Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч
2Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч
ЖивотДоживотен затвор за германски педофил: Викнал 6- годишно девојче дoма, па го убил и го силувалДоживотен затвор е педофилот кој уби шестгодишно девојче во сон и сексуално го злоставувал нејзиното мртво тело пред да ја крене во воздух својата куќа во обид да го скрие своето дело.Свен Меснер (34) го поканил девојчето да се дружи со неговиот син во неговиот дом во Баден-Баден, откако се спријателиле во локалниот парк, пишува Дејли Мејл. Мајката на шестгодишната Шакија неволно се согласила да ја испрати да се дружи, кога за последен пат ја видела жива. Меснер е осуден на доживотен затвор, тој е прогласен за виновен за убиство и нарушување на мирот на починатите. - Тој официјално не даде изјава, па зависиме од други докази, изјави за медиумите државниот обвинител Мајкл Клос. Спиење не било планирано, но двете деца ги молеле родителите да ја поминат ноќта заедно. Мајката на Шакија била убедена да ја остави да преноќи, таа ја бакнала и прегрнала и ѝ рекла да се видиме утре. Убиството се случило на 19 декември минатата година во куќата на Меснер. Судот слушнал дека Меснер ѝ го пресекол грлото на шестгодишното девојче и ја прободел во стомакот помеѓу полноќ и 3 часот наутро. Меснер потоа сексуално го злоставувал телото на девојчето, а злосторството се обидел да го сокрие со палење на елката и пуштање гас во рерната. Пожарникарите влегле во запалената куќа, а педофилот бил пронајден без свест во градината. Пожарот го преживеал и неговиот син. Мајката на Шакија утрото се појавила пред куќата бидејќи Меснер не го донел девојчето дома како што планирале. Кога соседот ѝ рекол дека имало пожар и дека видел локва крв, таа се онесвестила. Дури подоцна дознала за страшното злосторство и за начинот на кој починала нејзината ќерка. Додека го чекал судењето во затвор, Меснер одбил да оди кај психијатар и неколку пати се обидел да се самоубие. German Court Sentences Man To Life Imprisonment For Killing a 6-Year-Old Girl, Defiling Her Body A roadworker in Germany, Sven Messner has been sentenced to life after being found guilty of killing a six-year-old girl and disturbing the peace of the deadhttps://t.co/z3WSdEL4qe pic.twitter.com/pyanal2DKi — Voiceofnaija.ng (@voiceofnaijang) November 30, 2022 - Не поминува ден да не мислам на тоа мало девојче. Го сакав брат ми, но сега го мразам. Сигурно ѓаволот влегол во него, рекол братот на насилникот, Мајк Меснер. Таткото на Шакија, Сулејман К (26) за локалните медиуми изјавил дека живее во пекол. Тој веќе тринаесет години живее во Германија и работи како обезбедување, а присуствувал и на судењето. Мајката на Шакија била поврзана со видео, бидејќи не сакала да седи спроти убиецот на нејзиното дете. - Морам да бидам тука бидејќи сакам да го видам убиецот на ќерка ми, се обидувам да го разберам. Не го познавам човекот, но сакам да слушнам зошто го направил тоа. Тоа ми е важно, но во исто време и многу тешко, изјавил Сулејман. Обвинетиот немал коментар за време на судењето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШтерјова: Пет години лаги за модуларната - ВМРО и Мицкоски водат монструозна кампања против ФилипчеПет години ВМРО и Мицкоски водат монструозна кампања против Венко Филипче со злоупотреба на трагедијата во модуларната болница во Тетово и болката на семејствата на загинатите.Пет години шират лаги, конструкции, клеветат, само за пресметка со претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче. Пет години ниту Филипче ниту СДСМ не се мешаше во работата на Јавното обвинителство. Не вршеше притисок. Не ја коментираше постапката. Не бараше заштита. Затоа што институциите мора да работат независно и без притисок. Модуларните болници беа набавени преку меѓународна постапка на Светската банка, со механизми на контрола, во време на најголемата здравствена криза во поновата историја. Тие болници не се градеа за тендерски профит, туку за да се спасуваат животи. Се градеа во време кога болниците беа преполни, кога немаше доволно кревети, кога здравствените работници водеа битка за секој пациент. Ако постоела и најмала основа за кривична одговорност на Филипче, зарем некој верува дека Мицкоски и ВМРО немаше да најдат начин да ја искористат? По две години власт, со целата моќ што ја имаат, ќе оставеа нешто неискористено против својот најголем политички противник. ВМРО-ОКГ водеше јавен линч и политички суд цели 5 години. Без докази. Без пресуда. Без никакви граници. Човек кој е доктор, хирург и универзитетски професор, го нарекуваа убиец. Човек кој целиот професионален живот лекува пациенти, спасува животи и образува идни лекари, го нарекуваа „д-р Менгеле“. Тоа е дел од кампањата на ВМРО и Мицкоски за ширење омраза и поделби. Истата кампања која потоа организирано се рашири низ медиумската машинерија на ВМРО и Орбановите 40% од медиумите. Пет години ја користат трагедијата како политичко оружје, си поигруваат со болката, чувствата и жалта на семејствата на загинатите. ВМРО и Мицкоски треба да им се извинат на граѓаните за пет години манипулации и ширење невистини. Но, пред сè, да им се извини на семејствата на загинатите. Затоа што пет години нивната најголема болка ја претвораат во политичка кампања и бесрамно си поигруваа со нивната болка. Тоа е бездушно. Неморално. Тоа е ВМРО! Прес конференција на СДСМ, Кети ШтерјоваТагови: Кети Штерјова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаЛишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/чНа 22.08.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска. При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.Ј. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со возилото со брзина од 164 километри на час на место каде максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. М.Ј. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во ПалиградНа терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка.Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми. Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење. Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак. Состојбата континуирано се следи, а сите екипи остануваат во целосна готовност за навремена реакција, со цел заштита на жителите и спречување на каква било потенцијална опасност.Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter