3Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
ЖивотДоживотен затвор за тинејџери во Британија, кои убиле болен човек и се фалеле пред пријателитеДвајца тинејџери кои прво се спријателиле со болен човек, а потоа го избоделе до смрт во неговиот дом, добиле доживотен затвор.Џек Хиндли и Семјуел Џонс, двајцата 17-годишни, го убиле 35-годишниот Едвард Рив во Крајстчерч, Дорсет, на 31 декември. Тинејџерите прво го навредувале човекот пред своите пријатели, а потоа осум пати го избоделе со нож. После тоа, тие се фалеле за убиството. Хиндли и Џонс биле прогласени за виновни за убиство и секој е осуден на доживотен затвор со минимална казна од 18 години, пишува Би-Би-Си. Рив боледувал од шизофренија и се борел самостојно да се грижи за себе. Понекогаш рекреативно користел дрога. Два дена по средбата со Хиндли и Џонс, тој ги поканил во неговата куќа да се напијат неколку пијачки заедно и да пушат марихуана. Не знаел дека тинејџерите всушност имале намера да го понижат и навредуваат пред нивните малолетни пријателки кои ги донеле со себе. По пристигнувањето кај него, Хиндли и Џонс го нарекле Рив изрод, го навредувале за дупките на неговите чорапи и направиле дупки во ѕидовите на неговата соба. Кога девојките си заминале, го нападнале Рив со нож. Судијата рекол дека сведоците ги виделе тинејџерите како се ракуваат, се смеат и се гушкаат еден со друг пред возбудено да се пофалат на пријателите за убиството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВидео: На Неретва уловен сом од скоро два метриРибари во областа на Салаковац, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, успеале да уловат огромна риба на реката Неретва.Двајцата рибари во водите на Неретва уловоиле сом долг 196 сантиметри и тежок приближно 50 килограми. Според рибарите, станува збор за капитален примерок уловен во реонот на Салаковац. -Беше потребен голем напор за да се извлече оваа огромна риба од водата и да се подигне на брегот, истакнале рибарите. U Salakovcu uhvaćen som težak 50 kilograma i dug gotovo dva metra pic.twitter.com/3PR2JY5hOt — Bljesak.info (@Bljesak) August 24, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
ЗдравјеКлековски: Подготвивме нова страница на МЗ и ИЈЗ со податоци за западнонилската трескаПодготвивме нова страница на МЗ и ИЈЗ со податоци за западнонилската треска, издадено и ажурирано упатство до матичните лекари.Министерот за здравство, Сашо Клековски денес одржа прес конференција на која информираше за последните новости за епидемијата на западнонилска треска. - Во моментот има вкупно 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западнонилска треска, од кои 50 се потврдени, а тројца се сомнителни и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Вкупно 52 пациенти се со невроинвазивна форма. Од Клиниката за инфективни болести 25 пациенти се излекувани и пуштени на домашно лекување, за жал, се евидентирани пет смртни случаи. Во моментот 21 пациент се хоспитализирани на Инфективната клиника, од кои шест се на интензивна нега, информираше министерот Клековски. Тој истакна дека е издадено ажурирано упатство за лекарите на клиники, како и за матичните лекари да посветат внимание на пациентите со имуносупресивна терапија. - Во однос на превентивните активности кои се преземаат, завршена е четвртата тура прскање против возрасни комарци во Скопје. Со цел навремено и транспарентно информирање на јавноста на оваа тема, подготвивме нова веб страница на МЗ и ИЈЗ за преглед на сите податоци од надлежните институции, приказ на ризични подрачја, кои превентивни активности се преземени во секое подрачје и сл. Во моментот се направени вонредни прскања против комарци по индикација во шест од ризичните подрачја, додека по 14 август, согласно претходниот пресек на состојбата се извршени вонредни - по индикации прскања во повеќе подрачја, меѓу кои Кисела Вода (Драчево), канали во Гази Баба, Зелениково, Студеничани, Бутел и Ѓорче Петров, додаде Клековски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМанчестер Сити плати 100.000.000 евра за тинејџер од МарокоБогатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити го доведе 18 годишниот Мароканец Ајуб Буади од францускиот Лил за 100 милиони евра.18-годишниот фудбалер за врска со гигантот од Етихад потпиша петгодишен договор . Тимот на Енцо Мареска го ангажираше талентираниот фудбалер откако ги продаде Родри на Барселона и Тиџани Рејндерс на Ал-Кадисија. Младиот Буади инаку остави силен впечаток на Светско првенство, настапувајќи како стартер на пет од шесте натпревари за Мароко, репрезентација која беше елиминирана во четвртфиналето. „Ова е посебен ден за мене и за моето семејство. За мене, Сити е најдобриот клуб во светот. Вистински сон е да се биде овде и да можам да кажам дека сум играч на Сити“, изјави Буади. Буади има одиграно 96 натпревари за Лил од своето деби во 2023 година, помагајќи му на тимот да го освои третото место во Лига 1 минатата сезона. На 16-годишна возраст, тој стана најмладиот фудбалер што некогаш заиграл за некој француски тим во Лигата на Европа, а потоа се прослави на светската сцена со клучната улога во победата над Реал Мадрид во 2024 година. „Сити“ работи на реорганизација на средниот ред; Елиот Андерсон веќе е доведен од Нотингем Форест, а подготвена е и посилна понуда за Енцо Фернандез од Челзи.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter