Експерти препорачуваат воведување четиридневна работна недела, бизнисот вели не сме подготвени - Канал 5

Експерти препорачуваат воведување четиридневна работна недела, бизнисот вели не сме подготвени

Поделени се ставовите околу воведувањето четиридневна работна недела во земјава.

Експерти препорачуваат воведување четиридневна работна недела, бизнисот вели не сме подготвени

Бизнисот смета дека не сме подготвени поради се уште ниското ниво на продуктивност, а синдикатите остануваат на барањето да се скрати бројот на работни часови. Според психологот Мирјана Јовановска Стојановска, четиридневна недела ќе биде удар врз економијата, особено во посиромашните, недоволно развиени земји, но треба да се воведе заради благосостојба на работниците и за одржување на нивното ментално и физичко здравје.

- Се уште е рано за вакви чекори зашто има други приоритетни реформи што мора да се направат во следниот временски период. За да воведете четиридневна работна недела, мора ефикасноста да ја доведете на врвно ниво за да го прескокнете петтиот ден без притоа да имате какви било последици во остварувањето на резултатите. Со ваква ниска продуктивност како во Македонија, со воведувањето четиридневна работна недела ќе се случи катастрофа, вели за МИА претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангелоски.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) се децидни, скратената работна недела е можност, а не само желба на работниците. Потсетуваат дека во текот на преговорите за новиот Закон за работните односи, се залагале и за воведување 35-часовна работна недела.

- Во некои земји од Европа и светот, веќе се спроведени анализи и истражувања што покажале дека пократката работна недела многу подобро се одразува врз мотивираноста и продуктивноста на работниците, а со самото тоа и врз добивката на работодавците. Нашиот став е дека како земја аспирант за членство во ЕУ треба да се залагаме за намалување на работната недела на седум работни часа дневно или на четири работни дена во неделата, а не да се враќаме назад во историјата и да воведуваме експлоатација на работниците и работа во просек по 12 часа, истакнуваат од ССМ.

ССМ се повикува и на експертите кои укажуваат дека работниците треба да се ангажираат со реално работно време во рамки на кое ќе можат да ги извршуваат своите работни задачи без последици и влошување на нивното здравје и без ризици од повреди или губење човечки животи.

- Изразуваме загриженост дека со зголемување на бројот работни часови и денови во неделата ќе се зголеми ризикот од несреќи, повреди и смртни случаи на работа, како и дека ќе се загрози апликацијата на Македонија за влез во ЕУ, бидејќи предлозите се во спротивност со директивите за работно време на ЕУ. Продуктивноста на работниците е поврзана со условите за работа, примена на современи средства за работа, техники и технологии, здрави и безбедни работни услови, соодветна плата, почитување на принципите на пристојна работа, право на одмор и грижа за семејството. Само така работниците можат да бидат посветени на работата и лојални на работодавачите. Во спротивно, сведоци сме на се помасовен одлив на работна сила од земјата, нагласуваат од ССМ.

Предочуваат и дека примената на електронските комуникации и можности, дигитализацијата и новите техники и технологии во производните процеси резултира со постигнување поголема ефикасност во работењето, а истовремено создава и реална основа за намалување на работната седмица на 35-часовно работно време.

- Потребни се законски измени, усогласување на работно - правното законодавство со европското и светските трудови стандарди, а сето тоа може да се обезбеди со подобрување на социјалниот дијалог, промовирање на синдикалното организирање и активно вклучување на синдикатите во креирање на националните стратегии и политики за економски и општествен развој, подвлекуваат од ССМ.

Идејата за четиричасовна работна недела се приближува кон човековите права заштитени со меѓународни акти

Психологот Јовановска Стојановска вели дека најголемиот дел од работоспособните години во животот луѓето ги посветуваат на работа. Малку време им останува за семејниот живот, за воспитување и сакање на децата, за грижа за сопственото ментално и физичко здравје.

- Четиридневната работна недела ќе биде голем удар врз економијата, особено во посиромашните, недоволно развиени земји, но на луѓето ќе им донесе големи можности за уживање во сопствените животи. Ако веќе имаме толку општо познати акти за човекови права би требало и да ги почитуваме. Но, секогаш, за жал, политичките и економските интереси победуваат врз интересите на луѓето. Како психолог препорачувам да се воведе четиричасовна недела за благосостојба на работниците, за одржување на нивното ментално и физичко здравје и за здравјето на нивите семејства, нагласува Јовановска Стојановска.

Над 17 отсто од вработените Европејци работат со скратено работно време

Владата на Шпанија, во договор со синдикатите, но без поддршка на најголемите здруженија на работодавците, одобри намалување работната недела од 40 на 37,5 часа без да се намалат платите. Советот на министри на 5 февруари годинава усвои Нацрт-закон кој двата најголеми синдиката, ЦЕОЕ и УГТ, го опишаа како историска мерка од која потенцијално би имале корист 12 милиони работници.

Еклспериментално, од 1 февруари 2024 година Германија воведе четиридневна работна недела без намалување на платите. Во процесот беа вклучени 45 компании и организации. Резултатите и постигнатиот ефект биле различни.

Ваков експеримент имаше и во Велика Британија. Опфати 2 900 вработени од финансискиот, ИТ и градежниот сектор, онлајн трговијата, анимацијата, маркетингот и киосците за брза храна. Според истражувачите од Кембриџ и Бостон, деновите на боледување биле намалени за околу две третини и речиси 40 отсто од вработените рекле дека чувствуваат помалку стрес. Се намалил и бројот на вработени кои дале отказ за 57 отсто, а забележан бил и просечен раст на продажбата за околу 1,4 проценти. Вкупно 56 од 61 компанија учесничка изјавиле дека сакаат да ја одржат четиридневната работна недела и по завршувањето на тест фазата.

Најави и од Токио за воведување четиридневна работна недела

Во декември минатата година гувернерката на Токио соопшти дека сака да воведе четиридневна работна недела за службениците во управата на главниот јапонски град како дел од националниот обид за поттикнување на родителството.

Информации за пилот-проекти за намалување на работната недела има и за Канадa, САД, Австралија, НовЗеланд, Исланд, Ирска,..../МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер