Министерството за култура и туризам објави Конкурс за финансирање превод и објавување на дела од македонски автори на странски јазици
1Министерството за култура и туризам објави Конкурс за финансирање превод и објавување на дела од македонски автори на странски јазици
ФудбалЅвезда на Интер дојде на тренинг во Фиат Панда: Со години го чекав! (ВИДЕО)Фудбалерите на Интер вчера го одработија последниот тренинг пред денешниот натпревар со Удинезе, а главна приказна на тој тренинг беше играчот од средниот ред Артуро Видал.Чилеанецот дојде на тренинг во Fiat Panda и ги воодушеви сите собрани во тренинг центарот на Интер. Видеото од неговото пристигнување набрзо стана вирално на социјалните мрежи. View this post on Instagram A post shared by Arturo Vidal (@kingarturo23oficial) Видал вчера пред тренинг на Инстаграм се пофали дека го купил овој автомобил, кој според проценките на италијанските медиуми вреди околу две илјади евра. "Подарокот конечно пристигна. Соништата се остварија! Чекав со години да го добијам", напишал Видал. View this post on Instagram A post shared by Arturo Vidal (@kingarturo23oficial) Воопшто не би било чудно купување ако Видал не заработува милиони и веќе нема два скапоцени ѕверови во својата гаража. Видал поседува црвен Ferrari 488 Spider, кој може да развие брзина од 330 km/h, а тука е и црниот Brabus Amg G700 кој може да стигне до 240 km/h и Volvo XC 90.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
ФудбалФото: Баерн Минхен го претстави дресот за Октоберфест, дел од навивачите негодуваатГерманскиот фудбалски шампион Баерн Минхен го претстави дресот за Октоберфест. Поради дизајнот на дресот некои навивачи се гневни и бараат отпуштање на дизајнерот.Фудбалерите на Баерн во петок го пречекуваат Унион Берлин во натпревар од 4. коло на Бундеслигата, во нова специјална опрема дизајнирана во чест на Октоберфест. Новиот дрес се одликува со шарен дезен кој остава силен визуелен впечаток на теренот. Според официјалното соопштение на клубот, новиот дрес „ја спојува традицијата на Минхен со модерен и смел дизајн и го слави она што го прави Октоберфест посебен: радоста на живеењето, заедништвото и различноста“. Понатаму се наведува дека шарениот цветен дезен претставува модерна интерпретација на традиционалните мотиви. „Различните живописни бои ги отсликуваат многубројните аспекти на Октоберфест – неговата енергија, живост и разновидност – и ја доловуваат уникатната атмосфера што го исполнува Минхен секоја година за време на одржувањето на фестивалот.“ Дизајнот, кој се одликува со цветни шари и впечатливи бои, предизвика силни реакции, а навивачите не штедеа критики. „Отпуштете го дизајнерот“, „Со сета должна почит, што е ова?“, „Фотошоп од пеколот“, „Ова е едноставно тажно“ и „Вака изгледа дрес откако ќе испиеш 18 литри пиво“ се само дел од коментарите објавени на Инстаграм-профилот на Баерн. Иако смелиот дизајн има свои поддржувачи, на социјалните мрежи сепак доминираат негативните реакции. Во дрес со новиот дизајн на Барен Минхен се појави и победникот од Грен слемот во Њујорк, вториот светски тенисер Александар Зверев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
КултураМинистерството за култура и туризам објави Конкурс за финансирање превод и објавување на дела од македонски автори на странски јазици Министерството за култура и туризам објави Конкурс за финансирање превод и објавување на дела од македонски автори на странски јазици за 2026/2027 година.Министерството за култура и туризам објави Конкурс за финансирање превод и објавување на дела од автори од Република Македонија на странски јазици за 2026/2027 година. Конкурсот содржи јасно дефиниран буџет, јасно утврдени услови, мерила и критериуми кои ќе обезбедат потранспарентен модел на поддршка, рамноправност и одговорно управување со буџетските средства. Целта на Конкурсот е да се поттикне меѓународната афирмација на македонската книжевност, да се зголеми достапноста на домашните автори за странската читателска публика и да се унапреди културната соработка со меѓународни издавачи. Право на учество имаат исклучиво странски издавачи чија дејност опфаќа издавање книги. Со Конкурсот ќе се поддржуваат преводи и објавување на уметничка проза, поезија, драма, есеи, литература за деца, како и антологии и други книжевни избори наменети за поширок круг читатели. Министерството ќе учествува во финансирањето на трошоците за превод на избраните дела, со највисок износ на поддршка до 300 000 денари по проект, додека трошоците за печатење, промоција и дистрибуција не се предмет на финансирање. Конкурсот е отворен во текот на целата година, а стручната комисија ќе ги разгледува пристигнатите пријави во два рока: во октомври 2026 година и во март 2027 година. Пријавите и придружната документација се поднесуваат во ПДФ-формат на електронската адреса: [email protected]. Конкурсот за финансирање преводи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската книжевност на странски јазици, воспоставен во 2013 година, претставува значаен инструмент за меѓународна промоција на македонската литература и афирмација на домашните автори во странство. Со оваа мерка, Министерството за култура и туризам останува посветено на поддршката на македонската книжевност и на нејзината меѓународна афирмација, на начин што ќе обезбеди законитост, отчетност и вистинска поддршка за дела и проекти што имаат реална културна вредност и значење за промоција на македонската литература во странство. Повеќе информации и конкурсната документација се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам: КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРЕВОД И ОБЈАВУВАЊЕ НА ДЕЛА НА АВТОРИ ОД РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ ЗА 2026/2027 ГОДИНА - Други конкурси - Конкурси - Министерство за култура и туризам - Република МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБорбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало над ЛитванијаБорбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало над Литванија откако беше издадено предупредување за главниот град Вилнус и околниот регион.Леталото во Литванија дошло од соседна Белорусија и се движело кон запад. Гитанас Науседа, претседателот на Литванија, утринава објави: „Беспилотно летало што штотуку навлезе во литванскиот воздушен простор беше уништено од борбени авиони на НАТО. Со оглед на тоа што Русија ја засилува агресијата врз Украина, ваквата подготвеност е од витално значење за нашиот регион.“ Во меѓувреме, Полска ги активираше своите воздухопловни сили како превентивна мерка поради руските напади со беспилотни летала врз Украина. Вчера полската војска извлече сомнително руско беспилотно летало од морето кај балтичкиот брег во северна Полска. Литванија, Латвија и Естонија – сите членки на НАТО на границата со Русија – постојано се соочуваат со навлегувања на беспилотни летала на нивните територии откако Москва ја започна војната против украина.Тагови: дрон НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter