Бугарски шпиони се обиделе да киднапираат Русин во Црна Гора, осудени на над 50 години затвор - Канал 5

Бугарски шпиони се обиделе да киднапираат Русин во Црна Гора, осудени на над 50 години затвор

„Јас сум неподобен... а Москва има многу долги раце.“ 

Бугарски шпиони се обиделе да киднапираат Русин во Црна Гора, осудени на над 50 години затвор

Со овие зборови, рускиот државјанин Кирил Качур ги сумирал причините зошто бил цел на шпионска операција во Црна Гора.

Шест бугарски државјани кои, заедно со други цели, го следеле низ Европа со години, се осудени кон средината на оваа година пред суд во Лондон на вкупно затвор во траење од повеќе од 50 години, пишува Радио Слободна Европа.

Качур, 35-годишен адвокат и поранешен функционер на Истражниот комитет на Русија, ја напуштил својата татковина во 2021 година и се преселил во Црна Гора.

Тој е убеден дека станал цел поради неговите политички активности, но и поради случај што го водела неговата адвокатска канцеларија.

„Ова беше шпионска операција на високо ниво, со значителни финансиски награди за оние вклучени во шпионската мрежа“, изјавил британскиот обвинител Френк Фергусон.

Според британското обвинителство, група бугарски државјани собирале информации за лица и локации од интерес за руските власти од средината на 2020 година до почетокот на 2023 година.

Водачот на групата, Орлин Русев, е осуден на 10 години и осум месеци, Бизер Џамбазов на 10 години и два месеци, Катрин Иванова на девет години и осум месеци, Тихомир Иванчев на осум години, Вања Габерова на шест години и девет месеци, а Иван Стојанов на нешто повеќе од пет години. Русев, Џамбазов и Стојанов ја признале вината.

Обвинителите открија дека водачот на групата, Орлин Русев, добивал инструкции од австрискиот државјанин Јан Марсалек, агент кој служел како посредник за руската разузнавачка служба.

Пресретнатите пораки покажале како Русев доделувал задачи и ги проследувал собраните информации до Москва преку Марсалек.

„Истражниот тим работеше напорно за да состави сложена и широко распространета завера, која би ја опишал како шпионажа на индустриско ниво“, изјави портпаролот на Метрополитенската полиција, Доминик Мерфи.

Истрагата на британското обвинителство се фокусирала на шест операции, од кои три вклучувале активности на бугарската група во Црна Гора. Покрај Качур, цел на нападот бил и бугарскиот истражувачки новинар Христо Грозев, кој е на листата на најбарани лица на руското Министерство за внатрешни работи поради неговите написи за руските власти.

Тие го следеле од 2020 до 2023 година во неколку земји, вклучувајќи ја Црна Гора, Австрија и Шпанија, и испраќаа извештаи за неговите движења и контакти.

Рускиот државјанин Роман Доброхотов, сопственик и главен уредник на истражувачкиот портал „Инсајдер“, исто така бил цел.

Една година по неговото пристигнување во Црна Гора, руските власти во 2022 година го обвиниле Качур за неколку кривични дела. Тој тврди дека ова е последица на неговата професионална ангажираност, бидејќи како адвокат го застапувал поранешниот директор на една од 50-те најголеми руски компании според Форбс, кој бил убиен.

Истрагата довела до апсење на неколку лица, вклучувајќи ги и ко-сопствениците на компанијата. Според Качур, тие излегле од затвор со поткуп од десетици милиони долари и се заканиле дека ќе го уништат него, неговиот клиент и другите бранители.

Извор. Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 26 август почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука информира дека од 26 до 31 август трае рокот за аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година.

Од 26 август почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк

На повикот треба да се пријават сите студенти - како бруцоши, така и студенти од повисоките години, за да го остварат правото на субвенциониран студентски оброк од 1 октомври годинава.

Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а на повикот можат да се пријават сите редовни студенти запишани на прв циклус, односно втор циклус на студии, како и на интегрирани студии на јавните и приватните универзитети во државата.. Апликантите треба да се државјани на македонија и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.

Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Паричниот надомест не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври., посочуваат од мон..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата од западнонилска треска.

Министерот Клековски ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје

- Системот е подготвен и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во справувањето со западнонилската треска како јавноздравствен предизвик. При денешната посета на овие установи направив увид во капацитетите со кои располагаат од аспект на капацитети за хоспитализација, кадровска опременост, како и лабораториските реагенси за испитување. Досега се потврдени вкупно 44 случаи со западнонилска треска, од кои 43 се хоспитализирани, а поголем дел од нив се со невроинвазивна форма на болеста, посочи министерот Клековски.

Тој упати апел до граѓаните - доколку забележат симптоми како: висока температура, вкочанет врат, дезориентација, слабост или грчеви — веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

Инаку, од почетокот на епидемијата досега 21 пациент е отпуштен од болница и упатен на домашно лекување, уште четворица пациенти денес се отпуштаат, а вкупно пет лица се починати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Бебе истрча на терен и прекина натпревар во американската МЛС

Во 21-то коло од сезоната во МЛС, „Минесота јунајтед“ оствари убедлива победа од 5–1 на гостински терен против „Сан Хозе“, но високиот резултат не беше она за што најмногу се зборуваше по натпреварот. 

Видео: Бебе истрча на терен и прекина натпревар во американската МЛС

Вниманието го привлече еден необичен прекин во првата минута од судиското надополнување, кога едно мало дете – на возраст од околу една година – залута на теренот.

Судијата Џаир Маруфо ја прекина играта, иако телевизискиот пренос првично не ја откри причината за тоа.

Коментаторката Киндра потоа ја разјасни ситуацијата со едноставна изјава: „На теренот има бебе“. Кратко потоа, камерите прикажаа како еден од редарите го изнесува детето од теренот.

Редарите веднаш им го вратија детето на родителите, а идентитетот на семејството не беше откриен.

„Минесота јунајтед“ исто така ја коментираше ситуацијата; покрај објавата за резултатот од натпреварот на социјалните мрежи, клубот духовито забележа: „Како да му земеш бонбона на бебе“.

По победата, се огласи и тренерот на „Минесота“, Камерон Ноулс. „Слушнавме врева, па погледнавме да видиме што се случува. Можеби е малку рано за доживотна забрана за влез на стадионот“, се пошегува Ноулс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер