Две големи американски компании до крајот на следната година ги напуштаат зоните во Скопје - Канал 5

Две големи американски компании до крајот на следната година ги напуштаат зоните во Скопје

Две големи американски компании до крајот на следната година ги напуштаат зоните во Скопје. 

Две големи американски компании до крајот на следната година ги напуштаат зоните во Скопје

Станува збор за компаниите „Аптив“ и „Дура“ кои се дел од автомобилската индустрија и вработуваат околу 1.000 луѓе. Информацијата ја потврди претседателот на Совет за странски инвеститори при Стопанската комора Виктор Мизо, но не сакаше да ги коментира причините за заминувањето на компаниите. Вели тоа се интерни одлуки, и посочува дека ако една или две комапнии решиле да заминат од земјава не значи дека другите нема да се развиваат или нема да дојдат нови кои преку Македонија ќе дојдат на европскиот пазар.

„Од она што го имам прочитано тие прават некоја консолидација на своето портфолио на европскиот пазар. И како што кажав европската индустрија е во стагнација но ќе имаме и подебници и некогаш некој компании кои нема да успеат да се снајдат најдобро во она што се случува во автомобилската индустриј. Но фактот што ние продолжуваме со инвестирање и одиме понатака значи дека ова е добра успешна и правилна одлука што сме ја донеле како компанија за да се развиваме во Македонија.“ - Виктор Мизо – ген. дир. на Костал Македонија и потпретседател на Стопанска комора.

Најавата на двете големи американски комапнии за заминување од Македонија за премиерот не треба да се сфати како крај на светот, Мицкоски вели едни доаѓаат други заминуваат и до крајот на годинава најави нови најмалку 4 компании со кои како Влада ќе потпишат договори. Уверува се водат интензивни преговори, и очекува во следниот период по доаѓањето на тие комапнии во земјава да бидат отворени најмалку 1000 нови работни места.

„Видете ќе има компании кои ќе се отвараат ќе има компании кои ќе се затвараат и домашни и странски и тоа не треба да се сфаќа како нешто кое што претставува крај на светот. Ние како Влада се обидуваме и успешни сме во тоа да привлечеме што е можно повеќе компании веќе имаме неколку кои што се во процес на завршување на преговори и очекувам до крајот на годината 4 или 5 такви компании веќе да потпишат договори со Владата. И убеден сум дека со поддршката која ја даваме како Влада сме едни од најконкурентните во Европа....“-- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Премиерот изјавата ја даде од погоните на „Костел“ од каде заедно со менаџерите најавија и продолжување на инвестицискиот циклус во фабриката следната година со нови 30 милиони евра и 200 работни места.

„Во 2026 година ќе почнеме со нов циклус на инвестиции што во моментов е планиран да биде околу 30 милиони евра. Тоа значи дека новите инвестиции ќе донесат нови производи, натамошно зголемување од 20 проценти во текот на следната година и нови работни места. “- Каи Кникман, извршен директор на „Костал Аутомотив“.

Инаку од податоците на Народната банка може да се забележи дека во првата половина од годината во однос на истиот период лани има значително намалување на странските инвестиции – во 2024 заклучно со јуни тие биле околу 600 милиони евра, а годинава се нешто над 200 милиони евра.

НБРМ – Странски директни инвестиции

2024 година 2025 година

во милиони евра

Јануари 82,92 29,43

Февруари 86,46 40,82

Март 143,04 75,13

Април 120,07 35,96

Мај 86,68 35,36

Јуни 43,05 4,56

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.

Влада донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Владата на денешната седница, донесе Одлука со која ДДВ се намалува од 18% на 10%, со цел директно да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба поради можноста за нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.

Кај нафтата, наместо редовното очекувано зголемување од околу 5 денари, со оваа мерка се очекува намалување од околу 2 денари. Тоа значи вкупно ублажување на ценовниот удар од околу 7 денари, при што новата цена би изнесувала околу 99 денари за литар.

Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, односно 102,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98.

Повластената даночна стапка од 10% ќе се применува од 00:01 часот на 15 септември 2026 година до 24:00 часот на 28 септември 2026 година.

Со оваа одлука Владата презема конкретна и навремена мерка за заштита на животниот стандард на граѓаните, намалување на финансискиот товар и поддршка на стопанството во услови на кризна состојба.

Владата продолжува внимателно да ги следи состојбите на пазарот на нафтени деривати и да презема мерки во интерес на граѓаните и економијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска во понеделник ќе се сретнат во Кардиф, каде што треба да потпишат заедничка декларација со која ќе го потврдат правото на нивните нации на самоопределување и ќе побараат можност граѓаните на референдуми да одлучуваат за својата иднина.

Според „Телеграф“, ова ќе биде прв заеднички настап на тројца лидери на Шкотска, Велс и Северна Ирска кои отворено се залагаат за промена на сегашниот уставен статус во рамките на Обединетото Кралство.

По состанокот се очекува нивните партии да потпишат и меморандум за соработка во четири области – економијата, енергетиката, европа и меѓународната соработка и самоопределувањето.

Сите три политички опции имаат и европска агенда. Шкотската национална партија и Плајд Камри се залагаат независните Шкотска и Велс во иднина да станат членки на Европската Унија, додека Шин Фејн бара обединување на Северна Ирска со Република Ирска.

Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот – кој утрово исчезна откако беше изгубен контактот со него во Јаванското Море поради лошите временски услови – при што едно лице загина, а друго е повредено, изјави Дани Рахмат, портпарол на пристанишниот оператор „Пелиндо“.

Претходно, државната агенција за потрага и спасување на индонезија соопшти дека бродот Virgo Transport 8, испловил во саботата од градот Сурабаја во Источна Јава кон Банџармасин во Јужен Калимантан, потоа бил изгубен контактот, што ги поттикнало спасувачите да започнат потрага и да испратат тим на последната позната локација на бродот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер