Доаѓа новиот „Harley-Davidson“ - Канал 5

Доаѓа новиот „Harley-Davidson“

„Harley-Davidson“ е подготвен да ја започне новата година со сосема нов мотоцикл.

Доаѓа новиот „Harley-Davidson“

Американската компанија објави тизер видео во кое најави дека нешто ново не чека на 26 јануари следната година, пишува „Moto-berza“.

Тизерот содржи само датум и увид во тоа како изгледа силуетата на резервоарот за гориво, вклучувајќи го и слоганот „Понатаму, побрзо“.

Иако во овој момент нема повеќе детали, има неколку индиции кои можат да ни помогнат да заклучиме што не чека.

Прво, гледајќи колку е агресивен „Harley-Davidson“ со новиот мотор „Revolution Max 1250“, кој е достапен на мотоциклите „Sportster S“ и „Pan America“, претстојниот модел би можел да го добие истиот агрегат.

Слоганот „Понатаму, побрзо“ може да се однесува и на помоќна варијанта на една од овие две машини.

Со оглед на тоа дека 150 КС се повеќе од доволни за „Pan America 125“, логично е тизерот да се однесува на „Sportster S“.

„Sportster S“ развива 121 КС при 7.500 вртежи во минута, што значи дека има простор за поголема моќност.

Со капацитет на резервоар од само 11,8 литри, на моделот „Sportster S“ дефинитивно му треба поголем. Иронично, бидејќи „S“ се однесува на „Спорт“, претстојниот модел би можел да биде „Sportster“ фокусиран на подолги возење.

Сепак, тизерот може да значи сосема поинаков модел, па најдобро би било да се почека до 26 јануари за да видиме што ни подготвува гигантот од Милвоки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американска пливачка собори два светски рекорда во ист ден

Американската пливачка Кејт Даглас собори два светски рекорда во ист ден на Првенството во пливање „Пан Пацифик“ во Ирвин, Калифорнија.

Американска пливачка собори два светски рекорда во ист ден

Во финалето на трката на 50 метри слободен стил, Даглас дополнително го подобри рекордот што го постави само неколку часа претходно во квалификациите.

Во финалето, Даглас ја заврши трката за 23,19 секунди, надминувајќи го сопствениот резултат од 23,49 секунди од утринските квалификации за дури 30 стотинки.

Со тоа, таа повторно го презеде светскиот рекорд во оваа дисциплина од својата сонародничка Гречен Волш.

Волш претходниот светски рекорд од 23,55 секунди го постави на 28 јуни на митингот „Сет Коли Трофи“ во Рим, но Даглас двапати го собори светскиот рекорд во текот на истиот ден.

Американката претходно учествуваше во соборувањето на светскиот рекорд во штафетата 4x100 метри мешано на првата вечер од натпреварувањето, заедно со Гречен Волш, Ван Матијас и Вил Модглин. Даглас е освојувач на пет олимписки медали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Поплави во Шпанија, загинаа две жени, седум региони се под предупредување.

Две постари жени загинаа, а две бебиња се повредени во поплави и одрони предизвикани од обилни врнежи во рурална област во северозападна Шпанија.

Видео: Поплави во Шпанија, загинаа две жени, седум региони се под предупредување.

Локалните власти ја потврдија информацијата.

Поради најавените невремиња и обилни врнежи, во недела е на сила жолто предупредување за временските услови во седум региони, пренесува Ројтерс.

Службите за итни интервенции во автономната заедница Кастиља и Леон соопштија дека загинатите жени имале приближно 60 и 80 години. Несреќата се случила доцна во саботата вечерта во селото Манзанедо де Валдуеза, недалеку од Понтеведра. Надлежните исто така објавија дека две доенчиња се здобиле со нагмечувања и им била укажана лекарска помош.

Шпанската агенција за цивилна заштита издаде предупредувања за невреме и обилни врнежи од дожд за недела, кои опфаќаат седум региони во централните и северните делови на земјата.

Овие поплави доаѓаат по повеќенеделен период на рекордно високи температури, за време на кој земјата беше погодена и од серија големи шумски пожари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Подигнати авиони на НАТО – добиена дозвола за напад

Романското Министерство за одбрана денеска соопшти дека рано утринава во неделата, авион на НАТО соборил беспилотно летало што нелегално навлегло во романскиот воздушен простор.

Подигнати авиони на НАТО – добиена дозвола за напад

Беспилотното летало било уништено од пилотите на авионите Ф-18 на шпанското воено воздухопловство, распоредени во Романија, пренесува порталот Digi24.ro.

„Во текот на ноќта меѓу 15 и 16 август, во 4:44 часот наутро, системите за надзор на воздушниот простор на романското Министерство за одбрана регистрираа навлегување на воздушна цел во националниот воздушен простор од правец на Република Молдавија, на околу 24 километри северно од Галац“, се наведува во соопштението на романското Министерство за одбрана.

Авион Ф-18 на шпанското воено воздухопловство, кој извршуваше борбена задача во рамките на мисијата за воздушно патролирање од воздухопловната база „Михаил Когалничану“, успешно го собори дронот, а како можна локација за падот на неговите остатоци е идентификувана ненаселена област меѓу местата Балени и Кудалби, во округот Галац. Според соопштението, воздушната тревога за округот Галац заврши во 5:20 часот наутро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер