Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Манасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во Македонија
1Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
2Манасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во Македонија
ЗдравјеЕднаков пристап за сите, психологијата не смее да биде елитна здравствена гранкаМенталното здравје не е само индивидуална грижа, тоа е колективна одговорност која не засега сите нас. Преку признавање на неговата важност и подигање на свеста, можеме да создадеме свет кој има приоритет на менталната благосостојба. Мора да ја скршиме стигмата за менталното здравје, да поттикнеме отворени разговори и да обезбедиме поддршка на оние на кои им е потребна. Ова е пораката од Конференцијата за подигнување на свеста за менталното здравје во основните и средните училишта во организација на Либерален Институт Скопје. -Започнавме со креирање на Национална стратегија за ментално здравје која што ќе овозможи, ќе биде еден патоказ за тоа како рано да се детектира кога некој страда од анксиозност или депресија, на кој што му е потребна психолошка помош и советување. Таа стратегија треба да биде водич понатаму од кој што ќе произлезат и измени на законот, порача пратеничка и претседателка на ЛДП Моника Зајкова. Таа додаде дека се повеќе познати личности и во светот и во Македонија ги споделуваат јавно своите проблеми со менталното здравје, но дека табуата постојат, особено во руралните средини. Зајкова ја потенцираше и потребата од повеќе конференции на овие теми, повеќе кампањи, затоа што законот е едно, меѓутоа треба да се имплементира и менува свесноста кај луѓето за тема ментално здравје. - Менталното здравје не го опфаќа само врсничкото насилство, истото влијае и врз пост-породилниот период кај жените. Исто така влијае во секојдневните односи, најчесто младите се жалат дека неприфаќањето на нивните врски од страна на родителите, секојдневниот булинг што го имаме во училиштата и коишто го гледаме на социјалните мрежи сето тоа се рефлектира на тоа да имаме нарушено ментално здравје кај помладите и тие да почнуваат да размислуваат во негативен контекст ,односно да имаме вакви бројки и проценти кои покажуваат дека одреден број на луѓе размислуваат дури на самоубиство, што навистина е загрижувачко, вели др. Андромахи Наумовска, специјалист по медицинска психологија. Таа додава дека има психолози во училиштата, и во средните и во основните училишта, кои што може да ги искористиме за советување и може треба веќе оваа тема меѓу учениците да не биде табу тема, напротив, малку почесто да ги користиме педагозите и психолозите во образовните институции, односно, тие да не бидат папиролози и административни работници. -Изненадувачки е тоа што децата можеби и адолесцентите не се појавуваат на психолог, но мислам дека студентите се позачестени како таргет група. Имаше едно сведоштво на една девојка која што излезе и рече дека цел живот како дете патела, но конечно кога почнала да студира и имала стипендија со која што можела да си дозволи психолог и мислам дека тоа е многу поразително за мене, заради тоа што, за жал, психологијата е се уште една елитна здравствена гранка да ја наречеме и за мене ќе постигнеме успех кога како во Англија. Иако сакаме да мислиме дека сме многу далеку од неа, не сме, имаме права што можеме да ги гарантираме, секоја јавна здравствена установа има итна ординација за ментално здравје кај младите и секој еден млад човек без упат, без посебна причина, може да влезе во болницата, да отиде во таа ординација и да ја добие поддршката што им е потребна. И за мене тоа е една комплетна мерка кон која што можеме да се стремиме и да ја исполниме, мислам дека ќе победиме и ќе ја помрднеме стигмата многу, рече активистката Андреа Угриноска. Според специјалниот едукатор и рехабилитатор, Горан Петрушев е многу важно да се обрне внимание и на менталното здравје кај децата со попречености. Односно сите заедно треба да креираат иклузивна клима, пред се во училиштата, стручните лица да си ја вршат својата работа, да бидат повеќе со децата, помалку со евиденција и регистрација и секако да се вклучат родителите бидејќи само заеднички во училиштата, родителите и здравствените установи можеме да превенираме и да направиме една благосостојба на учениците и да ги намалиме проблемите во менталното здравје. Ние како педагози секојдневно работиме со ученици, одиме и на обуки и често не прашуваат „Што правите вие за вашето ментално здравје“. И ние се справуваме, на свој начин, понекогаш разговараме со психолог бидејќи за да им пружиме вистински совет на учениците, мора и ние самите да се грижиме за нашето ментално здравје, појаснува педагогот Маја Затуроска. Либерално демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаСојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортистСојузот на спортови на Скопје ја одржа 57. свеченост за доделување на традиционалните награди „13 Ноември“, со кои се оддава признание на спортисти, тренери, спортски работници и организации за нивните достигнувања ...Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го освои историското четврто место на ЕП во Литванија во 2011 година Сојузот на спортови на Скопје ја одржа 57. свеченост за доделување на традиционалните награди „13 Ноември“, со кои се оддава признание на спортисти, тренери, спортски работници и организации за нивните достигнувања и придонес во развојот и унапредувањето на спортот. На денешната свеченост, која се одржа во конференциската сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“, беа доделени девет награди, на предлог на Комисијата за награди и признанија и со одлука на Извршниот одбор на Сојузот. За најдобар спортист е прогласен каратистот Матеј Белистојаноски, кој оствари одлични резултати на меѓународната спортска сцена. Тој освои прво место на натпреварувањето Серија А во Тбилиси, златен медал на Европското првенство во карате за У21 во Лимасол, како и златен медал на Медитеранските игри во Таранто. Меѓу добитниците на наградите е Дејан Боневски, професор по физичко образование и спорт во ООУ „Наум Наумовски Борче“, за својот придонес во областа на спортот и образованието. Признание добија и Силвана Карбеска и Марија Илиева, меѓународна ракометна судиска двојка. Тие се меѓународни судијки за ракомет на плажа и ракомет во сала, а од 2009 година судат на светски и европски првенства, како и на највисоките натпреварувања во организација на Европската ракометна федерација (ЕХФ). Наградата му беше доделена и на Сашо Кузмановски, спортски новинар со богата спортска кариера, кој веќе 25 години ја извршува функцијата програмски уредник на Спортското радио 90.3. Меѓу наградените е и Ирена Митровска, претседателка на Федерацијата за дигање тегови и секретарка на Кик-бокс федерацијата, за нејзиниот придонес во спортското организирање и развојот на овие спортови. За посебните достигнувања во спортот, особено во текот на оваа година, награда доби и Спелеонуркачкиот клуб „Врело“. Признанието следува по исклучителниот успех на експедицијата „Врело 2026“, реализирана во периодот од 11 до 17 октомври, со врвно организирана нуркачка екипа. Во рамките на експедицијата беа поставени неколку нови светски рекорди: истражување на најдлабоката пештера во светот во која човек досега навлегол, најдлабоко нуркање во пештера и најдлабоко нуркање на отворени води. Во експедицијата учествуваа вкупно 15 членови од Македонија, Полска и Италија. Признание доби и Александар Кузмановски, карате-тренер во Карате клубот „Олимпик Скопје“, во кој членуваат некои од најдобрите спортисти, меѓу кои Матеј Белистојаноски и Вероника Костовска. Кузмановски воедно е и селектор на македонската А-репрезентација во карате, во дисциплината борби. Наградата за животно дело во областа на спортот му припадна на Марин Докузовски, професионален кошаркар и тренер, кој важи за најтрофеен селектор на македонската кошаркарска репрезентација. Под негово водство, Македонија го освои историското четврто место на Европското првенство во кошарка во Литванија во 2011 година. Наградите „13 Ноември“ се доделуваат од 1970 година, во чест на ослободувањето на градот Скопје. Тие се доделуваат за особени заслуги во развојот и унапредувањето на спортот, врвни спортски достигнувања, како и за придонесот на заслужни спортисти, тренери, професори по спорт, спортски новинари и спортски работници, вклучително и за животно дело во областа на спортот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во МакедонијаВо текот на вчерашниот ден, претседателот Мицкоски го матираше Венко Филипче. Вистината излезе на виделина околу случајот со Алта банка, односно претседателот Мицкоски јасно презентираше документ, а тоа е извадок од Нацрт записник од 194 седница на владата одржана на 24 октомври 2023 година. Тогаш претседател на Владата бил Димитар Ковачевски и на самата седница на владата се отворила темата за Алта Банка АД Белград, односно тогашниот министер за финансии, Фатмир Бесими, излегува со информација во која бара од Владата да му се одобри на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка- Србија. Значи, уште во 2023 година владата на СДС и на ДУИ на владина седница му дале насока на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка со истиот овој сопственик, Давор Мацура. Денес, ќе ми дозволите да разобличиме уште една лага, а таа е за наводите на Венко Филипче и СДС дека Алта банка и нејзиниот сопственик имале некаква забрана за работа во ЕУ. Се што кажа СДС за Алта банка е лага. Не само што Алта банка не била санкционирана од ЕЦБ, туку напротив до самиот чин на нејзино затворање таа имала удел во банка во ЕУ. Токму ова е извадок од официјалната страна на Адико банка од Виена, од кое се гледа дека токму Алта банка поседува 9,63% од акциите на Адико банка. Патем, овој удел Алта банка го поседува и ден денес и се уште е во сопственост на Алта банка Србија. Алта банка влегува во Македонија како банка која што има удели во банка во ЕУ. Осум месеци, откако Алта банка влегла во Македонија, матичната банка од Србија склучува договор со Рајфајзен банка од Виена, која е една од најголемите и најпознатите банки во ЕУ. Алта банка и Рајфајзен банка прават договор дека по преземањето на Адико банка, од страна на Рајфајзен банка истата ќе и ги продаде филијалите на Адико односно на Алта банка во БиХ, Србија и Црна Гора. Еве токму ова е извадoк од нивната веб страница односно од соопштение, а е напишано врз база на одлука на бордот на директори на банката, во кое јасно се гледа, стои во соопштението, Рајфајзен банка на две страни. Оваа одлука е активна се до згаснувањето на Алта банка во Србија, по што истите донесуваат нова одлука по згаснувањето, дека трансакцијата којашто требале да ја направат со Алта банка ја откажуваат, а тоа е токму ова соопштение коешто го изнесуваат, дека Рајфајзен банка ја прекинува соработката со Алта банка. Почитувани граѓани, Со ова, директно се докажува дека македонскиот регулатор и институции, немале апсолутно никаква можност да забранат Алта банка да влезе во Македонија, затоа што истата не само што не била забранета во ЕУ, туку била дел од сопственичките структури на банка на токму ЕУ. Ова се многу сериозни докази, кои водат до заклучок дека СДС и Венко Филипче како нејзин претседател, свесно манипулира и креира хистерија со цел да направи потрес на финансискиот пазар, што патем не им успеа, но не ги пере од одговорност. Ова се доволно силни основи ЈО да истражи и поведе постапка против Венко Филипче. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кралицата на облините Ријана повторно провоцираКралицата на прекрасните облини , светската музичка ѕвезда Ријана повторно провоцира, нејзиниот буен задник во танга повторно ги „запали'“ мрежите.Атрактивното издание на мегапопуларната Ријана ни овој пат не разочара. Нејзиниот гол задник стана главна тема на интернет. Позната по своите атрактивни, често и провокативни изданија, Ријана и овој пат ја разгори имагинацијата на многумина. Таа се потруди својот бренд за убавина „Savage X Fenty“ да го претвори во главна тема на социјалните мрежи, а за таа цел ги искористи своите вештини за заведување, како и своите облини. Имено, Ријана објави неколку промотивни фотографии за новогодишната колекција долна облека. Како што може да се види, фотографиите откриваат повеќе отколку што би требало, што предизвика големо внимание, но и збунетост кај корисниците на интернет.Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34