Нов систем за „F-16“: Крај на пукањето врз сојузници - Канал 5

Нов систем за „F-16“: Крај на пукањето врз сојузници

Нов електронски систем за автоматско препознавање на пријателски и непријателски авиони успешно ги помина воените тестирања и е одобрен за употреба на ловците „F-16“.

Нов систем за „F-16“: Крај на пукањето врз сојузници

Системот од компанијата „BAE Systems“, означен како „AN/APX-127(V)1 Combined Interrogator Transponder “претставува модернизирано решение што интегрира две функции во еден уред. Неговата цел е да го намали ризикот воените пилоти случајно да пукаат врз сојузнички авиони.

Кога пилот на „F-16“ ќе открие неидентифициран авион на радарот, системот испраќа шифрирано дигитално барање до него преку радио-сигнал. Овој процес е познат како идентификација преку барање или „испрашување“.

Ако авионот му припаѓа на пријателска земја или на сојузник од НАТО, неговиот систем автоматски го прима сигналот, го дешифрира користејќи безбеден воен клуч и враќа прецизно дефиниран, исто така шифриран, одговор.

Ако „F-16“ добие валиден одговор, неговиот систем го означува авионот како пријателски на екранот на пилотот. Доколку нема одговор или примениот код е погрешен, авионот се означува како непозната или непријателска закана.

„BAE Systems“ го дизајнираше новиот уред како директна замена за постарата опрема што се користи на авионите „F-16“ ширум светот. Ова овозможува модернизација на постоечките авиони без потреба од развој на целосно нов систем за идентификација. Системот ефективно функционира како дигитална контрола во воздух: „F-16“ може истовремено да го потврди идентитетот на другите авиони и да го потврди сопствениот идентитет пред сојузничките сили кога тие ќе испратат барање. Ова дополнително го намалува ризикот од погрешна идентификација во ситуации кога во воздушниот простор е присутен голем број авиони.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

 Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со министерот за здравство на Чешка, Адам Војтјех, разговараа за можностите за билатерална соработка и размена на искуства. Министерот Клековски се заблагодари за чешката поддршка во справувањето со трагедијата во Кочани, и ги претстави здравствените приоритети.

Министерот Клековски се сретна и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија. На средбите министерот беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Н.Е. Фадил Зендели.

Министерот се сретна со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот на ОН за население (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Разговараа за соработката во областа на демографските предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот.

Министерот оствари средби и со двајца од кандидатите за нов генерален директор на СЗО:

д-р Ханс Клуге од Белгија, регионален директор на СЗО за Европа

д-р Ханан Ал-Кувари од Катар, поранешна министерка за јавно здравје на Катар

Министерот Клековски ги истакна приоритетите на нашата земја и потребата од силна поддршка на СЗО за земјите од европскиот регион.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Барселона поради Алварез мора да плати 602 евра!

Шпанската фудбалска федерација ја казни Барселона со 602 евра поради контакти со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез.

Барселона поради Алварез мора да плати 602 евра!

Каталонците наводно ги прекршиле правилата при преговорите со брилијантниот Аргентинец, а Атлетико Мадрид на 30 јуни поднесе официјални жалби до Шпанската фудбалска федерација и до ФИФА, тврдејќи дека Барселона започнала преговори со Алварез без претходно писмено да го извести неговиот клуб.

Врз основа на поднесената пријава, надлежните органи на Федерацијата на 30 јули покренаа дисциплинска постапка, чиј исход, според весникот „Мундо Депортиво“, бил во корист на мадридскиот клуб.

По разгледување на случајот, надлежната комисија го окарактеризира утврдениот прекршок како полесен. Поради тоа, на Барселона ѝ беше изречена парична казна од 602 евра, што претставува највисок износ предвиден за ваков вид прекршок согласно член 133 од Дисциплинскиот правилник.

Ова не е првпат Барселона да се соочи со слични санкции по пријава од Атлетико Мадрид. Во 2019 година, каталонскиот клуб мораше да плати 300 евра поради недозволени контакти со Антоан Гризман, кој во тој период исто така настапуваше за тимот од Мадрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ноември во Кинотеката: Филмска меморија, историски преиспитувања и поглед кон современоста

Ноемвриската програма на Кинотеката на Македонија претставува разновиден пресек на филмските искуства, историските перспективи и естетските определби што ја обликуваат кинематографијата како уметност, општествен документ ....

Ноември во Кинотеката: Филмска меморија, историски преиспитувања и поглед кон современоста

Ноемвриската програма на Кинотеката на Македонија претставува разновиден пресек на филмските искуства, историските перспективи и естетските определби што ја обликуваат кинематографијата како уметност, општествен документ и простор на културно паметење. Во неа се испреплетуваат јубилејни проекции на значајни остварувања од македонската кинематографија, современи домашни и регионални продукции, филмски дела од азиските кинематографии и можности за повторно откривање на авторите чие творештво оставило трајна трага во нашата културна историја. Посебно место во овој репертоар зазема документарниот филм „Австралија, Австралија“ на Столе Попов, кој годинава одбележува половина век од својата премиера. Проекцијата е закажана за 28 ноември.

Ноемвриската програма започнува со Етнолошкиот филмски фестивал на 3 ноември, по што следува Неделата на јапонски филм, распоредена во неколку вечери меѓу 4 и 10 ноември. Во рамките на одбележувањето на 20-годишнината од премиерата, на програмата е „Тајната книга“ (2006) на Владо Цветановски. Друго важно историско навраќање е проекцијата на „Жед“ (1971) на Димитрие Османли, закажана за 18 ноември, по повод 55 години од премиерата.

Програмата за ноември не останува затворена во историските ретроспективи. Современите продукции ја прошируваат перспективата кон теми што ја определуваат денешната општествена стварност: моќта на корпорациите, историската траума, родовите нееднаквости и наследството на политичките поделби. Во рамките на овој циклус филмови, посетителите ќе можат да ги погледнат „Којотот против системот“ (Coyote vs. Acme, 2026), во режија на Дејв Грин, „Сирак“ (Árva, 2025) на унгарскиот режисер Ласло Немеш и „Скејтбординг не е за девојчиња“ (2026), во режија на Дина Дума.

За југословенското наследство и современите идентитетски потраги ќе стане збор во филмот „Југо оди во Америка“ (Yugo ide u Ameriku, 2026), во режија на Филип Грујиќ и Алекса Броковиќ, кој на репертоарот на Кинотеката е на 11 ноември.

Во ноемврискиот репертоар е најавена и ретроспективна проекција на дела од творештвото на Дарко Марковиќ, на 21 ноември, како и Недела на грчки филм, предвидена за 25, 26 и 27 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер