Двајца во притвор по исламистичкиот напад врз израелската амбасада во Белград

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека биле интервјуирани десетици лица.

Две лица се во притвор, а претресите продолжуваат на повеќе локации низ Србија, откако вчера 25-годишниот Милош Жујовиќ, со религиозно име Салахудин, со самострел го рани во вратот припадникот на жандармеријата во напад пред израелската амбасада во Белград.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека биле интервјуирани десетици лица.

„Има луѓе кои припаѓаат на вахабистичкото движење. Треба да најдеме соодветна врска помеѓу активностите на вахабиите и конкретниот настан“, изјави Дачиќ и наведе многу детали за движењето на напаѓачот, преобратеник од Младеновац кој се преселил да живее во Нови Пазар. Наведе и дека терористот Жујовиќ завчера го купил самострелот во продавница во Земун и додаде дека тоа е оружје за кое не е потребна дозвола да се поседува и да се купи, нагласувајќи дека тоа мора итно да се смени. Кажа дека реконструкцијата на нападот покажала оти Жујовиќ вчера првпат дошол во синагогата во Белград и дека е можно тоа да му била прва мета, но продолжил понатаму кон амбассадата поради големиот број полицајци околу синагогата.

Трамп ќе инсистира на отфрлање и на кривичниот предмет околу аферата со Сторми Даниелс

Адвокатите на Трамп рекоа, имено, дека пресудата во врска со скандалот околу тајните исплаќања на актерката Сторми Даниелс треба да биде отфрлена бидејќи поротата за време на судењето видела докази за кои веруваат дека требало да бидат заштитени.

По важната одлука на Врховниот суд на САД дека имал претседателски имунитет и не може кривично да се гони за дејствија преземени во 2020 година, поранешниот американски претседател Доналд Трамп сега ќе се обиде да поништи уште еден кривичен случај, тврдат добро упатени извори.

Адвокатите на Трамп рекоа, имено, дека пресудата во врска со скандалот околу тајните исплаќања на актерката Сторми Даниелс треба да биде отфрлена бидејќи поротата за време на судењето видела докази за кои веруваат дека требало да бидат заштитени со претседателски имунитет. Ова се наведува во писмото на адвокатот до судијата Хуан Меркан, до кое изворите имале увид, пренесува Ej-Би-Си Њуз.

Одбраната побара дополнително време да го изнесе својот аргумент, што би можело да го одложи изрекувањето на пресудата на Трамп, кое во моментов е закажано за 11 јули.

Канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен и претставник на правниот тим на Трамп одбија да ги коментираат овие наводи.

EК одобри 25,5 милиони евра државна помош за реструктуирање на „Бугарските пошти“

Европската комисија го одобри барањето на Бугарија да му додели на јавното претпријатие „Бугарски пошти“ помош од државата за реструктуирање во износ до 25,51 милиони евра (50 милиони лева).

Европската комисија го одобри барањето на Бугарија да му додели на јавното претпријатие „Бугарски пошти“ помош од државата за реструктуирање во износ до 25,51 милиони евра (50 милиони лева), јави дописникот на МИА од Брисел.

Се очекуваа оваа помош да му овозможи на претпријатието да обезбеди долгорочна одржливост, притоа минимизирајќи ги влијанијата врз конкурентноста.

„Бугарските пошти“ лани во мај добија кредит од државата во износ од приближно 26,5 милиони евра, по што во декември Бугарија ја извести Европската комисијата дека на претпријатието ќе му биде потребна дополнителна помош за реструктуирање.

Планот за реструктуирање опфаќа пакет мерки за рационализација на активностите на „Бугарските пошти“, оптимизирање на нејзината мрежа и намалување на трошоците. Паралелно, се превидува претпријатието да воведе дополнителни услуги, како телемедицина (обезбедување и поддршка на здравствената заштита со помош на ИКТ) и административни услуги преку неговата мрежа за потребите на други јавни субјекти.

Според извршната потпретседателка на Европската комисија за конкурентност Маргрете Вестагер, оваа помош ќе им овозможи на бугарските граѓани пристап до подобри универзални поштенски услуги.

- По нашата проценка, заклучивме дека планот за реструктуирање на „Бугарските пошти“ ќе обезбеди одржливост на претпријатието на подолг рок, истакна Вестагер.

Според неа, за да се ограничат можните нарушувања на конкурентноста предизвика од државната поддршка, „Бугарските пошти“ се обврзани да обезбедат пристап до својата мрежа на други оператори кои се активни во универзалните и неуниверзалните поштенски услуги.

Мачорот Лери 14 години „служи“ на „Даунинг стрит“, бр. 10 во мандатот на пет премиери

Изминатите 14 години на политички превирања во Велика Британија, во Кабинетот на премиерот на „Даунинг стрит“, бр. 10 имаше една „фигура на стабилност“ - мачорот Лери. 

Миленичето на пет премиери би можел да го дочека и својот шести официјален сопственик, бидејќи општите избори во Обединетото Кралство се одржуваат на 4 јули.

Лери досега беше милениче на пет премиери од Конзервативната партија, а доколку анкетите се покажат точни, мачето наскоро би можело да го пречека и првиот шеф на Британската влада од Лабуристичката партија.

Со заминувањето на сегашниот премиер Риши Сунак, од Кабинетот би заминало и неговото куче, лабрадорот-ретривер Нова, што на Лери тоа „веројатно не би му пречело“, според луѓето околу „Даунинг стрит“, бр. 10. Сопругата на Сунак, Акшата Мурти изјави дека Лери и Нова имале „жестоки тепачки“ во домот.

Лидерот на лабуристите Кир Стармер неодамна изјави дека неговото семејство има мачка и хрчак. Сепак, кој ќе се пресели на „Даунинг стрит“, бр. 10 - допрва ќе се види.

притисни ентер