Едноставно решение за сувата и оштетена коса, овој трик ќе ја препороди вашата коса (видео) - Канал 5

Едноставно решение за сувата и оштетена коса, овој трик ќе ја препороди вашата коса (видео)

Иако на пазарот се рекламираат многу препарати како решение за обновување или заштита на косата, една корисничка на ТикТок, сподели едноставен трик кој ќе ви помогне да го решите овој проблем.

Едноставно решение за сувата и оштетена коса, овој трик ќе ја препороди вашата коса (видео)

Сè што треба да направите е прво да нанесете регенератор, да исплакнете, па да нанесете шампон и кога ќе го исплакнете, постапката ја завршувате со повторно нанесување на регенератор. Поентата е регенераторот првично да ја заштити косата од шампонот, кој содржи разни агресивни состојки што ја оштетуваат косата.

@aleseea.lifestyle #dugakosa #rastkose #zdravakosajelijepakosa #beautytok #njegakose #šampon #thatgirl #podgorica #bosanka #zatebe #beogradsrbija #zagrebhrvatska #sandzak #crnagoratiktok ♬ Aesthetic - Tollan Kim

Оваа жена тврди дека оваа препорака тешко би ја слушнале од фризерите бидејќи тоа е една од тајните на нивниот занает. Сепак, таа не го доведува во прашање одењето на фризер кога треба да се ослободиме од распуканите врвови, но смета дека на овој начин може да се намали таквата појава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува

Илон Маск посочи дека американската влада можеби стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува и да остане поврзано со интернет мрежата Старлинк и Спејс икс.

Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува

„Старлинк“ е витална алатка што му овозможува на Киев да насочува беспилотни летала кон руски цели, а исто така и да го штити сопственото небо, но во вторник вечерта Украина соопшти дека неочекуваните нови ограничувања на брзината ги нарушуваат нејзините мисии на бојното поле.

Советник на Зеленски рече дека верува оти ограничувањата не се случајност и се поврзани со најновите тензии меѓу Киев и Вашингтон.

Маск рече дека „Старшилд“ е контролирана од американската влада и „сите ограничувања на брзината или употребата ги одлучува американската војска и на крајот Маск - пишувајќи на X - одговараше на молбите од украинските власти за враќање на поврзаноста, вклучително и од Зеленски, кој за британските медиуми изјави: „Се надевам дека е грешка, можеби технички проблем. Владата на САД не коментираше.во раните утрински часови во четврток, руските напади убија две лица во регионот Дњепропетровск, изјави регионалниот гувернер.

Иако обете компании се во сопственост на „Спејсикс“ на Маск, „Старлинк“ е цивилна услуга што користи сателити во ниската земјина орбита за да обезбеди пристап до интернет, особено во оддалечени области, додека „Старшилд“ е дизајниран за владина и воена употреба.најмалку 600.000 луѓе низ цела Украина останаа без електрична енергија, а жителите рекоа дека не добиле никакво предупредување за дроновите пред да удрат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Апокалиптични сцени во Истанбул: Улици под вода, буица носи возила, затворени училишта

Обилните дождови предизвикаа големи поплави низ Истанбул, при што улиците се претворија во реки, автомобили останаа заглавени во водата, а беа поплавени и домови и деловни објекти. 

Видео: Апокалиптични сцени во Истанбул: Улици под вода, буица носи возила, затворени училишта

Во невремето настрада и едно момче, откако стапна во локва во парк.

Момчето, идентификувано со иницијалите М.И., починлоа во паркот „Чукур Бостан“, во истанбулската населба Балат, во општината Фатих.

Според информации од кабинетот на гувернерот на Истанбул, момчето било пренесено во болница во бесвесна состојба, но починало и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот. Надлежните органи започнаа истрага за да ги утврдат сите околности на овој случај.

Разорните врнежи предизвикаа хаос низ градот, при што службите за итни случаи примија вкупно 2.518 повици поврзани со временските неприлики. Евидентирани се 1.277 случаи на поплавување, 15 свлечишта и 47 ситуации во кои луѓе останале заглавени поради водата.

Исто така, пријавени се 13 паднати дрвја и два оштетени покриви. Според достапните податоци, невремето зафатило 808 станбени објекти, 280 деловни простории и 76 возила.

Куќи, продавници, патишта и подвозници се поплавени, а бројни автомобили останаа заробени во водата. Во еден дел од градот, минувачи спасија жена која била носена по улицата од водената стихија, додека пожарникари извлекоа лице заробено во поплавен подрум.

Најсилните врнежи беа регистрирани во областа Омерли, во општината Бејкоз, на азиската страна на Истанбул. Таму беа измерени 193,84 литри дожд на квадратен метар.

Во Арнавуткој беа регистрирани 125,9 литри на квадратен метар, додека во областа ИТУ Маслак, во општината Саријер, наврнаа 124,72 литри.

Во Чаталџа беа измерени 75,2 литри на квадратен метар, во Картал 14,3 литри, а во Бакиркој 6,8 литри. Количината на врнежи на одредени локации доведе до брзо излевање на водата на улиците и поплавување на објекти, што дополнително го отежна движењето на граѓаните и одвивањето на сообраќајот.

Поради опасните временски услови, властите одлучија во четврток да ја прекинат наставата во училиштата низ Истанбул. Исто така, забранет е сообраќајот за мотоцикли поради опасностите на патиштата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Скандалозно признание на Тошковски дека нашата граница е швајцарско сирење

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во телевизиско гостувањето, рече дека изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека границата е швајцарско сирење е скандалозна.

Филипче: Скандалозно признание на Тошковски дека нашата граница е швајцарско сирење

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во телевизиско гостувањето, рече дека изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека границата е швајцарско сирење е скандалозна, посочувајќи го примерот со пуштањето на Ива Михаилова , како и низата безбедносни пропусти во изминатиот период.

„Вчера министерот за внатрешни работи, би рекол, скандалозно изјавува дека нашата граница е швајцарско сирење. Ама тоа не треба тој да го изјави, тоа се гледа секојдневно. Изминатите повеќе од две години како е тој министер за внатрешни работи. Се сеќавате на скандалите на границата со Косово, како поминуваше Африм Гаши на свадба и така натаму. Како избега Артан Груби?“, рече Филипче.

Филипче посочи дека случајот со Ива Михаилова е уште еден во низата скандали за кои треба да има одговорност.

„ Најмалку што може, Панче Тошковски, сега, после овој скандал, последен во низата скандали е тоа. Да не го заборавиме случајот со пожарот во Кочани, се обиде да ги заштити делот од полицајците кои што таму работеа, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Во врска со случајот со Ива Михаилова, Филипче побара Бугарија да ја екстрадира и побара одговорност од Тошковски и Христовски.

„Бараме Бугарија да направи екстрадиција. И тоа е најмалку што Бугарија треба и може да направи во корист на добрососедските односи. Да потсетам на лажниот сертификат што директорот на АНБ, Бојан Христовски, го има од Бугарија. Да не е тоа причината зошто сега има вакви договори? Затоа што АНБ треба да има одговорност, затоа што МВР треба да има одговорност. А како ние можеме да бидеме сигурни дека сега нема некој таков договор, кога директорот на АНБ има фалсификуван сертификат за англиски јазик од Бугарија?. Нема што друго да е освен договор, затоа што нема објаснување како некој може така да помине граница. И адвокатот и самата Ива кажаа дека ја поминале границата најлегално, рече Филипче.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер