Две сестрички близначки, тешки по 500 грама херои на детска клиника - Канал 5

Две сестрички близначки, тешки по 500 грама херои на детска клиника

Четиристотини и осумдесет  и 700-тини грама толкава била родилната тежина на двете близначки пред време родени од терминот кога требало да бидат родени. 

Две сестрички близначки, тешки по 500 грама херои на детска клиника

Големина колку една далнка на возрасен, толку била долга половина килограмското девојче. Тоа било цели 3 месеци во одделот на интезивната нега во клиниката за детски болести, со посебна метода помалку инвазинва се изборило за добро здравје.

Тимот на доктори и сестри на овој оддел велат дека ова првото преживеано бебе со толкава мала родилна тежина. Во рацете на доктрите тоа веќе ја надминало должината од една дланка.

Министерот Филипче истакна дека иднината е во инвестирање во интезвините неги во болниците и работа со доктори од европските земји.

Министерот Филипче најави зголемување на платите на докторите во интезвините нега како со хирурзите, поради тежината на работата. Зголемување ќе добијат и медицинските сестри.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во период од 19 до 26 октомври, Општина Карпош и Град Скопје, спроведоа заедничка инспекциска акција на целата територија на Општината. 

Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Целта беше да се постигне комунален ред и хигиена на јавните површини, со примена на засилена контрола на терен од страна на комунални инспектори. Акцијата беше реализирана со полн капацитет на инспекциските служби од двете институции, а Општината беше поделена на пет реони од кој секој реон беше предмет на контрола во две смени.

Во текот на вчерашниот ден, акцијата заврши со целосна контрола на територија на Бардовци и Злокуќани, каде што беше спроведено и чистење на јавни површини, диви депонии, а беа изречени и повеќе прекршочни платни налози.

Во акцијата учествуваа вкупно 45 инспектори и комунални редари од двете институции и тоа: девет комунални инспектори, 17 комунални редари, еден градежен иснпектор, шест инспектори за животна средина, двајца инспектори за патишта, двајца инспектори за сообраќај, двајца инспектори за комунални такси, еден инспектор за данок, тројца инспектори за спорт и двајца инспектори за туризам, како и службата за одржување на хигиена на јавните површини од Општина Карпош.

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

Во рамки на еднонеделната инспекциска акција, утврдени се низа неправилности:

1.Комунална инспекција – комунални инспектори:

Извршени се 192 инспекциски надзори,

донесени се 19 решенија за одстранување недостатоци,

изречени се 34 опомени,

изречени се 42 глоби за физички лица,

изречени се 27 глоби за правни лица.

2.Инспекција за животна средина:

Извршени се 90 инспекциски надзори,

издадени се 15 покани за присуство на странка,

донесени се 17 решенија за одстранување недостатоци,

издадени се 32 опомени за правилно селектирање на отпад,

изречена е една глоба.

3.Инспекција за туризам:

Извршени се 15 инспекциски надзори,

изречени се седум глоби,

издадено е едно решение за одстранување недостатоци,

изречени се две усни опомени.

4.Инспекција за спорт:

Извршени се 21 инспекциски надзор,

изречени се четири глоби,

издадени се шест решенија за задолжување.

5.Комунална инспекција – комунални редари:

Извршени се 231 надзор,

изречени се 134 глоби.

6.Инспекција за патишта:

Извршени се 39 инспекциски надзори.

7.Инспекција за комунални такси и данок на имот:

Извршени се 41 инспекциски надзор.

8.Инспекција за сообраќај:

Извршени се 80 инспекциски надзори,

одземени се пет сообраќајни дозволи,

издадени се пет решенија.

9.Градежна инспекција:

Извршени се 29 инспекциски надзори,

издадени се пет покани за присуство на странка,

изречени се 15 усни опомени, по кои надзираните субјекти постапили веднаш.

Општина Карпош и Град Скопје продолжуваат со засилено и координирано делување на терен и во наредниот период, а посебен акцент ќе се стави во УЗ Злокуќани.

Локалната самоуправа апелира до своите граѓани и правни субјекти, да ги почитуваат законските обврски, како и правилно да го одлагаат и селектираат отпадот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Автомобил за вистинско уживање

Новата Opel Corsa Gse ја освои наградата „Carwow – автомобил на годината 2027“

Автомобил за вистинско уживање

Возбудлив спортски хечбек: Редакцијата на Carwow Германија ја прогласи новата Corsa GSE за „автомобил за вистинско уживање при возење“ за 2027 година.

• Чиста електрична моќност: 207 kW (281 КС), вртежен момент од 345 Nm и забрзување од 0 до 100 km/h за само 5,5 секунди.

• Дизајн што го забрзува пулсот: GSE-дизајн на предниот и задниот дел, 18“ фелни, високоперформансни сопирачки Alcon, спортски седишта и дигитални дисплеи, жолти безбедносни појаси и многу повеќе.

Комбинирани вредности за Opel Corsa GSE според WLTP: Потрошувачка на енергија 16.0-17.0 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; CO2 ознака: A

Комбинирани вредности за Opel Mokka GSE според WLTP: Потрошувачка на енергија 18.5 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; CO2 ознака: A

Спортски хечбек што го забрзува пулсот или едноставно кажано, вистински автомобил што овозможува уживање при возење! Токму таква е новата Opel Corsa GSE. Сега тоа е и официјално потврдено, независната редакција на Carwow Германија го награди новиот целосно електричен спортски автомобил со признанието „Carwow – автомобил на годината 2027“, прогласувајќи го за автомобил што овозможува вистинско уживање при возење. Corsa GSE уште еднаш докажа дека ги воодушевува и пошироката јавност и автомобилските експерти. Моќниот електричен модел неодамна ја имаше својата премиера на саемот за автомобили во Париз, каде што привлече огромно медиумско внимание за време на промотивниот настан по повод неговото претставување. Со освојувањето на наградата „Carwow – автомобил на годината 2027“, доделена од оваа влијателна онлајн-платформа за нови и половни автомобили, Corsa GSE, која веќе е достапна за нарачка, го освои и своето прво големо признание.

„Новата Opel Corsa GSE ја продолжува традицијата на Opel за возбудливи спортски хечбек-модели и покажува колку забавно може да биде возењето целосно електричен автомобил. Најспортската верзија на нашиот најпродаван мал автомобил ги освојува симпатиите на љубителите на автомобили, експертите и купувачите. Наградата „Carwow – автомобил на годината“ е силна потврда за тоа. Пресреќни сме поради ова фантастично признание“, изјави Patrick Dinger, директор на Opel Германија.

„Импресивни 281 КС, големи сопирачки со дијаметар од 355 милиметри и спортски седишта што обезбедуваат одлична потпора, Opel Corsa GSE ги има сите предуслови за вистинско уживање при возење. Благодарение на механичкиот диференцијал со ограничено пролизгување на предната оска, кој паметно ја распределува погонската сила, возењето низ свиоци со Corsa GSE е уште позабавно“, оценува жирито на Carwow Германија.

Од 0 до 100 km/h за 5,5 секунди: ниту еден актуелен сериски модел на Opel не забрзува побрзо

Новата Corsa GSE е вистински спортски хечбек, кој во целост го оправдува своето име. Кратенката GSE означува „Grand Sport Electric“, но може да се протолкува и како „goosebumps, speed and emotions“ (наежување, брзина и емоции). Како спортска изведба на најпопуларниот мал автомобил во Германија и Велика Британија, Corsa GSE овозможува сè што може да се посака од автомобил со високи перформанси. Со спуштена шасија, Torsen диференцијал со ограничено пролизгување, моќност од 207 kW (281 КС) и вртежен момент од 345 Nm, новиот модел располага со иста електрична моќност како и Mokka GSE. Сепак, Corsa GSE уште поубедливо ги демонстрира своите спортски способности. Од место до 100 km/h забрзува за само 5,5 секунди, со што станува најбрзиот модел во актуелната сериска понуда на Opel. На делниците од германските автопати без ограничување на брзината, возачите можат да забрзаат до максимални 180 km/h. Спортскиот карактер дополнително е нагласен со активниот спортски звук, развиен специјално за новата Corsa GSE. Неговата интензивност се менува во зависност од забрзувањето и брзината, правејќи ги перформансите звучно доживување и за возачот и за патниците.

Новата Opel Corsa GSE уште на прв поглед го открива својот спортски карактер и високите перформанси. Како најмоќната сериска верзија на Corsa досега, таа се одликува со бројни специфични GSE детали, почнувајќи од предниот браник со уникатен дизајн и впечатливите црни декоративни елементи, па сè до задниот спојлер и спортските 18“ алуминиумски фелни. Спортскиот дух продолжува и во внатрешноста, каде што се издвојуваат спортските седишта со интегрирани потпирачи за глава и GSE логото.

Истовремено, инженерите на Opel се погрижија целосно електричната Corsa GSE, и покрај својот спортски карактер, да ја задржи практичноста потребна при секојдневна употреба. Оваа Corsa не е само автомобил која овозможува вистинско уживање при возењето, туку и пријатен сопатник на подолги патувања, што го докажа и со патувањето од Сарагоса до Париз. Како и кај секоја електрична Corsa, и кај овој спортски модел волуменот на багажниот простор се движи од 267 до 1.042 литри. Стандардната опрема, која вклучува функција за греење на седиштата и управувачот, 180о камера за возење наназад, навигациски систем, адаптивен темпомат и систем за пристап и стартување без клуч, придонесува за поголема удобност и безбедност. Доколку возачите на Corsa GSE сакаат да напојуваат надворешни уреди, тоа можат да го направат со помош на енергијата од батеријата на возилото, благодарение на двонасочниот вграден полнач со функција V2L (Vehicle-to-Load). На овој начин, новата Corsa GSE го обединува најдоброто од двата света: возбудлив автомобил што овозможува вистинско уживање при возење, а истовремено без напор се справува со предизвиците на секојдневието.

Оваа година се одржа петтото издание на наградите „Carwow – автомобил на годината“. Стручното жири ги оценуваше возилата во единаесет категории, при што беа земени предвид критериуми како што се цената, перформансите, дизајнот, ентериерот, одржливоста, ефикасноста, удобноста и практичноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Скопје го менува ликот со капитални инвестиции во сообраќајот, екологијата и јавниот простор

Пред една година, стоејќи токму тука, пред вас, се обврзав дека ќе го промениме девастираното Скопје во кое сите живеевме. Дека ќе го запреме неговото пропаѓање. 

Ѓорѓиевски: Скопје го менува ликот со капитални инвестиции во сообраќајот, екологијата и јавниот простор

Дека повторно ќе го направиме силен, достоинствен и пред се горд град. Ви ветив работа и дела. Денес сум повторно пред вас, да положам отчет за тоа ветување.

Работевме силно. Работевме деноноќно. Со сознание дека зад секој нерешен проблем стојат луѓе чиј живот не може да чека да дојдат подобри времиња. Наша должност беше да ги создадеме тие подобри времиња. Тежината на задачата ја знаевме. Од одговорноста не отстапивме.

Затоа што постојат моменти кога еден град мора да реши дали ќе продолжи да се навикнува на сопственото пропаѓање или ќе собере сила и ќе застане на нозе. Ние решивме да станеме. Да се зафатиме со најтешкото. Да ги отвориме прашањата што предолго биле одложувани. И да истраеме таму каде што секое ново откажување ќе значеше уште една изгубена надеж за нашите граѓани.

Немавме право да ја изневериме таа надеж. Вашата доверба за мене беше обврска што ја носев секое утро, со секоја одлука и пред секоја пречка. Обврска да преземам одговорност. Да барам решение. Да останам на задачата се додека работата не биде завршена.

Денес, по една година, имаме конкретни дела за кои можеме да зборуваме. Но имаме и јасна свест за сето она што допрва мора да го направиме. Секој постигнат резултат ја зголемува нашата одговорност за следниот. Затоа, овој отчет го давам со гордост за сработеното и со решителност за она што следува.

Пред една година побарав од вас доверба да докажеме дека можеме. Денес пред вас ги ставам делата што покажуваат дека можеме. И ви давам збор - ќе истраеме. Со работа, со храброст и со целата сила што ја имаме. се додека промената не стигне до секое скопско маало!

Почитувани,

Првата одговорност беше да создадеме цврста основа за сето она што го ветивме. Секој денар во градскиот буџет е доверба на граѓаните и мора да биде употребен одговорно. Затоа се зафативме со долговите, со обврските и со финансиската дисциплина — решени да му ја вратиме на градот способноста да инвестира и пред се да се развива.

Со посветена и одговорна работа, за само неколку месеци од почетокот на мандатот, успеавме целосно да ја консолидираме финансиската состојба на Градот Скопје, и покрај наследениот долг од речиси 300 милиони евра и девастирани јавни претпријатија. Град Скопје ги намали тековните обврски за 322,1 милиони денари и за дополнителни 743 милиони денари по основ на кредити, неисплатени експропријации, изгубени судски постапки со камати и судски трошоци, неисплатени субвенции и преземени програмски активности.

Обврските се значително намалени во сите јавни претпријатија: „Водовод и канализација“ - за 1,66 милијарди денари; ЈСП „Скопје“ за 634 милиони денари; „Комунална хигиена“ за 122 милиони денари; „Паркови и зеленило“ за 114 милиони денари; „Градски паркинг“ за 53 милиони денари; „Улици и патишта“ за 32 милиони денари.

Музејот на Град Скопје, кој минатата година имаше сериозни долгови и исклучена струја, денес има нула денари обврска. КИЦ, кој беше препознатлив по долгови, до крајот на септември ќе има нула обврски, додека ДКЦ и Културниот дом „Кочо Рацин“ веќе се целосно раздолжени.

МКЦ ги намали обврските за 7,6 милиони денари, а обезбедени се и средства за Планетариумот, киното „Милениум“ и е-спорт центарот. Зоолошката градина ги намали обврските за околу пет милиони денари, а Градската библиотека за 2,5 милиони денари, со дополнително намалување од 2,5 милиони денари до крајот на оваа календарска година.

И додека ги враќаме старите долгови, инвестираме повеќе од кога било во главниот град! По најдобриот прв квартал во историјата на Град Скопје, зад нас е и најдобриот втор квартал според реализацијата на капиталните проекти.

Скопјани, предолго чекаа на патишта што требаше да поврзат населби, на мостови што требаше да го олеснат движењето, на решенија што требаше да станат дел од нашето секојдневие. Тоа чекање има цена за секое семејство. Затоа, инфраструктурните проекти ги презедовме како обврска кон луѓето чие време и трпение заслужуваат почит.

Решително и забрзано се приближивме кон целта која што пред една година си ја поставивме пред нас, рамномерен развој на сите делови од нашето Скопје и современо уреден јавен простор и широки и проточни сообраќајни врски кои ќе овозможат нашите граѓани лесно и без застој да се движат низ нашиот град. Со голема посветеност успеавме да откочиме неколку исклучително значајни инфраструктурни проекти кои со години тонеа во заборав и негрижа.

Изградбата на булеварот Борис Трајковски во општина Кисела Вода, на преостанатата делница од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево, влегува во својата завршница - до крајот на оваа година а може и пред зададениот рок, 100.000 наши граѓани ќе возат по целосно проширен, модерен и безбеден булевар на чија изградба се чекаше повеќе од 30 години.

Привршува изградбата и на сложената клучка на Момин поток, проект од особено значење за развој на три општини. Забрзано работиме на ставањето во функција на булеварот Македонија, првата подземна сообраќајница во Скопје - улиците што ќе се слеваат кон подземната сообраќајница ги проширивме и ги адаптиравме за очекуваниот зголемен интензитет на сообраќај и продолжуваме со градежните работи на другите фази од овој проект.

Во Карпош, ја поврзуваме улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“ преку новиот мост на реката Вардар, која ќе биде готова до крајот на оваа календарска година. Ја расчистуваме и трасата на булеварот АСНОМ низ населбата Ќерамидница, со цел конечно ставање во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“.

Овие капитални проекти значително ќе го растоварат сообраќајот низ нашиот град и за првпат ќе поврзат делови од градот што претходно биле неповрзани, притоа олеснувајќи го движењето за нашите граѓани.

Дополнително, привршува и јавната набавка за проектирање и изведба на две монтажни катни гаражи со повеќе од 500 паркинг места, во Клиничкиот центар кој е од исклучителна важност како и за пациентите, така и за медицинскиот персонал но и за студентите таму.

Важно е да споменам дека улиците „Перо Наков“ во Гази баба и „Фрањо Клуз“ во општина Аеродром веќе добија нов асфалт. Во тек е и обнова на улицата 101 во Ѓорче Петков односно во Волково, изградба на булеварот Македонско-косовска бригада во Чаир и реконструкција на улиците Бутелска и Радишанска во Бутел и Лазо Трповски во Чаир, а наскоро започнуваме и со реконструкцијата на улицата ,,Лазар Поп Трајков” во Автокоманда.

Особена грижа посветуваме на пешаците и на велосипедистите во нашиот град. Ги уредуваме пешачко-велосипедските патеки по должина на градските улици и булевари, на кејот на Вардар и покрај реката Серава, меѓудругото, поставивме и околу 2000 столпчиња за поголема безбедност и ослободување на јавниот простор.

Ја откочивме и изградбата на новата пречистителна станица за отпадни води што се гради во Трубарево, која веќе е 40% реализирана. Пречистителната станица за Скопје е најголемиот и најсовремен еколошки проект во Македонија, кој опфаќа изградба на околу 60 објекти што ќе донесат историска промена во заштита на реката Вардар, животната средина и пред се здравјето на нашиот народ.

Нова водоводна мрежа добија жителите на Нерези, Бел Камен и Горно Лисиче. По неколку години негрижа и пропаѓање, темелно ја обновуваме популарната подна фонтана на плоштадот „Македонија“. Повторно проработеа фонтаните „Лотосов цвет“, „Воин на коњ“, „Олимпија“, „Паднати борци“, а засвети и Вечниот оган, како и споменикот на Децата бегалци во паркот Жена борец.

Исто така, целосно е реконструиран надвозникот Естакада во Гази Баба и улицата кон Горно Оризари во Шуто Оризари, каде што веќе имаме и други инфраструктурни зафати. Секое утро, кога нашиот сограѓанин тргнува на работа, кога ученикот тргнува на настава, кога повозрасниот човек треба да стигне на лекар, јавниот превоз мора да биде негов сигурен сојузник. Зад таа сигурност стојат возила, организација и одговорно управување. Токму таму ги насочивме и нашите напори.

Скопје е на чекор да добие брз автобуски превоз (БРТ). Ги отстранивме пречките и создадовме услови БРТ конечно да влезе во фаза на реализација. На задоволство на сите, проектот претрпе измени - нема да се сече постојното зеленило на булеварите, автобусите ќе се движат по крајните сообраќајни ленти, а дополнително ќе се засади ново зеленило како природна бариера меѓу БРТ коридорот и останатиот сообраќај.

Градскиот воз беше визија, а денес е реалност. Благодарение на Владата и на Министерството за транспорт, градскиот воз од 1 септември сообраќа на релација Зелениково – Скопје и за граѓаните нуди безбедно, брзо патување и пред се заштеда на финансиски средства, а директно придонесува и за намалување на загадувањето кое потекнува од сообраќајот.

ЈСП, во првите шест месеци од годинава, во периодот кога на глобално ниво се зголемени цената на горивата, бележи заштеда од половина милион евра за гориво, со дополнително вклучени 50 поправени возила во сообраќајот, споредено со првите шест месеци од истиот период лани.

По цела една деценија Скопје ќе добие нови 100 еколошки автобуси. Завршена е набавката во Министерството за транспорт и следува испорака на возила кои веднаш ќе се вклучат во јавниот превоз.

Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија ги опремивме со GPS уреди и ги следиме преку современ мониторинг центар, со што се овозможува поголема контрола и заштеда на горивото.

Почитувани,

Сликата што ја гледаме кога ќе излеземе од својот дом зборува за односот кон нашиот град. Чиста улица, уредено маало и јавен простор што се одржува се основни услови за достоинствен живот. За нив се потребни секојдневен труд, добра организација и служби опремени да ја завршат својата работа.

Јавната чистота, почитувани, е уште еден исклучително важен сегмент на урбаното живеење на кој посветивме особено внимание. Во голема акција го исчистивме градот и ја оставивме зад нас сликата со преполни контејнери, натрупано ѓубре околу нив, диви депонии и нечисти јавни површини.

Благодарение на одличната соработка со Владата на Република Македонија и со претседателот Христијан Мицкоски добивме нови специјални комунални возила, цистерни за миење на улиците и булеварите, метларки за одржување на јавните површини кои веќе се вклучија во одржување на јавната хигиена во нашиот град. Во исто време, Град Скопје со сопствени средства набави дополнителни специјализирани возила за ЈП „Комунална хигиена“.

Пристигна првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери - најголема набавка морам да споменам од ваков тип во изминатите децении и тоа по речиси двојно пониска цена во однос на претходните набавки на контејнери, во услови на глобално зголемени цени.

По спроведената физибилити студија, забрзано се одвива и процесот за одгасување на депонијата „Вардариште“ и на безбедно се отстранува површинскиот слој од депонираниот мешан и градежен отпад на депонијата. На ова место ќе никне современ мега парк на површина од околу 600.000 квадратни метри, простор за рекреација и чист воздух, новите бели дробови на градот Скопје.

Грижата за здравјето на граѓаните бара истрајност во секој дел од годината. Бара будност, бара контрола и пред се подготвеност да се постапува секогаш кога е загрозен јавниот интерес. Нашата одговорност е да ги користиме надлежностите што ги имаме и да ги заштитуваме воздухот, водата и просторот што сите заедно го делиме.

Преземаме засилени инспекциски контроли на индустриските капацитети со редовни и вонредни надзори за контрола на загадувањето, не само во периодот од годината кога бележиме зголемено загадување на воздухот. Досега се изречени многубројни парични глоби и опомени, а така ќе биде и во периодот што следи.

Воведуваме ред на јавните површини, а особено внимание посветуваме на локациите на кои што во минатото се создавале диви депонии. Во овој процес ќе ни помогне и видео надзорот кој наскоро ќе го поставиме на црните точки и дигитализацијата на градскиот инспекторат, со што ќе се олесни работата на инспекторите и ќе се зголеми нивната ефикасност. Видео надзорот ќе ни помогне да се справуваме и со вандализмот на урбаната опрема и на јавните површини.

Нема да дозволиме неодговорни лица да го нагрдуваат лицето на нашиот заеднички дом. Скопје заслужува простор во кој децата ќе играат, семејствата ќе се среќаваат, а повозрасните ќе го наоѓаат својот мир. Секое ново дрво е залог за годините кои што доаѓаат. Секој нов парк е простор што им го враќаме на луѓето. Со таа мисла го шириме зеленилото во нашиот град.

Грижата за здравјето на скопјани и за животната средина се гледа и преку нашата заложба за подигање и уредување на зеленилото во градот. Во Скопје во моментов се подигаат нови 200.000 квадратни метри зеленило – мега паркови и зелени коридори.

Нов мега парк подигаме на местото на запуштениот простор по должината на булеварот Христијан Тодоровски - Карпош во Бутел, покрај реката Вардар во Сарај; во Ново Лисиче, во непосредна близина на последната станица на автобусот со број 5 и на кејот на Вардар во Карпош.

Со нова урбана опрема ги уредуваме трите дела на паркот „Македонија“ во Карпош, а зелени коридори подигаме и по должина на градските улици и булевари, а на главната улица во Ѓорче Петров е веќе завршен.

Обрнуваме внимание посебно и на заштитата и обновата на зеленилото во парк-шумата „Водно“. Темелно го реконструиравме дел од патот кон Средно Водно кој што е во надлежност на Градот Скопје, за првпат поставивме и ново ЛЕД осветлување, а уредивме и моторички парк со природни препреки и реквизити за развивање на рамнотежата.

Кога ќе се огласи повикот за помош, има луѓе што без двоумење ја преземаат најтешката задача. Нивната присебност, подготвеност и храброст спасуваат животи. Кон нив имаме обврска што мора да ја исполнуваме со дела: да им обезбедиме услови во кои ќе можат безбедно и ефикасно да го заштитуваат нашиот град.

Скопските пожарникари – хероите на градот, се грижат за нашата благосостојба, а ние се грижиме за нив. Преку Ребаланс на буџетот обезбедивме средства за изградба на нова противпожарна станица за Бригадата за противпожарна заштита на Градот Скопје, која што ќе се наоѓа во општина Аеродром во близина на Центарот за јавно здравје.

Со изградбата на овој објект ќе се овозможи побрза реакција на пожарникарите при техничките интервенции, спасување на човечки животи и поефикасна заштита од пожари во урбаната средина, но и на отворен простор. За пожарникарите обезбедивме и ново специјализирано противпожарно возило, како донација. Екипираноста на противпожарната бригада ја подобривме со нов кадар, што е предуслов за успешна и безбедна работа.

Почитувани,

Во училниците денес растат луѓето што утре ќе го водат, ќе го градат и ќе го развиваат Скопје. Нивниот талент заслужува можност, нивната љубопитност заслужува поддршка, а нивните наставници заслужуваат услови во кои ќе можат да го дадат најдоброто од себе. Затоа вложувањето во образованието го сметаме за една од нашите најважни обврски.

Новата учебна 2026/2027 година во средните училишта на Градот Скопје почна со нови и современо опремени кабинети по математика и физика, како и лаборатории по хемија и биологија, а во тек е и изградба на паметен пластеник - училишна лабораторија во која образованието, науката, технологијата и земјоделството ќе се спојат на едно место.

Средните училишта ги опремивме со нова наставна опрема, современи дидактички помагала, интерактивна технологија и нов училиштен мебел, клупи и столчиња приспособени за потребите на учениците и наставата на 21 век. Средните училишта добија и нови спортски терени, фитнес зони, смарт табли, прочистувачи за воздух и кабинети за информатика. Реализиравме и најголема набавка за средното образование досега, со што ја потврдуваме нашата силна посветеност кон поквалитетно образование.

Дополнително, работиме две средни училишта да добијат топлотни пумпи за греење, а четири училишта да добијат фотоволтаици, за да се намалат трошоците за потрошената енергија и да се заштити животната средина. За првпат досега обезбедивме лаптоп за секој првенец на генерацијата, летен едукативен камп за средношколците, како и награди за учениците со исклучителни резултати во спортот и образованието.

Млад човек што верува во себе, што учи да се бори за својата цел и што има можност да го покаже својот талент е сила на целиот наш град. Наша задача е да создадеме простор за таа сила да расте на спортските терени, во салите и на местата каде што младите ги претвораат своите идеи во дела. Инвестирањето во спортот значи инвестирање во иднината, во здрави млади генерации, во дисциплина, дух на победа и силно општество.

Скопје доби нов уреден спортски комплекс на кејот на реката Вардар. Реконструирани се запуштените игралишта за фудбал, кошарка, ракомет и одбојка на песок, а поставена е и нова урбана опрема, оформени се и современи фитнес-зони на отворено за рекреација и за здрав живот. Ги обновивме и спортските терени на кејот на Вардар во Маџир Маало.

Она што за мене претставува голема гордост е што Скопје доби уште еден репрезентативен спортски објект - салата „Расадник“.

Во мојот мандат како градоначалник на Општина Кисела Вода, салата ја затекнавме руинирана и демолирана, но со посветена работа и со силна поддршка од претседателот на Владата Христијан Мицкоски, „Расадник“ се претвори во модерен спортски објект со обновен терен, уредени трибини, нови соблекувални, и така натаму. Во Домот на културата „Кочо Рацин“ отворивме Младински хаб во соработка со УНДП, кој младите луѓе и младинските организации може бесплатно да го користат, да организираат работилници, да се едуцираат и да ги реализираат своите идеи.

Почитувани,

Има моменти кога на човек му е потребна подадена рака, сигурно место и сознание дека не е оставен сам. Во тие моменти градот мора да биде присутен. Со разбирање, со достапни услуги и со конкретна помош. Човечкото достоинство е обврска што ја носиме пред секој наш сограѓанин.

За да се подобри заштитата за жртвите од семејно насилство отворивме шелтер-центар за помош на жртвите од семејно насилство.

Водејќи грижа за потребите на лицата со попреченост, во просториите на МКЦ отворивме Центар за дневен престој за лица со попреченост од 14 години и нагоре, кој е прв од ваков вид во градот. Отворивме и Центар за поддршка на лицата со дијабетес и Центар за лицата со церебрална парализа кои нудат директна помош, советување, едукација, дружење, психо-социјална поддршка и секојдневна грижа за оние на кои што тоа им е најпотребно.

Градот Скопје обезбеди парична помош за повеќе од 1.500 онколошки пациенти, како поддршка во нивната тешка борба. Скопје има што да му покаже на светот. Има наследство што заслужува да се сочува, уметници што заслужуваат поддршка и приказни што заслужуваат да бидат раскажани. Нашата задача е да ја отвориме таа можност и да создадеме услови културата да биде жива, достапна и присутна во животот на градот.

По интензивни и суштински разговори што ги водевме во Брисел, Скопје официјално ја задржа титулата Европска престолнина на културата за 2028 година. Соработуваме со сите скопски општини, со највисоките рангирани универзитети во Република Македонија и со нашите меѓународни партнери сѐ со цел да осмислиме комплетен културен производ кој Скопје ќе го претстави во најдоброто светло, како град на културата и на можностите, но пред се и на традицијата, историските споменици и приказни, и почитта кон различностите.

Во пресрет на 2028 година ја отворивме и првата инфо-канцеларија на „Скопје 2028“, во просториите на Музејот на град Скопје. Се гради Универзалната сала - симболот на солидарноста и на културниот идентитет на нашето Скопје. Во тек е сеопфатен процес за уредување и ревитализација на просторот на Скопското Кале.

Камениот мост наскоро ќе добие декоративно и архитектонско осветлување кое ќе ја истакне неговата историска убавина и симболика. По години пауза, Градот Скопје даде повторно поддршка за култната манифестација „Скопско лето“, а поддржуваме и многубројни културно-забавни манифестации и настани кои го привлекуваат вниманието на граѓаните од сите возрасти.

Почитувани,

Времето на граѓаните заслужува почит. Секоја услуга што станува подостапна, секоја постапка што се олеснува и секоја можност граѓанинот полесно да се обрати до градот значат чекор напред. Затоа го осовременуваме и начинот на кој Скопје им служи на своите граѓани - со технологија што носи практична корист и со податоци што ни помагаат да носиме подобри одлуки.

Дигиталната трансформација на Градот Скопје опфаќа повеќе поврзани проекти за подобрување на условите на нашите граѓани, модернизација на администрацијата и поефикасно управување со нашиот град. Во даночната администрација, преку порталот DanociEPay е овозможена електронска достава на даночните решенија, како надградба на претходните достапните услуги за преглед на даночните обврски, финансовата картица и електронското плаќање.

Овие услуги се надополнуваат со даночниот ГИС-портал, наменет за просторно прикажување и проверка на имотните податоци. Репроценката на недвижниот имот во Општина Центар е во завршна фаза, со цел подобрување на евиденциите и поточно утврдување на даночната обврска.

Во геопросторното управување, ГИС-порталот на Град Скопје обезбедува пристап до информации од урбанистичкото планирање, инфраструктурата, зеленилото и други градски содржини. Во тек е и изработката на дигитална реплика на Скопје, како основа за поврзување и анализа на просторните податоци и поддршка на планирањето и донесувањето на одлуки.

Во областа на животната средина, реализиран е порталот за соларен потенцијал, наменет за информирање на можностите за користење сончева енергија. Дополнително, платформата „Еко Скопје“, промовирана на 20 октомври 2026 година, овозможува граѓаните да пријавуваат еколошки проблеми со локација, фотографија и опис и да го следат статусот на пријавите.

Поддршката за натамошниот развој обезбедува соработка со УНДП, која ги опфаќа даночните системи, дигиталната трансформација, урбанистичкото планирање и животната средина. Овие проекти создаваат услови за подостапни услуги, поквалитетни податоци и поголема вклученост на нашите граѓани.

Драги скопјани,

Одговорноста за градот бара да гледаме подалеку од денешните градилишта. Да ги подготвуваме следните чекори навреме, да ги предвидуваме потребите и да создаваме решенија што ќе служат со децении после нас. Имаме обврска да го довршиме започнатото и решителност да ги преземеме задачите што следуваат.

И додека забрзано ги реализираме веќе почнатите инфраструктурни проекти, во Градот Скопје веќе се работи на нови капитални проекти кои ќе го решат долгогодишниот проблем на градот и ќе овозможат рамномерен развој на неговите населби. Ќе споменам дека подготвуваме голема есенска акција за засадување на дрвја во парковите и на јавните површини со што ќе го надоместиме загубеното зеленило и ќе го раззелениме градот со повеќе од 6000 садници.

Во тек се подготовките за капиталниот проект за изградба на мост и улица што ќе ги поврзат Ѓорче Петров и Сарај и ќе создадат нов влез во градот Скопје. Работиме и на проектот за изградба на булеварот Хасан Приштина и за изградба на нов мост преку Вардар што ќе ги поврзе Ново Лисиче со Маџари.

Ќе се работи и на потребната документација за изградба на двата кружни тека што ќе бидат во функција на подземната сообраќајница зад Старата железничка станица. До крајот на мојот мандат како градоначалник, Скопје ќе ја добие својата прва подземна сообраќајница.

Верувам и дека следната година Скопје повторно ќе добие градско кино Милениум, односно планираната реконструкција исто така ќе биде ставена во функција. Сите овие проекти имаат една заедничка цел, а тоа е подобар живот за скопјани. Тоа е смислата на секоја инвестиција и одговорноста што стои зад секое наше ветување.

Пред да завршам, сакам да ви дадам јасен збор - програмата за која што ја добивме вашата доверба ќе ја исполниме во целост. Зад секое ветување стои обврска. Зад секоја обврска, работа што мора да биде завршена. И јас ќе стојам зад тој збор, со целата одговорност што ја носам со себе.

Нема да ви кажам дека секој чекор ќе биде лесен. Ќе има потешкотии. Ќе има денови што ќе ја стават на испит целата наша истрајност. Но нашата решителност ќе биде поголема од секоја потенцијална пречка. Ќе го довршиме започнатото. Ќе го исполниме ветеното.

Со поддршка на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и на Владата во целост, со заедничка работа и јасна цел, на Скопје му претстои вистинска преродба. Преродба што ќе се гледа во новите улици и булевари, во парковите, во јавниот превоз. Преродба што ќе се чувствува во секојдневниот живот на нашиот народ.

Нашите деца заслужуваат да растат во град што им отвора можности. Нашите родители заслужуваат спокојно и достоинствено секојдневие. А секој човек што го нарекува Скопје свој дом заслужува причина со гордост да каже: ова е мојот град! За тоа вреди да се вложи секој час. За тоа вреди секој напор. И со тоа и за тоа ќе ја вложам целата своја сила.

Скопјани,

Пред една година ми ја дадовте довербата и честа да го водам овој град. Таа доверба ја носам со благодарност и со длабока одговорност. Денес, по сето она што го започнавме и го сработивме, мојата верба во Скопје е уште посилна. Ова е првата година. Пред нас се годините во кои дадениот збор мора да стане целосно исполнето дело.

Ќе работиме. Ќе градиме. Ќе истраеме. Сѐ додека не ја исполниме програмата во целост. Сѐ додека промената не стигне до секое наше маало. Сѐ додека Скопје повторно не застане со сета своја сила и гордост! Тоа е мојата обврска пред сите вас. Тоа е зборот од кој нема да отстапам по ниедна цена.

За Скопје. За скопјани. За градот што со гордост ќе им го оставиме на нашите деца!

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер