ЖивотДодека го шетала кучето, Британка била прегазена од крдо бесни кравиИзлегла само да го прошета кучето. Британка (55) ја имала несреќата да налета на крдо од 30 крави. Селаните ја нашле како лежи на земја облеана во крв, надвор од селото Билингшурст во Западен Сасекс.Полицијата и брзата помош брзо пристигнале, се обиделе да ја оживеат, но безуспешно. Селаните тврдат дека истата луда крава повредила маж на 28 мај годинава. Таа му нанела толку тешки повреди што морал со хеликоптер да биде префрлен во болница, но тој преживеал, пренесува британски Дејли Мирор. Еден од селаните вели дека видел жена како лежи среде полето, на можеби 20 метри од пешачката патека. Екипата за брза помош се обидувала да ја реанимира, се појавил хеликоптер. „Додека стоевме на патеката, се појави жена која рече дека штотуку видела на Фејсбук дека е пронајдено кучето на нејзината сестра, и се јавила на нејзината сестра и таа не одговорила“, изјавил очевидецот. Таа жена потоа ја видела својата сестра како лежи во полето. Реанимацијата траела можеби еден час, на крајот докторот ја прекинал процедурата за реанимација. Жената работела како продавачка. Еден од сведоците изјавил дека била љубезна и нежна и дека го сакала своето куче. „Самата помисла дека ја згазила крава е едноставно одвратна, таа ниту јадеше животинско месо, беше вегетаријанка“, изјавил сведокот. Најверојатно се работи за крдо од 30 крави. Фармерот поставил табли низ околината со натпис „Кравите со телиња се опасни, не поминувајте по нивниот пат ако имате куче со вас“. Белинда Џексон (52) се иселила од селото во април, но изјавила дека нејзините поранешни соседи побрзале да ја спасат жртвата. Ова не е прв пат да се случува вакво нешто. „Кравите се всушност доста насилни и ги бркаат кучињата, се чини дека ги мешаат со волци“, објаснува Белинда Џексон. Таа претпоставува дека кравите го следеле кучето на несреќната жена, а таа сигурно се обидела да му помогне на кучето. „Има нешто лудо во тие крави, вели една жена која штотуку се иселила од областа. Според Извршниот директор за здравје и безбедност (HSE) на британскиот парламент, во дваесет години од 2000 до 2020 година, кравите убиле 98 луѓе во Британија. Повеќето од нив ги нападнале сопствениците и земјоделските работници, а 22 жртви биле други граѓани. Кравите најчесто ги напаѓаат луѓето додека одат по пешачки патеки во руралните средини, најчесто кога се шетаат или се придружувани од кучиња. Анализирајќи ја статистиката на нападот, забележливо е дека во овие ситуации и кравите најчесто се со телиња, па напаѓаат за да ги заштитат своите младенчиња. Експертите препорачуваат, во случај на ризична средба, да го ослободите кучето од поводник. Кучето најверојатно ќе побегне, а кравата ќе го брка него, а не вас. Се советува и полека да се оддалечите бидејќи ако трчате може да ја испровоцирате кравата, предупредува Гардијан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
ФудбалВидео: Фудбалски спектакл во Париз, европскиот шампион ПСЖ подобар од фуриозната Барселона Сè што сакаме од фудбалот видовме синоќа на Паркот на принцовите во Париз. Дуелот меѓу во моментов сигурно двете најдобри екипи на светот европскиот првак ПСЖ и шпанскиот шампион Барселона покажа зошто фудбалот е најпопуларниот спорт на планетаБранителот на тронот ПСЖ во спектакуларен дуел го победи големиот ривал Барселона во рамките на 3 коло од Лигата на шампионите со 4-2. Целиот свет со големо нетрпение го очекуваше овој натпревар и, без сомнение, овој спектакл ги оправда сите очекувања. Во меч во кој топката скоро никогаш не мируваше видовме многу феноменални порези од фудбалерите на двете екипи , се редеа шанси пред двата гола и на крајот сосема заслужено трите пода останаа на контотои на домаќинот ПСЖ, иако ако победеше и барселона тоа немаше да биде незаслужено. Предводникот на Барса , Флик дури и на ваков супер дерби успеа да одмори неколку свои ѕвезди пред неделното ел класико против Реал. Мадрид. Седум натпревари се одиграа во вечерната сесија од 3.коло во Лигата на шампионите. ПСЖ - Барселона 4:2 (Дуе 38', Ернандез 72', Витиња 81', Руиз 86' / Еспарт 55', Јамал 79') Манчестер Сити - АЕК 5:1 (Андерсон 12', Фоден 34', 65', 76' Черки 57' / Пилиос 52') Рома - Слован 4:0 (Хермосо 21', Молина 39', Писили 52', Мален 58' - 11 м.) Порто - ПСВ 0:1 Ливерпул - Виљареал 4:3 (Мак Алистер 36', 65' Араухо 45+2', Вирц 68' / Микаутадзе 4', Кардона 29', Олувасеи 87') Штутгарт - Атлетико Мадрид 1:1 (Левелинг 36' / Алварез 47') Наполи - Бодо/Глимт 4:3 (Политано 1', МекТоминај 41', 75', Бјортуфт 88' - аг / Хауге 27', Хелмерсен 62', Фет 90+4') Вечерва играат : среда 18.45 Комо - М. Јунајтед Лил – Галатасарај 21.00 Астон Вила - Викинг Баерн - Арсенал Бетис - Феенорд Клуб Бриж - Ланс Интер - Шахтјор Реал Мадрид - Лајпциг Спортинг - ЛАСККрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ Во сообраќајна несреќа синоќа на мостот Беласица во Скопје при судир на две возила повредени се три лица.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена околу 20:50 часот, кај крстосницата со улицата Ѓуро Ѓоновиќ, во правец кон трговскиот центар. Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“, управувано од 37-годишниот М.П. од Скопје, и автомобил „ауди“ управуван од 21-годишниот О.Ц., исто така од Скопје. Од судирот, двајцата возачи и еден сопатник се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски: Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори Зеленски по разговорите во Осло изјави дека Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори.Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека на средбата со американскиот претставник Стив Виткоф е постигнат вистински напредок и дека предлозите за мир ќе бидат доставени до руската страна, пишува Би-Би-Си. Зеленски потврди дека американскиот систем за рано предупредување против руски напади сега повторно функционира и им се заблагодари на САД за соработката.„благодарни сме на американската страна. - Сега функционира, одлично е“рече Зеленски нагласувајќи колку се важни навремените предупредувања за безбедноста на украинското население. Неговата изјава доаѓа по неколкудневните тензии меѓу Киев и Вашингтон поради украинските тврдења дека САД повеќе не даваат навремени информации за руските ракетни напади. Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно ги отфрли обвинувањата дека Вашингтон намерно крие разузнавачки информации од Украина. Тој тврдеше дека немало политичка одлука за прекин на соработката, туку дека проблемите се од техничка природа. Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека учесниците на состанокот постигнале вистински напредок по две важни групи прашања – долгорочни мировни решенија и итни мерки што би можеле да го намалат бројот на жртви. Зборувајќи за долгорочното решение, тој рече дека се пронајдени одредени елементи од можен мировен договор и дека предлозите ќе ѝ бидат презентирани на руската страна за време на утрешните разговори во Русија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22