АвтомобилизамДрастичен пад на продажбата на нови електрични автомобили во Германија, погонот на плин е хит Продажбата на електрични автомобили се преполовила буквално преку ноќ.Во декември минатата година во Германија биле продадени 54.654 електрични автомобили, а еден месец подоцна продажбата изнесува 22.474 единици, што претставува пад на продажбата од дури 54,9 отсто. Во исто време, паднала и продажбата на PHEV plug-in хибриди, од 17.894 на 14.3394 единици или 19,6 отсто, според податоците на Auto Business Insight. Ваквиот значителен пад на продажбата на електрифицирани автомобили резултира со вкупен пад на германскиот пазар од 241.883 на 213.553 нови автомобили. Дел од падот анулираа фосилните горива, па така продажбата на возила со погон на фосилни горива бележи пораст, возилата на бензин забележале плус од 9,1 отсто, возилата на дизел 9,5 отсто, а возилата со вграден ТНГ дури 43,9 отсто. Погодувате, ваквите пазарни трендови се директна последица на ненадејното откажување на стимулации за купување електрични автомобили, како и на моменталната геополитичка состојба на пазарот. Така, Константин Гал, управен партнер во EY за западноевропскиот пазар, заклучува дека постојат суштински проблеми кои придонесуваат за негативниот тренд. An abrupt end to government subsidies sent electric vehicle sales down by 54.9% in Germany in January 2024. PHEVs also experienced a 19.6% decline. Sales of gasoline and diesel vehicles both rose by close to 10.0% in a passenger vehicle market down 11.7% month-on-month. pic.twitter.com/C5e2ZTFJ07 — Greg Kable (@GregKable) February 6, 2024 „Слабеењето на економијата, високите финансиски трошоци и значителните геополитички тензии доведуваат до послаби набавки на нови автомобили од страна на поединци и бизниси“, изјави Гал за Волстрит журнал. И покрај тоа што признава дека недостатокот на стимулации ќе биде предизвик за производителите на автомобили, тој додава дека „сѐ на сè, 2024 година веројатно ќе биде тешка година за автомобилската индустрија“. Сето ова создава предуслови за пазарна ценовна војна во Германија, каде Volkswagen, Tesla и кинескиот BYD веќе најавија намалување на цените на електричните модели. Аналитичарите предвидуваат дека намалувањата на цените ќе продолжат и во 2024 година, што ќе им отежне на помалите производители на електрични возила да го задржат чекорот. Германското здружение за автомобилска индустрија, VDA, предвидува раст од 2 отсто на глобалниот пазар на патнички автомобили во 2024 година, достигнувајќи 77,4 милиони автомобили, што е речиси на ниво пред пандемијата од 78,8 милиони. Се прогнозира дека германскиот пазар на автомобили ќе се намали за 1 процент, а продажбата ќе падне на 2,82 милиони автомобили, што е за 25 проценти помалку од нивото пред пандемијата, според Ројтерс. Конкретно, се предвидува дека продажбата на електрични возила ќе се намали за околу 9 проценти во наредната година, и покрај зголемувањето на производството од 19 проценти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаНиколоски: Распределни 47 социјални станови во ДебарРаспределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата, објави на својот профил на Фејсбук, вицепремиерот Александар Николовски. Со овие проекти решаваме животни прашања на голем број семејства низ цела Македонија Навистина е убав момент кога гледаме 47 среќни семејства кои од денеска добиваат свој дом и можност за посигурна иднина. Станува збор за квалитетно изграден објект наменет за најранливите категории граѓани – деца без родители, корисници на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост и нивните семејства, како и самохрани родители со малолетни деца. Драго ми е што оваа политика продолжува и што денеска во Дебар можеме да видиме семејства кои ќе започнат ново животно поглавје во сопствен дом Во Општина Дебар се реализираат 22 инфраструктурни проекти, кои значително ќе придонесат за подобар квалитет на живот и локален развој. Еден од нив е и булеварот кој ќе ја поврзе оваа станбена зграда. Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и да инвестираме во проекти што носат подобри услови за живот за сите граѓани, стои во објавата на Николоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПогоден танкер во Ормускиот теснецАгенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија соопшти дека во Ормускиот теснец, во близина на брегот на Оман е погоден танкер од „непознат проектил“.Моторот на бродот е оштетен, но нема повредени луѓе и причинета еколошка штета. Инцидентот се случи околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима. Иран бара бродовите да ја користат рутата низ ормуска теснина долж неговиот брег, повторувајќи дека само рутата одредена од Техеран е безбедна за пловидба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЕвроњуз: ЕК ја изгуби институционалната меморија и капацитет од последниот бран на проширувањеПроширувањето на ЕУ се забрзува, но во надлежниот оддел на комисијата снемува капацитет за управување со преговорите со неколку земји-кандидатки одеднаш – тврди бриселскиот медиум Евроњуз повикувајќи се на свои извори.Притисокот врз Европскиот генерален директорат за проширување и источно соседство се должи на забрзаното затворање на преговарачките поглавја од страна на четири земји кандидатки, што изискува значително прераспределување на ресурсите а според Евроњуз, проблеми со внатрешниот капацитет има и Советот на ЕУ. „Генералниот директорат, како и многу други оддели на комисијата, во голема мера се потпира на привремени договори и малку постојани службеници. Ова значи дека има висока стапка на флуктуација на кадри и малку искуство во затворањето на преговорите, со оглед на тоа дека последната примена земја во блокот беше хрватска во 2013 година.„ – пишува ЕвроњузКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook