Златан Ибрахимовиќ по натпреварот меѓу Франција и Парагвај: „Да играв јас, ќе добиев четири или пет црвени картони“
2Златан Ибрахимовиќ по натпреварот меѓу Франција и Парагвај: „Да играв јас, ќе добиев четири или пет црвени картони“
АвтомобилизамМаск го отпушти речиси целиот оддел во Тесла: Сега сака да ги врати сите тие луѓе„Tesla“ отпушти голем број луѓе од одделот за полнење електрични автомобили, но сега ги сака назад.Сопственикот на „Tesla“, Илон Маск, отпуштил поголем дел од вработените во овој оддел, а сега добар дел од нив се вратиле, меѓу кои најпознато име е Макс Де Зегер, директор на северноамериканскиот оддел. Како што пренесува Блумберг, Де Зегер бил еден од водечките менаџери, а ниту тој ниту Маск не сакале да коментираат за актуелните настани. Кога го распушти тимот, Маск ја изненади јавноста бидејќи полначите (т.н. „Суперполначи“) се еден од најпознатите и најдобри производи на „Tesla“, а доказ за тоа е фактот што речиси сите големи автомобилски марки го усвоија овој стандард за полнење. По период во кој никој не знае што точно се случило, Маск минатата недела бомбастично најави дека годинава ќе потроши повеќе од 500 милиони долари за проширување на мрежата на полначи. Првите полначи на „Tesla“ беа претставени во септември 2012 година, а сега имаат речиси 60.000 конекции ширум светот. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Најубавата италијанска водителка изгледа неверојатно, иако неодамна шсе породиЕдна од најубавите телевизиски спортски водителки, „жешката“ Италијанка Дилета Леота повторно го привлече вниманието на своите фанови откако на социјалните мрежи сподели фотографија во костим за капење.Водителката Дилета Леота, која неодамна се породи по вторпат, позираше за време на својот одмор во елегантно бикини што ја истакнуваше нејзината витка линија и исончан тен. Многумина забележаа дека таа изгледа беспрекорно, а во коментарите пристигнуваа бројни комплименти за нејзиниот изглед. Покрај тоа, водителката сподели и неколку семејни моменти со своите деца и со сопругот Лорис Кариус, а судејќи според нејзиниот профил на Инстаграм, уживањето нема крај. „Преубава“, „Изгледаш неверојатно“, „Кој би рекол дека речиси се породи“, „Нестварна си“, „Ова изгледа како вештачка интелигенција“ – ова се само дел од реакциите на нејзините следбеници. Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20Сончево и ветровите со температура до 33 степени09:01Дијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
СветРуски воени бродови пристигнаа во Кина; Наскоро треба да започнат заеднички вежбиКинеската и руската морнарица ќе одржат заеднички вежби следната недела во водите и воздушниот простор покрај кинескиот град Кингдао. Веста беше објавена во недела од страна на кинеското Министерство за одбрана и руските државни медиуми, објави Ројтерс. Во соопштението се наведува дека вежбите се одржуваат секоја година „со цел заедничко справување со безбедносните предизвици и одржување на регионалниот мир и стабилност“. Руската државна новинска агенција РИА објави дека крстосувач, корвета, дизел-електрична подморница и брод за спасување од руската Тихоокеанска флота пристигнале во Кингдао за да учествуваат во вежби што ќе се одвиваат од 6 до 13 јули. Следуваат заеднички патроли во Тихиот Океан .„По вежбите, дел од силите на двете страни ќе се упатат кон соодветни подрачја во Тихиот Океан за да спроведат заеднички поморски патроли“, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20Сончево и ветровите со температура до 33 степени09:01Дијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
Шоу бизФото: Што се случува со Мики Рурк!?Холивудскиот актер Мики Рурк е фотографиран во непрепознатливо издание/Додека беше во прошетка со своето куче, Рурк е фотографиран во валкана сива дуксерица, избледени фармерки и очила за сонце, но најмногу внимание привлекоа неговите заби што недостасуваа, поради што беше речиси непрепознатлив. Неговиот вака лош изглед укажува на тоа дека актерот минува низ тежок период, што се потврдува и со неодамнешното иселување од неговиот дом кон крајот на 2025 година поради долг од 60.000 долари. Иако неговите претставници тврдеа дека тој престанал да плаќа кирија поради неподносливи услови за живот - а обожавателите собраа 100.000 долари помош преку кампањата GoFundMe - Рурк ги одбил парите, нарекувајќи ја целата иницијатива срамна. Актерот објасни дека проблемите со глодарите, неисправниот водовод и бањата опстојувале со месеци, и покрај неговите постојани барања за поправки. „Прекинувањето на плаќањето кирија не беше лесна одлука, но не можев да платам за имот што беше во толку лоша состојба“, изјави Рурк. Сепак, во март, судот во Лос Анџелес пресуди во корист на сопственикот Ерик Т. Голди, потврдувајќи долг од 59.100 долари. Судската одлука го раскина договорот за закуп, трајно забранувајќи му на Рурк пристап до имотот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20Сончево и ветровите со температура до 33 степени09:01Дијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20