ЕП ќе гласа за трговски привилегии за Балканот, услов земјите да ја почитуваат демократијата - Канал 5

ЕП ќе гласа за трговски привилегии за Балканот, услов земјите да ја почитуваат демократијата

Европскиот парламент овој четврток ќе гласа за продолжување на регулативата која им олеснува на земјите од Западен Балкан да тргуваат на Европскиот пазар со овошје, зеленчук и вино, ослободени од царински давачки или пак со намалени царински стапки.

ЕП ќе гласа за трговски привилегии за Балканот, услов земјите да ја почитуваат демократијата

Условот за продолжување на овие исклучителни трговски мерки до 2030та година е земјите да ги почитуваат демократските принципи и владеење на правото.

-И покрај нивниот ограничен опсег, сегашните автономни трговски мерки остануваат важни и обезбедуваат вредна поддршка за економиите на партнерите од Западен Балкан и нема негативни ефекти за ЕУ. Комисијата предлага да се продолжи со поддршката на ранливите економии во регионот на Западен Балкан со продолжување на периодот на примена за уште пет години, до 31 декември 2030 година,- -Европски парламент – Комитет за надворешна трговија.

Од Комитетот за надворешна трговија на Европскиот парламент, нагласуваат дека ова петгодишно продолжување на трговските мерки е усогласено со Планот за Раст на ЕК преку кој се одвива забрзана интеграција на земјите од регионот во единствениот европски пазар.

Тутун и производи од тутун 93 милиони евра

Житни производи 61 милион евра

Зеленчук 57 милиони евра

Овошје 36 милиони евра

Производи од овошје 39 милиони евра

Останати земјоделски производи 148 милиони евра

Според податоците од ЕК, минатата година Унијата направила увоз на земјоделски производи од земјите од Западен Балкан во вредност од над 3 милјарди евра, додека пак извозот е над 6,5 милијарди евра.

Европската унија од Македонија најмногу увезува житни производи, зеленчук, вино и тутун. Минатата година, извозот на тутун од Македонија кон ЕУ бил во износ од 93 милиони евра, на житни производи 61 милион евра додека пак на трето место е зеленчукот со извезена количина во вредност од 57 милиони евра.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација: Водата во Скопје безбедна за употреба

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација: Водата во Скопје безбедна за употреба

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 14.09.2026 до 18.09.2026 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 49 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати порака до претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и до сите нејзини припадници, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур.

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Почитуван г. Пепо Леви,

Дозволете ми, Вам, лично, како и на сите припадници на Еврејската заедница во Македонија на чие чело сте, со длабока почит кон Јом Кипур, да ви упатам искрени желби за духовен мир, здравје и благосостојба!

Јом Кипур, најсветиот и највозвишениот празник во еврејската духовна традиција, е празник на тишината и молитвата, на постот и преиспитувањето, на покајанието и простувањето.

На овој ден, човекот се повлекува од секојдневната врева и, со искрено и смирено срце, се соочува со сопствената совест, со своите постапки и со одговорноста што ја има кон ближниот, кон семејството и кон заедницата.

Нашата човечка големина не е во совршеноста и безгрешноста, туку во храброста да признаеме грешка, да се преиспитаме, да побараме прошка и да најдеме сила да простиме.

Денешниот ден нè потсетува дека помирувањето не е само религиозна, туку и суштинска човечка и цивилизациска вредност.

Во свет во којшто сме сведоци на поделби, нетрпеливост и отуѓување, вредностите на Јом Кипур се повик за човечност, достоинство и заемно почитување.

Заеднички да го градиме македонското општество како место во кое секој човек слободно и достоинствено ќе ја живее својата вера, традиција и културен идентитет, а различностите ќе бидат мостови на разбирање, а не линии на поделба.

д-р Гордана Сиљановска-Давкова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ПОЦ: Санкционирани 123 непрописно паркирани возила минатата недела

​ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 13.09 до 20.09.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 123 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ПОЦ: Санкционирани 123 непрописно паркирани возила минатата недела

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер