Експертите од Рамсарската конвенција во мисија како да се спаси Преспанското езеро - Канал 5

Експертите од Рамсарската конвенција во мисија како да се спаси Преспанското езеро

Експертите од Рамсарската конвенција ќе го спасуваат бисерот на Европа-Експертите од Рамсарската конвенција ќе го спасуваат бисерот на Европа-Преспанското Езеро.

Експертите од Рамсарската конвенција во мисија како да се спаси Преспанското езеро

Членовите на конвенцијата која се занимава со водните живеалишта од меѓународна важност, вклучително и водните птици, се дојдени во мисија кај нас но ќе одат и во Албанија и Грција. Тие деновиве во соработка со домашните експерти ќе направат анализи на водите и состојбата на Преспанското езеро, кое секоја година се соочува со значително намалување на нивото на водата, но и на загрозување на неговиот биодиверзитет, по што ќе излезат со конкретни мерки.

- Климатските промени се најголема закана за Преспанското езеро, правиме напори за негова заштита,- изјави, Изет Меџити – министер за животна средина и просторно планирање.

-Преспанското езеро е бисер во Европа, и за биодиверзитетот, но и за придонесите на луѓето. Би сакале да видиме тука зголемено внимание, поголеми инвестиции, со оглед на тоа дека регионот е поддржан од ЕУ, УНДП и Владите на трите држави,- изјави, Флор Лафаје – Рамсарска конвенција.

Еко активистите од преспанскиот регион се оптимисти што трите држави почнале заеднички да покажуваат интерес за спас на езерото. Досега нивните обиди за заштита на езерото се преку донаторски програми, насочени пред се на подобрување на квалитетот на водата.

- Најважно е да го зачуваме квалитетот на водата во Преспанско езеро,- изјави, Марија Евтимовска – Еко Герила Преспа.

Активистите уште еднаш апелираа – да се зголеми свеста кај граѓаните за значењето на Преспанското езеро, кое во 1977 година беше прогласено за споменик на природата.

Проценките на познавачите на состојбата на Преспанското езеро се дека тое изгубило седум проценти од својата површина и половина од својот волумен во периодот од 1984 до 2020-та година, што е алармантна состојба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во зоолошка: Птица од 1,8 метри избега во град (ВИДЕО)

Птица ему утрово избегала од мобилна зоолошка градина во западна Јапонија, но подоцна била фатена и никој не бил повреден, соопштија локалните власти.

Драма во зоолошка: Птица од 1,8 метри избега во град (ВИДЕО)

Службите за итни случаи добиле пријава од минувач околу 6:45 часот по локално време дека голема птица трча по улица во Моријама, објави новинската агенција Кјодо.

Вработените во зоолошката градина Хори ја фатиле птицата во дворот на блискиот станбен комплекс откако биле контактирани од локалната полиција.

„Бегалецот“ е стар една година и висок околу 1,8 метри.

Зоолошката градина соопшти дека истражува како птицата избегала, бидејќи железната порта била обезбедена со гумено јаже.

YouTube video

Еден кенгур избегал од истата зоолошка градина во 2010 година, а три ежови во 2013 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иранскиот претседател во ОН покажуваше фотографии од мртви деца: Ние само се браневме

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави денеска пред Генералното собрание на ОН дека неговиот народ е „жртва на тероризмот“ на Соединетите Американски Држави. 

Иранскиот претседател во ОН покажуваше фотографии од мртви деца: Ние само се браневме

Говорот го одржа еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека може да ја „уништи“ Исламската Република, пишува АП.

Пезешкијан покажа фотографии од починатиот врховен водач Али Хамнеи и повеќе од 150 училишни деца кои загинаа во првите денови од војната. „Ние само се браневме. Ние не сме терористи“, рече Пезешкијан на Генералното собрание.

„Нашиот невин народ беше цел на кукавички напади и агресија што ѝ беше наметната на нашата земја. Се браневме со сите сили. Америка и Израел не нападнаа. Тие не погодија, но ние не попуштивме“, опиша иранскиот претседател.

Техеран ја омаловажи важноста на состанокот

Пезешкијан, кој важи за умерен во иранските политички кругови, пристигна во Њујорк во услови на засилени безбедносни мерки. Тој им се обрати на светските лидери еден ден откако Доналд Трамп од истата говорница рече дека може да го „уништи“ Иран доколку наскоро не се постигне договор за ставање крај на војната која трае речиси седум месеци.

Неколку часа подоцна, Трамп им потврди на новинарите дека неговите главни пратеници, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, се состанале со иранските власти на маргините на годишната сесија. Средбата траела околу три часа, но Трамп не соопштил многу детали за текот и содржината на разговорот. „Тоа беше многу добар состанок“, рече Трамп. Државниот секретар Марко Рубио вчера изјави дека Трамп е отворен за средба со Пезешкијан додека е во Њујорк.

Техеран ја омаловажи важноста на ненајавениот состанок. Тоа беа први индиректни разговори меѓу американски и ирански официјални претставници по пропаѓањето на примирјето во јуни. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, ги повтори преговарачките позиции на неговата земја и побара од Вашингтон да ја прекине блокадата на иранските пристаништа и да ги одмрзне иранските средства. Багаи рече дека разговорите, кои беа водени индиректно преку катарски посредници, „не се ништо ново“.

Преговори без решение

Пезешкијан ќе има можност подетално да ја објасни позицијата на Техеран по повеќе од една година прекинати разговори меѓу Иран и неговите долгогодишни противници, кои не успеаја да постигнат траен договор. Неговиот говор доаѓа во време кога нападите во Ормускиот теснец, долж брегот на Иран, продолжуваат да се случуваат повремено, додека комерцијалниот поморски сообраќај е сè уште послаб отколку пред војната.

Неговото обраќање минатата година дојде неколку месеци по 12-дневната војна меѓу Израел и Иран. Многу од највисоките воени и политички лидери на Исламската Република беа убиени во конфликтот, кој повторно ги прекина неколкунеделните преговори со Соединетите држави. „Дами и господа, сите бевте сведоци дека минатиот јуни мојата земја беше изложена на дива агресија и јасно кршење на најосновните принципи на меѓународното право“, рече тогаш Пезешкијан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски се сретна со Пленковиќ во Њујорк: Продолжуваме со отворен и конструктивен дијалог со нашите европски партнери

Премиерот Христијан Мицкоски на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, се сретна со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. 

Мицкоски се сретна со Пленковиќ во Њујорк: Продолжуваме со отворен и конструктивен дијалог со нашите европски партнери

Остварив средба со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ на која разговаравме за европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи, регионалната соработка и важноста од продолжување на реформските процеси согласно европските стандарди.

Продолжуваме со отворен и конструктивен дијалог со нашите европски партнери, во насока на градење посилна, стабилна и просперитетна иднина за граѓаните, објави Мицкоски на ФБ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер