Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот е вратен на повторно судење - Канал 5

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот е вратен на повторно судење

Врховниот суд ги укина правосилните пресуди против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, за кои му беше изречена затворска казна и предметот го врати на повторно судење во Основниот кривичен суд Скопје. 

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот е вратен на повторно судење

Како што соопшти Врховниот суд, на седница одржана на 9 септември годинава, Советот за казниви дела донел пресуда со која е уважено барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесено од Јакимовски преку неговиот бранител Виктор Цветковски, адвокат од Куманово.

Со одлуката се укинува пресудата на Основниот кривичен суд Скопје од 23 април 2025 година, како и пресудата на Апелациониот суд Скопје од 15 мај 2026 година и предметот е вратен на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување.

– Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на ден 09.09.2026 година, донесе пресуда КВП КОК2-18/26, со која го уважи барањето на осудениот Стевчо Јакимовски од Скопје, за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесено преку бранителот Виктор Цветковски, адвокат од Куманово, ги укина пресудата на Основен кривичен суд Скопје КОК-157/21 од 23.04.2025 година и пресудата на Апелационен суд Скопје КОКЖ-110/25 од 15.05.2026 година и предметот го врати на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување – стои во соопштението од Врховен.

Поранешниот градоначалник на Карпош, Јакимовски беше осуден на една година затвор за бесправно градење во предметот поврзан со изградбата на општинската зграда во Карпош, откако Апелацискиот суд ја потврди пресудата во овој дел, додека обвинението за злоупотреба на службената положба го врати на повторно судење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН ги објави резултатите за сместени бруцоши во студентски домови за оваа академска година

Списоците на студенти запишани во прва година што ќе бидат сместени во студентски домови во Скопје, Штип, Тетово, Битола и Охрид се објавени на веб-страницата на Министерството за образование и наука .

МОН ги објави резултатите за сместени бруцоши во студентски домови за оваа академска година

Списоците за сместување бруцоши во академската 2026-2027 година ќе бидат објавени и на огласните табли во студентскиот дом каде што конкурирал студентот.

Приговор во однос на резултатите студентите може да достават во домот каде аплицирале за сместување и тоа во рок од 10 дена од денот на објавување на списоците.примените студенти, во согласност со конкурсот, се вселуваат во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој се примени, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список.

Инаку,вчера беше пуштен во употреба реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во кој ќе може да се сместат 1 150 студенти меѓу кои и бруцоши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионот

Во Вила Водно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со студенти од Колеџот на Европа во Тирана, кои престојуваат во земјава.

Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионот

Во Вила Водно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со студенти од Колеџот на Европа во Тирана, кои престојуваат во земјава, во рамките на студиска посета посветена на влијанието на европската интеграција врз трансформацијата на земјите од Западен Балкан.

Таа ја поздрави образовната програма и истакна дека студентите, како идни европски професионалци и лидери, со своето знаење и критичко размислување можат да придонесат кон мирот, безбедноста и солидарноста на европските народи и граѓани.

За неа, сестраната регионална соработка и меѓусебната подршка на патот кон ЕУ имаат исклучително значење не само за нашите меѓусебни односи, туку и за оние на членките на ЕУ кон нас.

Студентите се интересираа за уставните надлежности на претседателот во внатрешната и надворешната политика, како и за неговата реална улога во евроинтеграцијата.

Тие ѝ поставија на Сиљановска-Давкова прашања врзани за: последиците од (не)спроведувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права во Стразбур врз кредибилитетот на европските институции; македонската европската перспектива и можностите за интеграција во амбиент на постојната блокада; придобивките од членството во ЕУ, како за македонската држава, така и за Унијата, како и за ставот на претседателката за етапната интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Претседателката смета дека проширувањето треба да биде засновано врз исполнување на Копенхашките критериуми.

Исто така, верува дека постепената интеграција може да донесе конкретни придобивки уште пред полноправното членство, но дека не смее да биде негова замена.

Сиљановска-Давкова потсети дека органите на ЕУ не смеат да заборават на принципите и вредностите, содржани во конститутивните документи, без коишто ЕУ не може да биде заедница, туку само политичка и бирократска машинерија.

Сиљановска-Давкова истакна дека, како претседателка со директен и силен изборен легитимитет има обврска да ги претставува сите граѓани и затоа инсистира на дијалог и консензус за прашањата од национален интерес.

На крајот, студентите ѝ се заблагодарија на претседателката за дијалогот и ја поканија да го посети Колеџот на Европа во Тирана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска треба да продолжи судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази од одбраната денеска во судницата во Идризово треба да продолжи судскиот процес за за пожарот во дискотеката „Пулс. 

Денеска треба да продолжи судењето за пожарот во „Пулс“

Во текот на доказната постапшка се оечкува да сведочат дури 244 лица, информираше претседателката на Кривичниот суд.

Во меѓувреме, на 3 октормври завршува притворот на газдата на Пулс, првообвинетиот Дејан Јованов – Деко. Согласно законот за кривична постапка, притворот не може дополнително да му биде продолжен, бидејќи в сабота се навршува една година од одобрувањето на обвинителниот акт. Поради тоа, судот по службена должност ќе треба да одлучи со какви други мерки ќе го обезбеди неговото присуство во натамошната постапка

Одбраната на Јованов најави гаранција во имот вреден речиси 200 илјади евра, со образложение дека со тоа дополнително ќе се гарантира дека тој нема да ја напушти државата. Но, одлука засега нема. Списите за гаранцијата се испратени до јавното обвинителство, од каде, според судот, сè уште нема пристигнато мислење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер