Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница ќе биде Стојанчо Радичевски, одиме на убедлива победа за подобра Брвеница
1Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница ќе биде Стојанчо Радичевски, одиме на убедлива победа за подобра Брвеница
3ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ и Фондација „Конрад Аденауер“ со нова иницијатива за стратешко лидерство и добро владеење
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЖивотДубровник најбезбеден туристички град во ЕвропаСпоред ново истражување на туристичката агенција „Ривиера травел“ (Riviera Travel), Дубровник е најбезбедниот град во Европа.Иако фактори како што се активностите, времето и буџетот обично го обликуваат изборот за одмор, и безбедноста е клучен фактор при резервација на следната дестинација. Во таа смисла, градови како Дубровник (Хрватска) и Талин (Естонија), на пр., успеале да го зачуваат своето средновековно наследство, истакнувајќи ја и безбедноста и удобноста на туристите и жителите. Индексот на најбезбедни туристички места ги оценува европските градови врз основа на растот на стапките на криминал во последните пет години, како и моментните нивоа на криминал, за комбиниран резултат т.е. оценка за безбедност. Најниската бројка, како најниска стапка на криминал, ја означува најбезбедната дестинација. Следат петте најбезбедните градови во Европа. Дубровник Како еден од најпопуларните градови во Хрватска, Дубровник, се чини, е и најбезбеден - според „Ривиера травел“, со вкупна безбедносна оценка 44,1. Градот, наречен „Бисер на Јадранот“, е светско наследство на УНЕСКО, поради неговиот добро зачуван Стар град - со особено добро осветлени улици, но и исклучителна стара, средновековна архитектура. И безбедното ноќно истражување на ова туристичко место е можно, па дури и ако се обидете сами, бидејќи градот е многу лесен за пешачење. Дубровник, според „Лонли планет“ (Lonely Planet), е особено гостопримлив за туристите - ги штити своите жители и создава безбедна средина за посетителите. Насилниот криминал е редок, иако ситни кривични дела како што се џебни кражби - сè уште можат да се случат, или пак, повремени туристички стапици и измами од таксисти. Талин Естонскиот главен град се најде на второто место на Индексот, со вкупна оценка за безбедност од 55,8 т.е. многу ниска стапка на криминал. Градот е и еден од најбезбедните главни градови во Северна Европа. И тука Стариот град е место од листата на светското наследство на УНЕСКО - како исклучително добро сочуван пример за средновековен трговски град во овој дел на Европа. Апликациите за такси - како „Болт“, нудат услуги „Жени за жени“, коишто им овозможуваат на патничките конкретно да побараат превоз од жени-возачи. Властите во Естонија, исто така, ја поттикнуваат безбедноста, како и полесен пристап до услуги и информации преку интернет. Варшава Главниот град на Полска е трет град на Индексот, со оценка 60,2. Иако градот бележи умерено зголемување на криминалот последниве пет години, сепак има ниска стапка на криминал. Прага Чешката престолнина, нарекувана и „Град на сто кули“, е на место бр. 4 на Индексот - со оценка 50,9. Слично на Варшава, и Прага бележи умерено зголемување на криминалот последниве пет години, иако сè уште има ниска моментна стапка на криминал. Според „Праг вјус“, спроведувањето на Законот е проактивно и делотворно, особено во справувањето со џебните кражби, но и други кривични дела. Во одржувањето на редот, голем удел има и тоа што во градот е поставен добар систем за надзор. Краков Уште еден полски град на листата... Краков се наоѓа на петтото место, со оценка за безбедност од 64,3. И тука се бележи умерено зголемување на стапката на криминал последниве пет години. Краков има пријателски став кон туристите, се вели, а и јавниот превоз е генерално безбеден, дури и ноќе. Топ-10 листата ја дополнуваат: Амстердам (Холандија), Минхен (Германија), Рејкјавик (Исланд), Цирих (Швајцарија) и Будимпешта (Унгарија).Тагови: Дубровник Форум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница ќе биде Стојанчо Радичевски, одиме на убедлива победа за подобра Брвеница На редовна седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ едногласно беше изгласан кандидатот за градоначалник на општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори Стојано Радичевски. Тој е актуелен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница. Стојанчо Радичевски дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и е магистер по граѓанско право. Очекуваме обединување на сите прогресивни сили и поддршка за предлогот кој претставува чесно и искрено решение за напредокот и иднината на општина Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа за подобра Брвеница! ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно со врнежи од дождВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд (над 15l/m2), грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 26 степени. Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен северен ветер (над 40 km/h). Дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа следува период на сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник и четврток наместа ќе има услови за врнежи од дожд.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ и Фондација „Конрад Аденауер“ со нова иницијатива за стратешко лидерство и добро владеењеВо Маврово се одржува тридневниот семинар на тема „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“, организиран од Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“. На настанот се обратија Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, и Светислав Васев, раководител на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“, заедно со Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, а свое обраќање имаше и Христијан Мицкоски, претседател на Владата и претседател на ВМРО ДПМНЕ. Семинарот е наменет за членови на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, министри и заменици министри, пратеници, градоначалници и други носители на јавни функции. Во фокусот се стратешкото лидерство, визијата и одговорноста, ефективната јавна и политичка комуникација, како и соработката и заедничката одговорност во процесите на добро владеење. Од Фондацијата Конрад Аденауер порачаа дека во услови на современи политички и општествени предизвици, од особено значење е политичките лидери континуирано да стекнуваат нови знаења, да ги следат актуелните дебати и да бидат во тек со релевантните теми, без оглед на тоа колку долго се наоѓаат на раководни позиции. Токму континуираното надградување и размената на искуства, како што истакнаа од Аденауер, се важен дел од нивната соработка, како во Германија, така и во земјите во кои истите дејствуваат. Во партнерство со политичките партии и организации,оваа фондација работи на препознавање и надминување на новите предизвици, како и на отворање и продлабочување на дискусиите за актуелни и значајни прашања. Присуството на Драган Ковачки и Светислав Васев од Фондацијата Конрад Аденауер го оценија како потврда за постоењето подготвеност и интерес од страна на партијата за активно соочување со современите предизвици и за посветеност на темите од значење за општеството. Од Фондацијата Конрад Аденауер изразија задоволство што и понатаму продолжува долгогодишното партнерство и соработка со нивните партнери во земјата, и посочија дека заедничката размена на искуства и идеи може да придонесе кон креирање успешни политики и кон градење подобра иднина за државата. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05