Шоу бизДру Баримор на била шест години во интимна врска: Не сум по сексот (ФОТО)Американската актерка Дру Баримор откри дека не била во врска откако се разделила со Вил Копелман во 2016 година и додаде дека нејзиниот поглед кон сексот е целосно променет.На Инстаграм таа сподели фотографија на која држи лаптоп, додека во натписот на објавата ги охрабрува своите следбеници да прочитаат „многу лична приказна“ што ја напишала како апстиненција на самохрана мајка. "На речиси 48-годишна возраст се чувствувам сосема поинаку за интимноста отколку кога растев. Немав родители кои ми беа примери и уште од мала се дружев со луѓе на возрасен начин", открила Баримор. View this post on Instagram A post shared by Drew Barrymore (@drewbarrymore) Баримор претходно изјави дека бара „возбуда, потврда и авантура“ преку сексот, а со оглед на тоа дека нема шанси да го промени своето минато, мајката на две деца рече дека избира да гледа на ситуацијата на позитивен начин. „После две деца и разделба од нивниот татко, го сменив фокусот кога станува збор за љубовта кон себе и моите две ќерки“, рече таа, додавајќи дека тоа не ги вклучува мажите, веќе некое време. Таа исто така коментира дека еден терапевт еднаш ѝ рекол дека сексот не е љубов, туку само израз на љубов. „Цел живот барав такви зборови кои ќе ми помогнат да ја разберам разликата и сега благодарение на него ја правам“, рекла актерката. Баримор неодамна за време на една епизода од своето ток-шоу откри дека може да остане без секс „неколку години“. Имено, актерката и ко-водител Рос Метјус разговарале за признавањето на актерот Ендрју Гарфилд дека бил во целибат половина година за да се подготви за улогата на свештеник во филмот Silence од 2016 година. View this post on Instagram A post shared by Quorn USA (@quornusa) Гарфилд претходно му кажа на Марк Марон на подкастот на WTF дека имал некои „прилично трипи“ искуства додека „се воздржувал од секс и се изгладнувал“ пред снимањето на „Тишината“. "Да, па што?" Баримор се пошегува на таа изјава. „Што не е во ред со мене што шест месеци не изгледаат како долго време? додаде таа. Актерката не беше импресионирана од шестмесечниот период на апстиненција на Гарфилд. "Дру може да помине шест месеци без секс. Нема ништо страшно", се пошегувал ководителот Метјус и истакнал дека тоа ќе биде нов наслов во списанијата. На тоа актерката го коригирала, велејќи дека може да „се воздржува со години“ од секс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПОЦ: ЈП Паркинзи на Општина Центар го унапредува работењето со меѓународни ISO стандардиЈП „Паркинзи на Општина Центар" продолжува со унапредување на своето работење преку воведување и примена на меѓународно признати стандарди. По успешно завршениот процес на сертификација за ISO 9001:2015 – Систем за управување со квалитет и ISO 14001:2015 – Систем за управување со животната средина, со што се потврдува посветеноста на ЈП ПОЦ кон воспоставување високи стандарди во работењето. Сертификатите му беа официјално врачени на директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски, од страна на претставник на сертификациското тело „Интерцерт“, кое го спроведе процесот на сертификација. На примопредавањето присуствуваа и дел од вработените во ЈП ПОЦ кои беа директно вклучени во воспоставувањето и имплементацијата на системите. „Овие сертификати се резултат на конкретна работа и ангажман на повеќе служби и вработени во претпријатието. За нас тие не се само формално признание, туку воспоставен систем според кој треба да продолжиме да работиме – со јасни процедури, мерливи резултати и постојано подобрување. Особено ни е важно што паралелно со квалитетот на услугите воведуваме и повисоки стандарди во односот кон животната средина“, истакна директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски. ISO 9001:2015 претставува потврда за воспоставен систем на управување со квалитет, насочен кон ефикасност, подобрување на работните процеси и задоволството на корисниците. Неговата примена придонесува кон поголема организираност, јасно дефинирани процеси и континуирано унапредување на услугите. Од друга страна, ISO 14001:2015 ја потврдува определбата на ЈП ПОЦ за одговорен однос кон животната средина. Преку примената на овој стандард, претпријатието се насочува кон унапредување на еколошките практики, поодговорно управување со ресурсите и намалување на влијанието врз животната средина. Имплементацијата на меѓународните стандарди е дел од определбата на ЈП ПОЦ за создавање современо и ефикасно јавно претпријатие, кое континуирано ги следи современите практики и ги унапредува своите услуги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПанел-дискусија за годишнината од охридскиот договорПод покровителство на Министерството за односи меѓу заедниците и министерот Агон Ферати денеска и утре со низа активности и панел-дискусии ќе почне одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор информираат од ресорОхридскиот договор е потпишан на 13-ти август 2001 година и со него запре неколкумесечниот конфликт во Македонија. Токму во деновите пред потпишувањето меѓу 8-ми и 12-ти август, се случија и некои од најкрвавите настани во текот на конфликтот - нападот на конвојот на армиските сили на автопатот Скопје - Тетово кај месноста „Карпалак, случајот „Љуботенски бачила“, а потоа и полициската акција во Љуботен. Договорот постави рамка за унапредување на меѓуетничките односи, еднаквоста и учеството на заедниците во политичкиот и општествениот живот. По четврт век, Охридскиот рамковен договор и натаму е еден од клучните политички документи во современата историја на земјата, но неговата имплементација и денес е предмет на политички дебати и различни толкувања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМОН: Партнерскиот однос со младите, клуч за иднината на државатаМладите се двигател на општествениот развој, а нивното знаење, креативност и енергија се најголемата инвестиција во иднината на државата. Затоа, континуирано работиме на создавање повеќе и подобри можности за образование, личен развој и професионална реализација на новите генерации во сопствената земја. По повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, Министерството за образование и наука уште еднаш ја потврдува својата заложба младите да бидат во фокусот на образовните политики и реформите, како најважен ресурс за развој на државата. Посветено работиме на јакнење на ученичкиот и студентскиот стандард преку мерки што обезбедуваат подобри услови за учење и поддршка за секој млад човек. Инвестираме во подобрување на образовната инфраструктура, дигитализација на образовниот процес, квалитетни наставни програми и учебници и создавање средина која ги поттикнува знаењето, иновативноста и креативноста, но и почитта, толеранцијата и единството. Особено внимание посветуваме на поддршката на талентираните ученици и студенти, затоа што веруваме дека секој млад човек треба да добие можност да го достигне својот полн потенцијал. Од минатата година низа нови стимулативни мерки се дел од системот за поддршка на талентираните млади кои ја претставуваат државата на големи меѓународни натпреварувања. Во креирањето на образовните политики имаме одлична соработка со ученичките и студентските организации. Нивните ставови, идеи и предлози се важен дел од процесот на носење одлуки, а многу од нивните барања веќе се преточени во конкретни системски мерки и активности. Ваквиот партнерски пристап ќе продолжи и во иднина, затоа што најдобрите политики се создаваат во заедништво со младите. Честит 12 Август - Меѓународен ден на младите! Министерство за образование и наукаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00