Едерсон го собори рекордот на Харт во Премиер лигата за чиста мрежа во Манчестер сити

 Голманот на Манчестер сити, Едерсон постави клупски рекорд по бројот на натпревари без примен гол во Премиер лигата.

Натпреварот од 26. коло на англискиот шампионат вчеравечер против Борнмут (1:0) беше 110. пат за Бразилецот да ја сочува мрежата на „Граѓаните“. Претходниот рекорд му припаѓаше на Џо Харт (109).

Едерсон го зазема 15-тото место во историјата на Премиер лигата по бројот на натпревари со „чиста“ мрежа. Рекордот му припаѓа на поранешниот голман на Челзи и Арсенал, Петр Чех (202).

Манчестер сити по 26 кола е втор во поредокот во Англиското фудбалско првенство со еден бод заостанување од лидерот Ливерпул. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Свинско месо

Во среда (13.11.2024) во емисијата гостин ни беше Диме Илиев

Состојки за денешниот рецепт:

400 гр. свинско месо

Саламура

3 - 4 лажици маслиново масло

3 - 4 лажици балсамико

малку рузмарин

сол и зачини по вкус

Прилог:

модри патлиџани со лук

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

По четири дена изгаснат е пожарот на планината Беласица

 Пожарот кој избувна во подножјето на планината Беласица на 10 овој месец, меѓу селата Смоларе и Мокрино, е изгаснат, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Шумскиот пожар е ликвидиран, а беше зафатена површина од околу 20 хектари најразновидна шума. На терен беа 7 вработени и 2 теренски возила од ЈП „Национални шуми“, ПШС „Беласица-Струмица“ , се наведува во информацијата од ЦУК.

Завчера дојде до повторно разгорување на пожарот на планината Беласица во близина на село Смоларе и притоа се приближил кон црквата „Свети Петар и Павле“, но со брза интервенција не беше дозволено пожарот да се прошири.

Инаку, вчера и покрај влажнотo и студено време струмичките пожарникари интервенирале на пожар на отворено на запалена ниска вегетација, капини и тополи во село Робово, Општина Босилово.

Јапонија не ја укина смртната казна

Владата на Јапонија, и покрај апелите на правните експерти, денеска го отфрли предлогот за укинување на смртната казна.

- Владата смета дека е несоодветно да се укине. Смртната казна е неизбежна за лице кое извршило исклучително тешко и грозоморно злосторство, изјави владиниот секретар Јошимаса Хајаши.

Комисија од 16 членови, меѓу кои и поранешни највисоки обвинители и полицајци, како и академици, вчера им предложија на Владата и на Парламентот да се формира тело кое би дебатирало дали да се задржи смртната казна во Јапонија.

Јапонија и САД се единствените држави од Г7, каде се изрекуваат смртни казни.

притисни ентер