Електричниот Порше омилен меѓу Норвежаните - Канал 5

Електричниот Порше омилен меѓу Норвежаните

Во Норвешка, електричните автомобили сочинуваат 84% од вкупниот број продадени возила во јануари.

Електричниот Порше омилен меѓу Норвежаните

Не е тајна дека клиентите во Норвешка масовно се свртуваат кон електричните автомобили.

Овој тренд е присутен со години, а резултатите од почетокот на 2022 година покажуваат колку Норвешка е посветена да го електрифицира својот возен парк.

Имено, во оваа скандинавска земја во јануари се продадени 7.959 нови автомобили, од кои 6.659 или 84% се електрични возила.

Дополнително, уште 6,8% од испорачаните автомобили се „plug-in“ хибриди, односно возила кои освен „SUS“ мотори имаат и електрични, како и батерија која може да се полни со кабел.

За супериорноста на електричните автомобили на норвешкиот пазар најдобро говорат следните податоци: во јануари се продадени вкупно само 387 бензински и дизел мотори, од кои 175 возила на бензин.

Тоа значи дека, на пример, електричниот „Porsche Taycan“, со испорачани 181 примерок, ја надмина вкупната продажба на сите продадени автомобили на бензин во Норвешка.

„Porsche Taycan“, исто така, учествуваше со дури 98 отсто од целата продажба на „Porsche“ во јануари во Норвешка.

Инаку, најпродаван електричен модел во јануари беше „Audi Q4 e-tron“ со испорачани 643 возила, втор „Hyundai Ioniq 5“ (477) и трет „BMW iX“ (444).

Четвртото и петтото место го делат „Škoda Enyaq “и „VW ID.4“ со по 389 единици.

Извор Б92.нет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од суд во Фиџи исчезнале околу 40 кг. кокаин

Речиси 40 кг кокаин исчезнаа од суд на Фиџи, во пакетите е пронајдено брашно.

Од суд во Фиџи исчезнале околу 40 кг. кокаин

Речиси 40 килограми кокаин, чувани како доказен материјал во Вишиот суд во Сува, главниот град на Фиџи, исчезнаа од судскиот сеф. Во преостанатите пакети веќе немаше кокаин, туку, според локалните медиуми, тие биле наполнети со брашно. Полицијата покрена истрага откако на 15 септември беше откриено дека недостасуваат седум од вкупно 39 пакети со кокаин. Подоцна, преостанатите 32 пакети беа подложени на форензичка анализа, при што беше утврдено дека ни во нив повеќе нема дрога. Исчезна целото запленето количество од речиси 40 килограми.

Полицијата соопшти дека дошло до манипулација со доказите и дека истрагата се фокусира на поединци кои биле директно одговорни за нивното чување во судската писарница на Високиот суд.

Според информациите, едно лице од интерес за истрагата се наоѓа во странство, а полицијата има намера да го испита.

Јавниот обвинител на Фиџи, Сироми Турага, го опиша случајот како шокантен и изјави дека ниту едно одговорно лице нема да биде поштедено од истрагата.

Кокаинот запленет уште во 2019 година Кокаинот бил запленет во 2019 година во случајот против Џошуа Азиз Рахман, државјанин на Фиџи кој поседува и канадско државјанство. Рахман бил осуден во 2021 година за поседување кокаин со намера за продажба, а дрогата останала во судот како доказен материјал за време на жалбената постапка.

Вредноста на исчезнатиот кокаин се проценува на околу 31 милион фиџиски долари (приближно 21 милион евра). Во последниве години, Фиџи се соочува со пораст на трговијата со кокаин и метамфетамин и стана клучна транзитна точка за шверц на дрога низ Пацификот, особено кон Австралија и Нов Зеланд.

Полицијата сега се обидува да утврди кога исчезнал кокаинот, кој имал пристап до доказите и како пакетите можеле да бидат заменети без тоа претходно да биде откриено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?

Изјавата на Венко Филипче – „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ – е доказ дека Венко Филипче е во договор за ново предавство.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?

Венко Филипче застапува бугарски позиции наместо македонски интереси. Оттука, сосема легитимно е да прашаме:

Дали постои тајна дипломатија помеѓу старите другари Зоран Заев и Румен Радев?

Дали има комуникација и средби помеѓу нив?

Зошто инаку Венко Филипче на тацна им дава подароци на Радев и на бугарската политика, без да го заштити македонскиот национален идентитет?

Дали зад рушењето на ваквите позиции стои нов бизнис-договор?

Ова се легитимни прашања на кои мора да одговори Венко Филипче.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија нема

Европската комисија подготвува патокази за четири земји, Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина. Македонија ја нема, изоставена е. Остануваме заглавени.

СДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија нема

За само две и пол години со Мицкоски од предводници на европскиот пат станавме губитници.

Тоа е резултатот на арамијата Мицкоски. Наместо реформи политика на изолација, лаги и празни ветувања.
Губиме време, пари, фондови, губиме генерации кои се иселуваат заради Мицкоски.
Реофрми нема. Европа бара исполнети обврски, независно судство и борба против корупцијата.
Фотографии по ходници не отвораат преговарачки поглавја. Партиски говори не заменуваат реформи.
Нападите врз опозицијата и црните кампањи не ја придвижуваат државата.
Цената ја плаќаат граѓаните. Скапо.
Од Македонија заглавена надвор од ЕУ корист имаат силите што сакаат слаб и поделен регион, отворен за влијанието на Москва.
Македонија им треба надвор од Унијата. Отстапница за Вучиќ.
Место за пари од криминал и корупција. Тампон-зона кон ЕУ - тоа ѝ треба на Москва.
Сигурно пристаниште за организираната криминална група ВМРО на чело со Мицкоски.
Мицкоски е руски прокси играч. Неговите сателити ја имаат истата задача.
Левица - руска партија: анти-НАТО, анти-Америка.
Затоа сите сили се споија. Земјата да стои во место.
Министер во Владата, кафеански реформатори, ЗНАМ 2.0, шемаџии — сите во служба на руските интереси и интересите на Арамијата.
Македонија не е ничија тампон-зона. Не е резерва за туѓи агенди. Македонија е татковина на граѓаните што заслужуваат европска иднина.
Кој ги кочи реформите, го кочи европскиот пат. Кој ја држи државата заглавена, мора да понесе одговорност.

Скопје, 30.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер