Кејт Хадсон по пет години веренички стаж: Не размислувам за венчавка, тоа е прескапо - Канал 5

Кејт Хадсон по пет години веренички стаж: Не размислувам за венчавка, тоа е прескапо

Кејт Хадсон и нејзиниот вереник Дени Фуџикава не брзаат да се венчаат, иако поминаа пет години откако се свршија.

Кејт Хадсон по пет години веренички стаж: Не размислувам за венчавка, тоа е прескапо

Актерката (47) откри во подкастот *Sibling Revelry*, кој го води со својот брат Оливер Хадсон, што најмногу ја спречува во планирањето. Во епизодата емитувана на 8 септември, каде што гости беа сестрите Џои и Хантер Кинг, Хадсон објасни дека организирањето свадба е покомплицирано отколку што изгледа.

Хадсон и музичарот Дени Фуџикава (40) започнаа врска во 2016 година по 15 години пријателство, а во 2018 година ја добија ќерката Рани Роуз. Фуџикава ѝ предложи брак во септември 2021 година. Хадсон има два сина од претходни врски: Рајдер Расел со поранешниот сопруг Крис Робинсон и Бингам Хоун со поранешниот вереник Мет Белами.

Проблематичен список на гости

Разговорот во подкастот се сврте кон свадбите кога Оливер Хадсон (50) коментираше дека прославите во странство како оние на кои сестрите Кинг им помогнаа да „се ослободат од еден куп луѓе“. Ова е голем проблем за Кејт Хадсон бидејќи има исклучително големо семејство.

„Сè уште не сум мажена, само сум свршена. Постојано размислувам за свадбата и се прашувам што ќе правиме“, рече таа. „И секој пат кога ќе почнеме да го составуваме списокот, Дени вели дека сака мала свадба. Му велам: „Па, само нашето најблиско семејство има 50 луѓе“. Нашето семејство е огромно, имаме милион деца, чичковци, тетки, братучеди.“

Нејзиниот брат Оливер имаше слична ситуација кога се ожени со Ерин Хадсон во Мексико во 2006 година. За да ја одржат свадбата интимна, двојката воведе правило „без мажи“. „Не сакав да запознавам луѓе за прв пат на сопствената свадба“, објасни тој.

Цената како втора пречка

Покрај големиот број гости, трошоците се исто така проблем. „Тоа е една од причините зошто не сакам да се мажам“, призна Хадсон. „Само мислам дека е премногу скапо.“ Таа на шега додаде дека би сакала да служи само „грицки, нешто како чипс и салса“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН ги објави резултатите за сместени бруцоши во студентски домови за оваа академска година

Списоците на студенти запишани во прва година што ќе бидат сместени во студентски домови во Скопје, Штип, Тетово, Битола и Охрид се објавени на веб-страницата на Министерството за образование и наука .

МОН ги објави резултатите за сместени бруцоши во студентски домови за оваа академска година

Списоците за сместување бруцоши во академската 2026-2027 година ќе бидат објавени и на огласните табли во студентскиот дом каде што конкурирал студентот.

Приговор во однос на резултатите студентите може да достават во домот каде аплицирале за сместување и тоа во рок од 10 дена од денот на објавување на списоците.примените студенти, во согласност со конкурсот, се вселуваат во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој се примени, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список.

Инаку,вчера беше пуштен во употреба реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во кој ќе може да се сместат 1 150 студенти меѓу кои и бруцоши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионот

Во Вила Водно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со студенти од Колеџот на Европа во Тирана, кои престојуваат во земјава.

Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионот

Во Вила Водно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со студенти од Колеџот на Европа во Тирана, кои престојуваат во земјава, во рамките на студиска посета посветена на влијанието на европската интеграција врз трансформацијата на земјите од Западен Балкан.

Таа ја поздрави образовната програма и истакна дека студентите, како идни европски професионалци и лидери, со своето знаење и критичко размислување можат да придонесат кон мирот, безбедноста и солидарноста на европските народи и граѓани.

За неа, сестраната регионална соработка и меѓусебната подршка на патот кон ЕУ имаат исклучително значење не само за нашите меѓусебни односи, туку и за оние на членките на ЕУ кон нас.

Студентите се интересираа за уставните надлежности на претседателот во внатрешната и надворешната политика, како и за неговата реална улога во евроинтеграцијата.

Тие ѝ поставија на Сиљановска-Давкова прашања врзани за: последиците од (не)спроведувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права во Стразбур врз кредибилитетот на европските институции; македонската европската перспектива и можностите за интеграција во амбиент на постојната блокада; придобивките од членството во ЕУ, како за македонската држава, така и за Унијата, како и за ставот на претседателката за етапната интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Претседателката смета дека проширувањето треба да биде засновано врз исполнување на Копенхашките критериуми.

Исто така, верува дека постепената интеграција може да донесе конкретни придобивки уште пред полноправното членство, но дека не смее да биде негова замена.

Сиљановска-Давкова потсети дека органите на ЕУ не смеат да заборават на принципите и вредностите, содржани во конститутивните документи, без коишто ЕУ не може да биде заедница, туку само политичка и бирократска машинерија.

Сиљановска-Давкова истакна дека, како претседателка со директен и силен изборен легитимитет има обврска да ги претставува сите граѓани и затоа инсистира на дијалог и консензус за прашањата од национален интерес.

На крајот, студентите ѝ се заблагодарија на претседателката за дијалогот и ја поканија да го посети Колеџот на Европа во Тирана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска треба да продолжи судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази од одбраната денеска во судницата во Идризово треба да продолжи судскиот процес за за пожарот во дискотеката „Пулс. 

Денеска треба да продолжи судењето за пожарот во „Пулс“

Во текот на доказната постапшка се оечкува да сведочат дури 244 лица, информираше претседателката на Кривичниот суд.

Во меѓувреме, на 3 октормври завршува притворот на газдата на Пулс, првообвинетиот Дејан Јованов – Деко. Согласно законот за кривична постапка, притворот не може дополнително да му биде продолжен, бидејќи в сабота се навршува една година од одобрувањето на обвинителниот акт. Поради тоа, судот по службена должност ќе треба да одлучи со какви други мерки ќе го обезбеди неговото присуство во натамошната постапка

Одбраната на Јованов најави гаранција во имот вреден речиси 200 илјади евра, со образложение дека со тоа дополнително ќе се гарантира дека тој нема да ја напушти државата. Но, одлука засега нема. Списите за гаранцијата се испратени до јавното обвинителство, од каде, според судот, сè уште нема пристигнато мислење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер