Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч
2Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч
ЖивотЕнергетската криза „ги пресели“ Европејците на југ Регионалната влада на Канарските Острови, каде просечната зимска температура не паѓа под 20 Целзиусови, во септември започна кампања на социјалните мрежи за да привлече работници и пензионери од земји како Велика Британија, Германија и Шведска.„Не е тајна дека ова ќе биде зима на голема економска неизвесност во Европа, но сакаме да ја свртиме ситуацијата на Канарските острови“, рече регионалниот министер за туризам Јаиза Кастиља, опишувајќи ги како „економско засолниште“. Грчкиот министер за туризам во септември ги посети Австрија и земјите од северна Европа, како што е Шведска, со цел „да ја претвори оваа голема енергетска криза која ја мачи Европа, во можност“. Кампања започна и португалскиот туристички одбор, а неговиот лидер Луис Араухо изјави дека очекувањата за пристигнувањето на зимски туристи од северна Европа се „многу позитивни“. Податоците за туризмот го поткрепуваат неговиот оптимизам. Податоците од пребарувачот за изнајмување домови HomeToGo покажаа дека во споредба со минатата година, пребарувањата од земји како Велика Британија, Германија и Холандија се зголемени за 36, 13 , односно три проценти, за зимско сместување во Шпанија, Грција и Португалија. Извршниот директор на шпанскиот синџир хотели Мелиа, Габриел Ескарер рече дека луѓето резервираат станови за два или три месеци на Канарските острови оваа зима, со забележително присуство на скандинавски посетители. Посетителите и голем број постојани жители доаѓаат и од Германија, која беше многу зависна од рускиот гас пред војната во Украина и сега е загрижена за можниот недостиг на енергија во зимата. Германското училиште на Гран Канарија, кое е меѓу училиштата во кои се запишуваат поголем број ученици од странство, годинава примиле 40 апликации од странски ученици, што е повеќе од претходните години. Сепак, тие не ги прецизираа бројките. Здружението за соработка на Канарските Острови Repeople објави дека е целосно резервирано во ноември и 80 проценти резервирано за остатокот од зимата. Авиопревозниците ќе го зголемат бројот на летови за Канарските острови за 31 отсто, објави регионалната канцеларија за туризам. Водечката авиокомпанија TUI fly, која ја поврзува Германија со областа, рече дека ќе го зголеми бројот на летови за околу 10 проценти, додавајќи дека трошоците за енергија се „психолошки елемент“ што води повеќе луѓе на југ. Платформата за дигитални резервации за сместување Airbnb објави дека пребарувањето за зимски одмори во јужна Европа тројно се зголемило меѓу април и јуни. Сепак, за повеќето северни Европејци патувањето кон југ е само сон бидејќи зголемените трошоци за живот значи дека не можат да си го дозволат луксузот на патување. Наместо тоа, повеќето складираат стоки за да се загреат, како што се јоргани, „бавни шпорети“ и електрични ќебиња, покажуваат бројките на малопродажбата во Велика Британија. Од друга страна, некои решиле да се справат со овој проблем и трајно се преселиле.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШтерјова: Пет години лаги за модуларната - ВМРО и Мицкоски водат монструозна кампања против ФилипчеПет години ВМРО и Мицкоски водат монструозна кампања против Венко Филипче со злоупотреба на трагедијата во модуларната болница во Тетово и болката на семејствата на загинатите.Пет години шират лаги, конструкции, клеветат, само за пресметка со претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче. Пет години ниту Филипче ниту СДСМ не се мешаше во работата на Јавното обвинителство. Не вршеше притисок. Не ја коментираше постапката. Не бараше заштита. Затоа што институциите мора да работат независно и без притисок. Модуларните болници беа набавени преку меѓународна постапка на Светската банка, со механизми на контрола, во време на најголемата здравствена криза во поновата историја. Тие болници не се градеа за тендерски профит, туку за да се спасуваат животи. Се градеа во време кога болниците беа преполни, кога немаше доволно кревети, кога здравствените работници водеа битка за секој пациент. Ако постоела и најмала основа за кривична одговорност на Филипче, зарем некој верува дека Мицкоски и ВМРО немаше да најдат начин да ја искористат? По две години власт, со целата моќ што ја имаат, ќе оставеа нешто неискористено против својот најголем политички противник. ВМРО-ОКГ водеше јавен линч и политички суд цели 5 години. Без докази. Без пресуда. Без никакви граници. Човек кој е доктор, хирург и универзитетски професор, го нарекуваа убиец. Човек кој целиот професионален живот лекува пациенти, спасува животи и образува идни лекари, го нарекуваа „д-р Менгеле“. Тоа е дел од кампањата на ВМРО и Мицкоски за ширење омраза и поделби. Истата кампања која потоа организирано се рашири низ медиумската машинерија на ВМРО и Орбановите 40% од медиумите. Пет години ја користат трагедијата како политичко оружје, си поигруваат со болката, чувствата и жалта на семејствата на загинатите. ВМРО и Мицкоски треба да им се извинат на граѓаните за пет години манипулации и ширење невистини. Но, пред сè, да им се извини на семејствата на загинатите. Затоа што пет години нивната најголема болка ја претвораат во политичка кампања и бесрамно си поигруваа со нивната болка. Тоа е бездушно. Неморално. Тоа е ВМРО! Прес конференција на СДСМ, Кети ШтерјоваТагови: Кети Штерјова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/чНа 22.08.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска. При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.Ј. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со возилото со брзина од 164 километри на час на место каде максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. М.Ј. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во ПалиградНа терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка.Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми. Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење. Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак. Состојбата континуирано се следи, а сите екипи остануваат во целосна готовност за навремена реакција, со цел заштита на жителите и спречување на каква било потенцијална опасност.Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter