Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра - Канал 5

Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра

Вкупно осум часовници кои му припаѓаа на легендата на Формула 1 - Михаел Шумахер, се продадени на наддавање во Женева, вчера, за скоро четири милиони швајцарски франци (4,1 милион евра), соопшти аукциската куќа „Кристи'с“.

Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра

- Ова ја покажува страста на меѓународните колекционери за исклучителни часовници. Видовме обемна посетеност, особено од Америка, истакна Реми Гилемин, специјалист за часовници на аукциската куќа.

Примерок од „Ф.П. Џурн вагабондејџ“ - споменот за седумте светски шампионски титули во Ф1 на Шумахер, е продаден за 1,6 милиони долари.

Германскиот седумкратен шампион бил страстен колекционер на часовници, сѐ до тешката несреќа на скијање во декември 2013 година, по што тoj не е виден во јавноста. Но, највисоката цена - од 2,7 милиони долари, ја постигна стариот часовник „Патек Филип“ од розово злато.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реформската агенда се реализира со засилено темпо, уверуваат од владата

Владата интензивно работи на реформите кои треба да се испорачаат до крајот на годинава, уверува премиерот Христијан Мицкоски.

Реформската агенда се реализира со засилено темпо, уверуваат од владата

Утрово на состанок на оваа тема разговарале со Герт Јан Копман од Директоратот за проширување од Европската Комисија, а од него вели повторно добиле пофалба дека Македонија е на врвот на листата со спроведување на реформската агенда, споредбено со земјите кои имаат исти задачи. Мицкоски повтори дека досега останала само една неисполнета обврска- измена на Изборниот законик.

-Пред овој настан имавме онлајн состанок со Брисел, со господинот Копман. Разговараме веќе за оние закони и реформски чекори кои се во грејс период до декември оваа година и коишто се во превидениот рок декември оваа година, така што ние шродолжуваме со несмалена динамика да испорачуваме. Денеска од нивна страна добивме и, условно кажано, одреден комплимент дека сме први од сите земји коишто започнуваат со овие чекори се занимаваат, додека другите се уште немаат таква намера. Така што, со исклучок на Изборниот законик кој не е од познати причини на јавноста, другите чекори се испорачани,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

И покрај тоа што истече предвидениот рок за Изборниот законик, премиерот уште еднаш ги повика на зрелост лидерите на СДСМ, Левица, ДУИ и останатите опозициски партии, да постигнат консезнус за сите изборни прашања кои треба да се променат во иднина. Владејачката коалиција според него има усогласен став дека ќе даде бланко поддршка на се што тие ќе договорат, со единствен услов, да се олесни начинот на гласање на дијаспората.

Но, во меѓувреме опозициските партии се обвинуваат меѓусебе за тајни договори со власта со цел да нема промена на изборните правила.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Институциите во функција да се спречи ширење на епидемијата во Гостивар, заседаваше повторно и Управувачкиот комитет

По прогласувањето на кризната состојба во Гостивар, кризниот штаб и денеска заседаваше, состанокот им заврши пред неколку минути.

Институциите во функција да се спречи ширење на епидемијата во Гостивар, заседаваше повторно и Управувачкиот комитет

Според информациите, на маса биле дополнителни мерки како да се намали дополнително бројот на заразени граѓани и да се помогне на гостиварчани. Воедно се тема биле и количините на вода кои се потребни да се испратат во градот, а Кризниот штаб е и во постојана координација со експертите од Скопје кои се на терен и работат на санацијата, кои имаат цел првенствено водата да ја вратат како технички исправна, а набргу и за пиење. Соопштението со прецизните мерки се очекува набргу.

Тоа што се случува во Гостивар е трагедија и тука мора да има сериозна одговорност, вели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски за Канал 5, кој посочи дека екипите на скопски водовод се веќе на терен и работат на тоа гостиварчани што побргу да си ја добијат водата назад.

-Најпрво да се овозможи технички исправна вода, и целиот процес да го овозможат таму и ќе останат до крај на процесот, дел од нашите вработени за да помогнат таму. Дополнително ќе работиме и ќе помагаме во делот и питка вода да се обезбеди, но прво мораме технички исправна вода да обезбедиме на населението, а дотогаш како претседател на ЗЕЛС, повикав, освен Владата онаа сериозна помош која ја дава во Гостивар, повикав и останатите градоначалници од државата да се приклучат со обезбедување на вода и веќе денеска мислам дека неколку цистерни ќе бидат присутни таму како поддршка,- Орце Ѓорѓиевски – Градоначалник на Скопје.

Од АХВ пак за Канал 5 велат дека до крајот на денот или евентуално утре изутрнина ќе се знаат и резултатите од новите мостри за квалитетот на водата во Гостивар, кои треба да покажат дали состојбата се подобрува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епидемиолошката крива во Гостивар е во пад

Околу 200 граѓани од Гостивар за првпат се јавиле на лекар поради стомачни тегоби, над 100 само во гостиварската болница од кои двајца се хоспитализирани, но епидемиолошката крива е во пад

Епидемиолошката крива  во Гостивар е во пад

Околу 200 граѓани од Гостивар за првпат се јавиле на лекар поради стомачни тегоби, над 100 само во гостиварската болница од кои двајца се хоспитализирани, но епидемиолошката крива е во пад, а здравствената состојба е под контрола поради лесната клиничка слика, стомачни тегоби и треска кои не траат долго, уверува Министерот за здравство Сашо Клековски.

Три нови приеми имало и на Инфективна во Скопје, но само еден е задржан во болница и засега во лабораториските анализи не се пронајдени вируси кои би резултирале со потешки заболувања, иако состојбата постојано се следи, вели Клековски. Досега бројот на граѓани што се јавиле за помош надмина 3400.

Министерот повтори дека водата во Гостивар не е безбедна за употреба, а ги повика и докторите кои, како што посочи, не се епидемиолози или имунолози кои апелираа дека можно е за неколку недели да има случаи со хепатит да не даваат совети само за лајкови на социјалните мрежи.

-Би замолил да нема слободни јавачи на епидемијата. Гледам и доктори кои не се, условно кажано, епидемилози, инфектолози, даваат различни совети и различни мислења. Знам дека вакви состојби се популарни за кликови и за собирање лајкови, но би замолил граѓаните да ги следат официјалните упатства и канали. Ние секако ја следиме состојбата, рече - Сашо Клековски – министер за здравство.

Во однос на информациите дека во време кога водата веќе била загадена, а Центарот за јавно здравје Тетово кое е надлежно и за Гостивар дал извештај дека таа е безбедна, здравствените власти кажаа дека сите примероци и анализи од цела година ќе бидат проверени за да се утврди дали се потфрлало во контролата на водата. Најавија дека ќе се направи и проверка на голем дел на водоводната мрежа низ Македонија во соработка со други надлежни институции за да се исклучи небезбеност на вода во други градови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер