информираа од Министерството за европски прашања. Додека пак во контекст на најавите од Брисел дека Македонија е една од трите земји кон кои би се распределиле европските пари изгубени од земјите од регионот кои не успеале навремено да испорачаат реформи, премиерот вели дека веќе се дискутираат приоритетните области кон кои би се насочиле дополнителните средства. За реформските чекори со грејс период за кои Владата водеше преговори со Европската комисија за нивна корекција, особено оној кој се однесува на либерализација на енергетскиот пазар за кој се стравуваше дека ќе донесе повисоки цени на струјата за домаќинствата, премиерот Мицкоски најави дека веќе е постигнато решение усогласено со Европската комисија, според кое од Нова година, ЕСМ ќе испорачаува максимум 70% од потребната елекетирна енергија кон универзалниот снабдувач - ЕВН Хоум, наместо сегашните 100%. Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
МакедонијаСтефан Андоновскиво „Вести плус“ Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Стефан Андоновски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МагазинШест грешки што мажите често ги прават во кревет, а кај жените ја гасат желбата за интимностЕдна грешка блискоста може да ја претвори во непријатност, а многумина не се свесни дека ја прават.Сексуалната привлечност не настанува во спалната, на блискоста и желбата влијаат и начинот на кој партнерот се однесува во текот на денот, вниманието што си го даваат еден на друг, но и атмосферата што му претходи на интимниот чин. Понекогаш е доволен само еден погрешен потег за желбата потполно да се угаси. Ова се најчестите грешки што би требало да ги избегнувате. Недостаток на предигра Ова не е само физичка подготовка за интимниот чин, туку и начин на поврзување на партнерите. Кога некој брза или целосно ја прескокне предиграта, другата страна може да има чувство дека фокусот е на самиот чин, а не на заедничкото искуство. Нежните допири, бакнежите, гушкањето и малото внимание често имаат големо влијание врз чувството на блискост и пожелност. Лоша хигиена Привлечноста може веднаш да ја снема доколку партнерот не води сметка за личната хигиена. Непријатниот мирис на телото, неизмиените заби, потта или неуредноста може комплетно да го уништат моментот. Туширањето, свежата облека и основната грижа за хигиената не се само прашање на изглед, туку и знак на почит кон личноста со која ја делите интимноста. Расправија непосредно пред сексот Партнерите тешко е се опуштаат и препуштаат на блискоста ако помеѓу нив постои лутина и нерешени проблеми. Критиката, подигањето на тонот и меѓусебното обвинување целосно ја гаси желбата. Емоционалната поврзаност е дел од сексуалната привлечност, па искрениот разговор и смирување на тензиите често мора да претходат на интимата. Користење на мобилниот телефон Проверувањето на пораки, социјални мрежи или електронска пошта од работа во моментот кога вниманието би требало да биде насочено кон партнерот може да остави впечаток на незаинтересираност. Едноставен гест, како оставање на телефонот, покажува дека заедничкиот момент е важен и допринесува кон чувството на поврзаност. Притисок и брзање Желбата треба да биде обострана и да не делува како обврска. Инсистирањето, наговарањето или брзањето на партнерката кога не е расположена може да има сосема спротивен ефект и дополнително да ги оддалечи партнерите. Трпението, разбирањето и почитувањето на чувствата создаваат атмосфера во која двајцата партнери се чувствуваат пријатно. Неспретен почеток на интимноста Начинот на кој партнерот ја почнува блискоста може многу да влијае на расположението. Несоодветните шеги, грубите зборови или директните барања без романтика одбиваат многу жени. Наместо тоа, допирот, комплиментот, бакнежот или искрената желба често создаваат подобра атмосфера.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноМечка растури автомобил пред шокираните возачи во колоната: Не смеете да застанете (ВИДЕО)Нов инцидент со мечка е снимен на познатиот пат Трансфагарасан, една од најпосетуваните туристички рути во Романија.Дивото животно се приближило до автомобил во конвој, потоа го зграпчило задниот браник и речиси го откорнало, додека возачите го гледале местото на настанот. „Не смеете да застанете...“ Објавеното видео покажува мечка како откорнува дел од четирицикл, а сè се случило во сабота, 22 август. Автомобилот му припаѓа на возач од Клуж, кој по инцидентот останал со непозната штета, објавува Либертатеа. Сведоците велат дека најверојатно станува збор за женка, бидејќи во непосредна близина имало младенчиња. Видеото брзо стана вирално, привлекувајќи бројни коментари. „Не смеете да застанувате и да храните диви животни. Ова е цената што можете да ја платите“, напишал еден корисник. „Како да му го објасните ова на осигурувањето“, додаде друг. Наметнати се строги казни Присуството на мечки во близина на Трансфагарасан не е ништо ново. Властите им советуваат на возачите и туристите да не ги запираат своите возила за да фотографираат или снимаат диви животни. Исто така, им се советува да не ги хранат. „Хранењето на мечките може да доведе до тоа животните да ги поврзат автомобилите и луѓето со извори на храна, зголемувајќи го ризикот од инциденти“, се вели во него. Во Романија, хранењето на мечките што живеат во дивината се казнува со казни во износ од 10.000 до 30.000 леи (1.900 до 5.700 евра). Строгите санкции се воведени за да се спречи животните да се навикнат на присуството на луѓе и извори на храна покрај патиштата.Тагови: возачи мечка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook