ЛиДеМ и Форум на жени на ЛДП: Откако им кажа на првачињата родителите да им се сексаат, сега слуша попови за сексуалното здравје! Има ли крај лудилово?
1ЛиДеМ и Форум на жени на ЛДП: Откако им кажа на првачињата родителите да им се сексаат, сега слуша попови за сексуалното здравје! Има ли крај лудилово?
Од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска треска
1Од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска треска
3Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
Шоу бизЕлизабет Харли откри за што е престара , фановите не се согласуваат (ФОТО)Елизабет Харли вели дека е престара да носи бикини на плажа, но нејзините фанови не се согласуваат.54-годишната британска sвезда изјави дека е премногу стара за да носи бикини и покрај тоа што поседува своја линија за костуми за пливање, Елизабет Харли Бич, и сака да позира во провокативни изданија на Инстаграм. View this post on Instagram A magical weekend with old friends in Jaiselmer. It may take some time to recover 🙄 Thank you to @tanyadubash and @arvinddubash for being the best hosts 😘😘😘#lebaloriental A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1) on Feb 10, 2020 at 12:06pm PST Актерката и манекенка го откри својот став во подкастот „My Wardrobe Malfunction“ со Сузана Константин пред неколку дена. „Повеќето луѓе се во ред додека лежат, но кога ќе станат, сакаат да се покријат, вклучително и јас“, рече Харли. „Навистина сакам да се покривам“. „Сигурно не би шетала на јавна плажа во бикини. Премногу сум стара за тоа. Но, приватно - секако“, додаде таа. View this post on Instagram When I was the Queen 😉#flashback #TheRoyals #totallycommittedtotrash A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1) on Jan 27, 2020 at 12:42pm PST Минатата година, таа откри дека не е лесно да се одржи линија за која постојано прима комплименти на социјалните мрежи, каде многумина се изненадени од тоа колку добро изгледа Елизабет на 55-годишна возраст. Таа често изјавува дека сака едноставна храна и дека вежба претежно дома. View this post on Instagram 😘😘😘 #elizabethhurleybeach A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1) on Jan 24, 2020 at 3:23pm PST Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаЛиДеМ и Форум на жени на ЛДП: Откако им кажа на првачињата родителите да им се сексаат, сега слуша попови за сексуалното здравје! Има ли крај лудилово?Министерката Весна Јаневска го изгуби целосно компасот на почетокот на учебната година и сега го доведе Министерството за образование до степен на целосен средновековен опскурантизам. Откако пред само неколку дена ја шокираше јавноста со бизарна изјава во која им порачуваше на шестгодишни деца нивните родители да прават деца т.е. братчиња и сестричиња, сега доживеавме нов институционален срам: наставната програма за Сеопфатно сексуално образование (ССО) за средношколци се повлекува одлучно и експресно, само затоа што еден владика ѝ напишал отворено писмо! „Иако министерката самата јавно призна дека „не е стручна“, наместо да ги слуша експертите, медицината, УНИЦЕФ, ИНТЕРПОЛ и Светската здравствена организација, таа одлучи здравствената едукација на младите да ја диктираат црковни догми“, изјави Тамара Гарческа од Либерално-демократската младина (ЛиДем). Таа ги постави следните прашања од ЛиДеМ и ФЖ на ЛДП: Дали беше стручна кога препорачуваше кога промовираше зголемена сексуална и репродуктивна активност на родителите? Дали министерката навистина мисли дека со повлекувањето на образованието од училиштата ќе ги исчезне ризиците на кои средношколците се изложени секој ден? Дали знае министерката за случајот од оваа недела за 15-годишната средношколка од Македонија сексуално малтретирана на летот Скопје-Загреб? Дали знае во кој век живееме и каде тера? Податоците на домашните и меѓународните истражувања покажуваат сурова реалност што МОН свесно избира да ја игнорира: над 12.000 деца во Македонија се изложени на онлајн сексуална експлоатација, уцени, малтретирање и споделување интимни фотографии без нивна согласност. Во земја каде што малолетничките бремености се трипати повисоки од просекот во ЕУ и каде што се регистрираат сѐ поголем број нови случаи на ХИВ, повлекувањето на ССО не ги отстранува насилниците, ниту социјалните мрежи како ТикТок и Снепчет. Тоа само им го одзема на младите единственото оружје — знаењето како да се заштитат, како да препознаат злоупотреба, да постават граници и да кажат „НЕ“. ЛиДеМ и Форумот на жени на ЛДП порачуваат дека образованието не смее да се води од страв, верски притисоци и политички кукавичлук. “Запрете го лудилото и оставете ги младите да се едуцираат врз основа на наука, превенција и факти, а не од темните агли на интернетот и догматски сфаќања!“ порачува Тамара Гарческа од младите на ЛДП. Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаУтре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во ГевгелијаУтре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации. Годинешното издание ќе се одржи на нова локација – во Mega Shopping Park во Гевгелија. Фестивалот ќе започне утре во 18:30 часот, а програмата во петок и сабота ќе трае до 01:00 часот по полноќ. Во недела, содржините ќе започнат во 14:00 часот и ќе продолжат до полноќ. „Taste the South“ четврта година по ред ги обединува гастрономската традиција, локалните производители, културното наследство и музиката во единствено фестивалско доживување. Секој фестивалски ден ќе биде посветен на различен препознатлив вкус од југот. Во петок, посетителите ќе можат да ја проследат подготовката и да дегустираат домашен ајвар. Саботата ќе биде посветена на смоквите и производите од нив, додека во недела ќе се одржи дегустација на традиционална ракија. Во фестивалската понуда ќе учествуваат и локални производители и винарии, кои пред посетителите ќе претстават избор на производи и вина. На тој начин, фестивалот ја промовира автентичната гастрономија на гевгелискиот регион и го доближува неговото културно и кулинарско наследство до домашните и странските посетители. Петок, 11 септември Музичката програма ќе започне во 18:30 часот со настапите на ЗГУД „Негорци“ од Негорци и ЗГУД „Браќа Толеви“ од Прдејци. Во 19:30 часот ќе настапи Филип Стојанов, во 20:45 часот „Пауза за ракија“, а во 22:10 часот „Куку Леле“. Првата фестивалска вечер ќе ја заокружат „Брас Брадарс“, чиј настап е закажан за 23:50 часот. Петочната гастрономска програма ќе биде посветена на подготовката и дегустацијата на ајвар. Сабота, 12 септември Саботната програма ќе започне во 18:30 часот со КУД „Танец“ од Миравци. Во 19:15 часот ќе настапи „Леге Артис“, а во 20:15 часот Кико Болеро и „Болеро бенд“. Во 21:30 часот на сцената ќе се појави „Нокаут“, додека вечерта ќе продолжи со настапот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе“ од 23:15 часот. Вториот фестивалски ден ќе ги стави во фокус смоквите и локалните специјалитети подготвени од нив. Недела, 13 септември Последниот фестивалски ден ќе понуди програма за малите и за големите. Во 14:00 часот ќе настапи Школото за гитари при Пионерскиот дом, а во 15:00 часот Школата за тапани при Пионерскиот дом. Во 17:00 часот следува настапот на Ансамбл „Бојмија“, а во 17:45 часот ќе настапи „Мистик“. Во 18:30 часот ќе започне Интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“. Вечерната програма продолжува со Наталија Данаилова во 19:45 часот, „Два Бона“ во 21:00 часот и Каролина Гочева во 22:30 часот. Неделата ќе биде посветена на традиционалната ракија, со дегустација и гастрономски содржини, како и целодневна забава за посетителите од сите возрасти. Низ тридневната програма, публиката ќе ја водат „Диверзија“ и Марко „Дај побрзај“. Со спојот на храната, виното, традицијата и музиката, „Taste the South“ продолжува да ја претставува Гевгелија како гостопримлива дестинација со препознатлива јужна енергија и автентична фестивалска понуда. „Taste the South“ ќе се одржи од 11 до 13 септември 2026 година во Mega Shopping Park, Гевгелија. Фестивалот е бренд на Општина Гевгелија.Тагови: Гевгелија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКарпош и Витина отвараат можности за прекугранична соработкаГрадоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, оствари работна средба со градоначлникот на Општина Витина, Република Косово, Сокол Халити.Во фокус на средбата беа можностите за воспоставување и унапредување на меѓуопштинската соработка, како и заедничко аплицирање на јавни повици за проекти од областа на прекуграничната соработка. Општина Карпош, согласно својата географска положба, има можност да користи средства од фондовите на Европската Унија наменети за прекугранична соработка со Косово. Во таа насока, особено значајни се можностите за подготовка и реализација на заеднички проекти во областите на заштитата на животната средина и развојот на туризмот, со што би се придонело кон создавање дополнителни придобивки за граѓаните и локалните заедници. На работната средба присуствуваа и претставници од релевантните сектори и области од двете општини. Беа разменети искуства и информации во однос на организациската структура и надлежностите на локалните самоуправи, областите на нивното функционирање, како и можните теми и приоритети за идна заедничка соработка. Средбата претставува иницијатива за воспоставување конкретни форми на партнерство меѓу Општина Карпош и Општина Витина, со цел заеднички настап пред европските фондови и искористување на расположливите можности за развој на локалните заедници. Општина Карпош останува посветена на воспоставување нови партнерства и искористување на европските фондови за реализација на проекти кои носат долгорочни придобивки за граѓаните и придонесуваат кон одржлив локален развој. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter