Додик: Ќе побарам од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ

Претседателот на Република Српска Милорад Додик синоќа изјави дека ќе побара од Србија да разбере дека Република Српска мора да оди по патот на одвојување од Босна и Херцеговина, поради Резолуцијата за Сребреница.

Додик рече дека, без разлика што резолуцијата на Генералното собрание на ОН не е обврзувачка, таа ќе биде отфрлена бидејќи нејзината содржина бидејќи ја сметаат за политички мотивирана. Да се ​​биде политички мотивиран на овој начин не придонесува за стабилизација на односите во Босна и Херцеговина, особено за стабилизација и нормализирање на бошњачкиот и српскиот народ, изјави Додик за сараевската телевизија „Фејс“.

„Мислам дека Вучиќ работи добро, дека е одговорен државник на Србија и дека го разбира контекстот во кој секоја осуда на српскиот народ ја затвора можноста за некои идни развојни позиции на самиот народ“, рече Додик.

Претседателот на Република Српска најави дека ќе му предложи на Вучиќ РС и Србија заеднички да ја отфрлат резолуцијата на Соборот на српскиот народ, што ќе се одржи веднаш по гласањето на резолуцијата.

Дoдик најави и дека ќе побара Србија, како меѓународно призната земја и членка на ОН, формално да продолжи да ги оспорува елементите на таа резолуција.

Сакаме Србија да разбере дека треба да одиме по патот на одвојување во Босна и Херцеговина, рече Додик, а на забелешката на новинарот дека бара Србија да ги поддржи во отцепување, тој одговори дека тоа не е отцепување, туку разделување.

На повтореното прашање дали од Вучиќ на Саборот јасно ќе биде побарано да ја поддржи РС во отцепување, тој рече дека немаат план за отцепување, туку дека сакаат да одат на раздвојување.

„Има ентитетска линија... Раздвојување е да ги преземеме сите функции што ги имаме, да обезбедиме пари во буџетот за сите вработени што работат во Министерството за одбрана, да ги повлечеме војниците, да ги повлечеме луѓето што работат во Централната изборна комисија, да прогласиме дека нема да се спроведуваат одлуките на судот и обвинителството и кој и да е орган на Босна и Херцеговина на територијата на Република Српска“, посочи Додик. /МИА

Обвинети за воени злосторства поранешниот директор и двајца чувари на затворот во Приштина

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека до Основниот суд во Приштина поднело обвинение за воени злосторства, во отсуство, против три лица од српска националност, со иницијали Л.Ч., П.Б. и М.И., јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението, еден од обвинетите во времето на војната бил директор на Окружниот затвор во Приштина.

„Специјалното обвинителство информриа дека обвинетиот Л.Ч., во својство на службено лице - директор на Окружниот затвор во Приштина, во периодот на вооружениот конфликт, поточно војната во Косово 1998-1999 година, во затворот во Приштина и одделението во Липјан, во соизвршителство со други службеници од овие затвори го сториле кривичното дело ‘воени злосторства против цивилното население’ од член 142 во врска со член 22 од ЗП на РСФЈ, сега инкриминиран по Член 144, 145, 146 и 147 поврзани со член 31 од КЗРК“, се наведува во соопштението.

За другите двајца се вели дека биле чувари во истиот затвор.

„Обвинетите П.Б и М.И., во својство на службени лица - стражари на затворот Приштина и паралелката во Липјан, за време на вооружениот конфликт, поточно војната во Косово 1998-1999 година, во затворот во Приштина и одделението во Липјан, во соизвршителство и со други службеници од овие затвори, сториле кривично дело ‘Воени злосторства против цивилното население’ од член 142 во врска со член 22 од ЗП на РСФЈ, сега инкриминиран по член 144, 145, 146 и 147 поврзани со член 31 од КЗРК“, се наведува во соопштението.

Македонија 2025: Дијаспората подава рака, да се фокусираме на дигитализација, ......

Дијаспората подава рака, да се фокусираме на дигитализација, борба против корупцијата, подобра регулатива и стабилни институции.

Постојано подаваме рака, сакаме да и помогнеме на која и да е влада за да го подобриме системот на привлекување инвестиции, и странски, но и од дијаспората. Не сме до сега многу успешни во тоа. Во моментов подаваме рака за две клучни области - дигитализација и конкурентност, конкурентност повеќе во смисла како да ја подобриме регулативата, како да создадеме повеќе извозници, но како да ги промениме и институциите за да бидат по наклонети кон економски развој и сето тоа во насока на постигнување пет отсто стапка на раст, порачаа директорите на Македонија 2025.

Тие денеска, на прес-конференцијата по првиот панел од Самитот во Скопје, истакнаа дека за да има што повеќе инвестиции од дијаспората во земјава, неопходни се стабилни институции, економски можности за инвестирање и искоренување на корупцијата.

Дијаспората, како што беше речено, засега им помага на домашните фирми за да почнат или да реализираат што поголем извоз, но таа помош и поддршка треба подобро да се канализира.

Еден од приоритетите на кои мора да се работи, нагласија директорите, е и брендирање на државата, на тоа како ќе не препознаваат во светот - како бизнис дестинација, дестинација со одлични образовни институции,... Тие повторно укажаа и на потребата од подобар образовен систем и инфраструктура, што ќе овозможи да фатиме економски приклучок со сите останати земји во регионот и пошироко.

- Инвестициите од дијаспората или наречени директни инвестиции од дијаспора се нешто што оди заедно „рака под рака“ со странските директни инвестиции и веројатно важат истите услови и за дијаспората и за странците дали ќе инвестираат. Условите се знае кои се, стабилни институции, силни институции, да нема корупција и секако, да има економски можности за инвестирање. Од оние што се присутни на Самитот, членови на Одборот, директори,..., тоа се приватни формации и да, инвестирале во Македонија, имаат свои бизниси тука, но уште поважно е дека работат со домашните бизниси, им го трасираат патот во тоа да работат, извезуваат низ целиот свет, а исто така и преку нашата посебна програма „Контектум мк“ или „Поврзете се со Македонија“ голем дел или 90 лица од дијаспората се вклучени во менторирање и работа со домашни компании токму за да им помогнат како да почнат да извезуваат или да го зголемат својот извоз. Дијаспората навистина многу помага, но мислам дека треба повеќе да се канализира таа поддршка и се надевам дека со градење силни институции, дијаспората уште повеќе ќе се вклучи во економскиот и демократскиот развој на Македонија, изјави извршната директорка на Македонија 2025, Никица Мојсовска Блажевски.

Осврнувајќи се на она што треба да се подобри на институционално и на државно ниво, извршната директорка рече дека некогаш властите имаат слух, а некогаш не.

-Ние сме невладина организација, инвестираме доста време, енергија и средства за да ги направиме работите подобро. Меѓутоа, за да имаме поголем импакт навистина морате да соработувате со владата и со владините институции. Ние правиме обука за наставници во основно образование како да предаваат подобро, да ги заинтересираат децата, меѓутоа ќе обучиме 50 или 100 наставници, а сосема е друг импактот ако ги обучиме сите наставници од основно образование во Македонија, објасни Мојсовска Блажевски.

Васко Кроневски, член на Одборот на директори, потенцира дека иновациите и новите технологии се клучниот начин за економски развој, борба против корупцијата и постигнување раст од најмалку пет проценти.

-Неопходна е дигитализација на владини услуги за граѓани, на владини услуги за компании, но неопходни се и дигитална писменост за граѓаните и дигитални бизниси. Подготвени сме заедно со владата да им помогнеме на бизнисите да се трансформираат дигитално. Во голема мера постои начин како државата може да помогне. Постојат многу начини како може да се поттикне развојот на малите и средни претпријатија низ дигитализација. Треба сите да работиме на создавање еко систем за дигитализација на малите претпријатија, истакна Кроневски.

Тој смета дека недостасуваат вистински консултанти кои знаат и ја разбираат проблематиката на секоја од индустриите кај малите и средни претпријатија кои би имале дигитални вештини за да можат да изработат стратегии за развој и да им се помогне да тргнат по тој пат.

-Ни недостасува и свеснот кај малите и средните претпријатија, кај претприемачите, за придобивките од дигитализацијата и како таа ќе ги направи поконкурентни на странските пазари и поимуни на влијанието на глобализацијата на домашниот пазар. Зголемувањето на дигиталните вештини исто така. Ова се полиња каде може со регулатива, со најразлични поддршки од државата, низ даночни олеснувања и други придобивки да им се помогне на компаниите за тие да ги реинвестираат средствата во оваа област. Тука сме да зборуваме со државата за најразлични програми и се надеваме дека ќе најдеме разбирање за заеднички партнерски однос за имплементација на некои од овие мерки, рече Кроневски.

Живко Мукаетов, член на Одборот на директори, се осврна на создавањето квалитетни кадри и укажа дека мора да се инвестира во нови технологии, знаење и вештини.

-Ќе биде многу тешко ако сите ние во својот сегмент на работење не се охрабриме и ако дополнително не внесеме енергија и ресурси, секако, потпомогнати со клима добра за раст и развој. Ако секој во својот дел на делување даде екстра ангажман, а убеден сум дека имаме и ресурси и знаење, ќе можеме да одиме напред и да го следиме приклучокот. Ни треба комбинација од она што ние го даваме и од она што се нови технологии, како и добра, мотивирачка климаза работа, со конкретна поддршка на одредени програми за да може да ги подбутнеме работите, оцени Мукаетов.

Директорите на Македонија 2025 најавија состаноци со повеќе владини институции и со идниот мандатар на владата Христијан Мицкоски и неговиот тим. Мицкоски утре, како што е предвидено, треба да го затвори дводневниот Самит.

-Ќе подадеме рака за поддршка и помош во било каква и да е форма - човечки ресурси, знаење, контакти, финансиски средства, навистина сме спремни. Неколку пати упативме пораки дека ова е еден пресврт или може да биде и треба да биде пресврт во нашата економија и развој и дека ние сме спремни тука да одиграме многу конструктивна улога, заклучи извршната директорка на Македонија 2025, Никица Мојсовска Блажевски.

Изложбата „Икони од 19 век т.н. руски од кумановскиот регион“ во Уметничката галерија Куманово

Во уметничката галерија Куманово, вечерва ќе биде отворена изложбата и ќе биде промовиран каталогот „Икони од 19 век т.н. руски од кумановскиот регион“. 

Пред кумановската публика ќе бидат презентирани петнаесет икони познати како „руски“ од 19-тиот век. Презентацијата на каталогот и изложба се завршница на осумгодишниот конзерваторски проект во кој во повеќе фази се конзервирани околу 80-тина икони, кои при првата селекција не влегле во постојаната поставка на галеријата на икони на катот од црквата Св. Никола во Куманово.

- Иконите се од повеќе цркви од кумановскиот регион, Забелски манастир, од Свети Јован од село Режановце, Свети Никола од Павлешенце, Света Троица од Куманово. На почетокот од деведесеттите години од минатиот век, колегите имале собирна акција на икони од различни цркви од кумановскиот регион. Тие се дел од галеријата на икони во Соборниот храм Свети Никола. Дополнително, очекуваме и овие икони да бидат од галеријата, изјави авторката Неда Митковска, инаку виши кустос, историчар на уметност од НУ Музеј Куманово.

Настанот е посветен на Богдан Таневски (1958 – 2022), историчар на уметност, советник – конзерватор – раководител на проектот.

притисни ентер