Драма во Шведска: Репрезентативец изгуби свест и падна во кома - Канал 5

Драма во Шведска: Репрезентативец изгуби свест и падна во кома

Кристофер Олсон, шведскиот репрезентативец, инаку член на дански Митјиланд е во индуцирана кома во болница и на респиратор.

Драма во Шведска: Репрезентативец изгуби свест и падна во кома

Оваа вест ја соопшти неговиот клуб кој реши да стави крај на шпекулациите кои се појавија во последно време.

- Наспроти позадината на сѐ почестите гласини и шпекулации за причината за отсуството на Кристофер Олсон, се чувствуваме принудени да излеземе во јавноста со оваа објава. Овој 28-годишен шведски репрезентативец изгубил свест во својот дом во вторникот на 20 февруари и бил префрлен во Универзитетската болница во Архус, каде е хоспитализиран и на респиратор - се вели во соопштението и се додава:

- Кристофер Олсон боледува од она што изгледа како акутна болест поврзана со мозокот, која не е резултат на било каков вид самоповредување, ниту пак е предизвикана од надворешни фактори. Тим од водечки дански медицински експерти моментално работи под голем притисок за да се постави дијагноза и да се започне вистинскиот третман.

- Од приемот, Кристофер е опкружен со неговото потесно семејство и членови на персоналот на ФК Митјиланд, а го лекуваат специјалисти од оваа област. FK Middjiland итно ја замолува јавноста да покаже почит и разбирање, за Кристофер, семејството и лекарите да го добијат потребниот мир за да се обезбеди најдобро закрепнување на Кристофер. Сите во клубот се секако длабоко погодени од ненадејната болест на Кристофер и нашите мисли и целосна поддршка се насочени кон Кристофер.

Инаку, Олсон е поранешен играч на Арсенал, а играше и за АИК, Краснодар и Андерлехт. Репрезентативец на Шведска е од 2017 година, а во 2015 година со младата селекција беше шампион на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Харден останува во Кливленд – „Кавс“ подготвуваат нов договор

НБА ѕвездата  Џејмс Харден сè уште нема договор, но сè укажува на тоа дека ќе ја продолжи соработката со Кливленд Кавалирс.

Харден останува во Кливленд – „Кавс“ подготвуваат нов договор

Според информациите на новинарот на „ESPN“, Шемс Чаранија, Кливленд е во постојан контакт со Харден и неговите претставници и преговара за нов договор.

Двете страни разговараат за договор со времетраење од две или три години. Истовремено, Кливленд се обидува да ангажира двајца квалитетни крилни играчи кои во моментов се меѓу најбараните слободни агенти – Пејтон Вотсон и Џонатан Камингс.

„Кавалирс“ дополнително ја зголемија својата финансиска флексибилност во петокот, кога ги испратија Денис Шрудер и парични средства во Шарлот Хорнетс во замена за Тре Ман. Тој потег би можел да биде од големо значење за продолжувањето на преговорите со Харден, кој практично му остави на Кливленд отворени опции во текот на летото.

Претходно ова лето, Харден ја одби опцијата во договорот вредна 42,3 милиони долари за сезоната 2026/27, додека двете страни се обидуваа да најдат начин за склучување нов повеќегодишен договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски се врати од научно-хибридната екскурзија

Заврши научно-образовната екскурзија на премиерот Христијан Мицкоски.

СДСМ: Мицкоски се врати од научно-хибридната екскурзија

Мислевме дека е стручна.

Сепак, Мицкоски оди чекор подалеку.

Тој е најдобар во сè: економија, туризам, авиосообраќај, технологија, образование и ИТ.

Нема област во која овој научник не е прв. Сепак е научна.

Првиот ден - милион теми. Мора да го надомести пропуштеното време во медиумите.

Вели дека чистел цевки во Гостивар.

Четири недели чистење.

Никогаш немало подобро чистење, па како поинаку од научник.

1.200 проекти и образование.

Ни помалку, ни повеќе, точно 1.200.

Македонската православна црква ја прескокна. Не го интересира, бидејќи не може да ги коментира изјавите на својот шеф Вучиќ.

Вели дека не може да зборува за историја.

Нормално. Тој е човек на иднината, како и сите негови ветувања од кампањата.

Не може тоа веднаш, ама ќе биде… во иднина, некогаш, никој не знае кога.

Потоа класика: Обвинувања кон опозицијата и земјоделците.

Опозицијата е „безидејна“, создава паника и хистерија додека е на одмор.

Знаеле ден порано за „хибридниот напад“ врз водата во Скопје.

А зошто ништо не направија кога знаеле?

И повторно закани со Обвинителство и полиција.

Зошто повторно е виновна опозицијата за објавите на социјалните мрежи кога ги имаат имињата?

А секако виновни се Заев и Филипче. За сè.

Земјоделците ги обвини за протест. Земјоделците не протестираа кај откупувачите, туку кај државата.

Дали субвенциите, откупот и ИПАРД фондот се обврска на откупувачите, а не на државата?

Тоа зборува Мицкоски?

Според Мицкоски и земјоделците се дел од хибридниот напад.

Кажа дека на екскурзијата имал средби со инвеститори.

Три нови инвестиции.

Сите три „во фаза на реализација, се пеглаат последните детали“.

Една германска, една американска, а третата… „не може да каже“.

Под радар.

Веројатно проширување на медиумската мрежа - на постоечките 40 % Орбанови медиуми, сега да стигнат и 40 % од медиумите на Вучиќ.

Како и секогаш - не може да каже кои се.

Исто како после Давос, кога беше во туристичка посета.

Каде се тие инвеститори што ги најави? Наскоро, некогаш, никој не знае…

На крај - порача дека бил со семејството на научна екскурзија и дека таму научил оти 4+4 не е 8 дена, туку 7 дена.

За да ни каже колку малку бил на одмор.

Само не ни кажа една работа:

Кога ќе појде во Гостивар на една здравица со гостиварска вода?

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Ислам Махачев е новиот UFC шампион – рекордот на Андерсон Силва е соборен

Русинот Ислам Махачев е новиот UFC шампион во велтер категорија, со триумфот во Филаделфија тој го собори и рекордот на легендарниот Андерсон Силва по бројот на последователни победи. 

Видео: Ислам Махачев е новиот UFC шампион – рекордот на Андерсон Силва е соборен

Во главната борба на настанот UFC 330 во Филаделфија, Махачев го совлада Ијан Мачадо Гери со едногласна одлука на судиите – 49-46, 49-46, 48-47.

Рускиот борец го наметна својот ритам уште од самиот почеток, користејќи рушења и контрола на партер за да ја неутрализира опасната ударна техника на Гери. Во втората рунда, тој го погоди со висок удар со нога во главата и го собори на подот.

Гери подоцна успеа да се врати во борбата, но Махачев го изведе клучниот потег за соборување во последната рунда и му ја зазеде грбната позиција на предизвикувачот. Со тоа практично си ја обезбеди победата, а подоцна и славеше со едногласна одлука на судиите.

Триумфот има и историско значење, бидејќи Махачев ја оствари својата 17-та последователна победа во УФЦ, надминувајќи го рекордот на Андерсон Силва. Русинот сега го држи рекордот за најдолга победничка низа во историјата на УФЦ, а со тоа и апсолутниот рекорд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер